Нервозна е. Рацете и се во уста, гриза прстиња, лачи плунка, кога ќе и понудам да јаде не сака упорно ја пика раката..
Можно е,ама кога? Нас уште во 4ти месец педијатарот ни рече да очекуваме наскоро, од нецели 2 месеци се лигави, пика раце,јаде што ќе најде пред него,а омилени му се моите раце хаха Последниве денови го држи јазичето исплазено,направивме 6м уште нема
Исти сме. Сега и лигавчето го пика, цуцла фрла.. Ама раката му е омилена, исто на цице се мести и раката бута. Мислам не вадат заби, таква фаза е
Nas od koga ni bea vaka nepcinata duri posle 2 nedeli izleze denes eve zabce Ke treba da. Pocekate uste malce
Јас па не приметив набрекнати непца само многу лигавење имаше и извади одеднаш две долни единици на пет ипол месеци. А пред два месеци педијатарот рече горе ке вади прво ама јас не гледам разлика во непцето. Исто ми беше и доле непцето само на допир ги осетив дека грепкаат. Утре прави шест месеци и веќе убаво се гледаат.
Ние првите две запчиња доле ги извадивме незабележително. Сега заедно се 5ти скок мали нервозен , одвреме навреме со некои чудни крици и лигушки наголемо, успеа дури и Софи жирафата да ја скине.
Здраво мајки!Моето бебе извади првите заби на 8месеци,сега сме 11 мес.Веќе трет ден сме со температура,слабо јаде многу е кенкав,горе му е жар непцето и ко тумба румба му се направи,и има еднас или два пати проливче.Се слушнав со матичната и ми рече далерон да му давам.Колку може ова да трае,ради ситуацијава несакам по лекари да одам,али жал ми е целото е слизнато
Ќерка ми уште малку ќе прави годинка. На 5 месеци извади заб. Има долни кецови,горни кецови и горни двојки,значи вкупно 6 запчиња. Сите заби и растеа во пар. Значи по 2 одеднаш. Можете да замислите каква беше... Пред една недела ја извади последната двојка горе и до неа гледам набабрено и е местото ко да ќе вади и тројка. Многу е нервозна,кенкава и раздразлива. Цело време ја бара цуцлата,што досега не беше случај. Многу тешко заспива и навечер и кога и се дневните дремки. Со нишање во раце по пола саат. Каков е моментот на вадење тројки,дали симптомиве се од тоа? Губам нерви...
Не може да се тројки, после двојките треба прво да никнат четворки, па после тројки. Следно очекувај ги двојките доле.
@Spidy имам надеж дека ќе ме утешиш Бебе има 7 месеци,пред една недела ги извади долните кецови и двата одеднаш. Сега повторно му течат лиги,пика се во уста,нервозен е и не спие. Дали е можно за толку кратко време да има други забчиња и ако да, кои
И те како е можно, не можам да те утешам следни би требало да се горни кецови, па после двојки. На ќерка ми и никнаа сите единици наеднаш, има деца и единици и двојки што вадат наеднаш. Зависи од детето, никој не може да ти предвиди, ама се е можно.
На син ми сите заби му излегоа едни по други, пауза немаше ич. На 9+ ги има 8 заби, единици и двојки и горе и доле. Кога да ги очекувам 4ките? Никнуваат подоцна или нема правила?
Исти сме и ние..4 месец сме, по 10 лигавчиња и менувам на ден и 10 бодиња.. жива вода е нон стоп, нервозна ако нема нешто во уста. Со сета сила ми го стиска палецот, почнува да се буди на секој саат и фаќа ќебето да го гризе. Ја мачкам по 6 пати со гел на непцата, маж ми дури и зел такво ланче за против болка,кој знае дали стварно помага.
После 38 ноќи ненаспани ни излезе прво запче. Сега му се познава само бела линија ме интересира за колку време излегува цел заб?
Ние имаме две забчиња пред околу две неделаќо ни излезе првото , сега гледам до него излезе и другото