Сосема е нормално. Многу језиво звучи, ама ништо страшно не е. Ќе прекине сам од себе, може и пак да прави кога ќе добие и задни заби. Интересно им е на почетокот кога ќе почнат да гризаат.
@Spidy мојава има 4 заби горе. Ама некако се многу поголеми од долните два, ко плочки. Сеуште растат, не се скроз пораснати. Пред некој ден и изби и второто двојче. Прашањето ми е, имаат простор меѓу нив, меѓу единиците посебно е широчко, па дали дур израснат скроз може тој простор да се пополни или ќе си остане? И дали ако и остане простор меѓу единиците, откако овие ќе паднат и ќе излезат новите пак ќе има простор меѓу нив?
Помеѓу млечните заби треба да има простори, така е правилно, барем милометар да има помеѓу сите млечни заби. Ретко се случува да има збиеност кај млечните заби, а може и да се затворат со никнувањето на другите заби, на ќерка ми горе и се затвори скроз. А така големи ти изгледаат зошто горните 4 заба доле се во контакт со 6 заба.
Не знам дали се заби ко бело кај непцата има, многу е нервозен, кенкав, плачи во сон, не јади многу... Има бело долу ама не сум сигурна...
Да не почнаа и кај твоето да никнуваат? Јас пак со душа чекам запче да видам, иако рано е уште. 2 и пол месеци нѝ се бебињата.
Мајки дали некоја има користено Осанит топчиња и како сте задоволни? Гледам имаат камилица, малце страв ми е да не случајно не дај Боже некоја алергија се појави од камилицата
Рано е Иако педијатар ми даде да му ставам гел на непцињата, зошто се бели и наводно се спремале за запчиња . Цело време се лигави. На другарка ми на малото му излезе запче на 3 и пол месеци.
Здраво женски. Моето бебе уште од 2 месеци се лигави, бута сѐ во уста, се нервира итн.. Ама неодамна му забележав доле кај што треба двата кеца да излезат како 2 бели квадратчиња, запчињата најверојатно. Ама уште не пробиле. Кога да очекуваме? 5 месеци сме за 3 дена.
После 40 дена почна да е лигави моето,прво запче извади 10 дена пред да наполни 7м. Сега,после 20 дена никна и вториот кец доле,за првиот сите бевме хепи и не ни приметивме,ама сега мукааааа...па тоа кенкање па плачење па трескање..уф како да не е ова моето дете. А се гледа веќе избиено запче,не знам до кога ќе ги има "симптомиве"
Исто, од пред два месеци почнав со мачкање по 6 пати на ден, како булдог и течат лигите хахах нервозно гризе се што ќе и е во рака, бели и се непцата, се гледа како 2 запчиња ама ништо до сега @rak
Вадиме горен кец а најверојатно и двојки доле со тт веке од вчера. Најмногу качи 38.5 и дадов далерон. Вака е ок јаде нормално , ја тера на спиење тт, ама јас сум тотално извадена од памет со температурава и живци кинам. И се симна со далерон синоќа и еве ја сеа пак 37.8 има, искуство со кецовиве вакво некој друг? Педијатаркава ми рече дека и до 5 дена може да имс темп, ке побудалам
Неколку дена го гледав непцето долу дека се спрема да распука за да излезат единици. На неговата десна страна се гледаше заб, ама немаше пробиено. Денес го проверив - готово. Излезено е и боцка. Официјално - прв заб: единица долу десно, на 8 месеци и 22 дена. Следно према изглед ќе биде другата единица долу. Ама ќе видиме како ќе биде.
Братучед ми немаше до 1 година запчиња. Сега е година и 1 месец и за 1 месец 8 наеднаш му искочија. На неколку дена му искачаа. Нит плачеше нит ништо. Ама гризе се што ќе најде. Чорапите знае да си соблече и да ги гризе.
Честито запче да се множат бели бисерни. Ние сеуште немаме. Овие дена е зачудувачки ќемкава, нервозна, нападно се гризе. Потечено непце има. И плаче И денски И во сон. Скок, заби И регресија 3х1. Ама не се жалам не е многу страшно се издржува