После цела ноќ кенкање и приплачување, утрово и второто двојче долу избиено грепка. Официјално 8 заба, сите единици и двојчиња ги има. Што е следно? Знам дека 4ки се пред 3ки, ама дали има некоја старосна граница за нив, можда после првиот роденден па да одмориме од заби малку и да поспиеме мирно.
Исто скроз. Како почнаа забиве, секој трет ден нов заб. Спиење никако. И кај нас само што изби двојче доле, преплака беблак. И ние сме официјално со 8 заба, и мене ме интересира што е следно. За 3ки читав дека не чека хорор.
Оффф ела да се гушнеме За 3ките и мене ме фаќа страв, ама бар да одмориме и да собереме енергија до тогаш. Иначе, дали и со заби сега уште гризе играчки? Мојава толку агресивно некогаш ги напаѓа и како ја тегне софка се си мислам заб ќе и остане во неа некој ден. Ај некој што знае нека пише дал постои ризик да ги скрши забите, да земам да ги соберам тврдите играчки ако не.
Оваа е тврда. Делот од играчката кај што се редат круговите по големина, нели. Еве што и прави. Нервозно и со р'жење. Ваљда не може. Мојов и силно чкрипи со забите, и јас скоро прашував да не ги искрши тука. Ај може ќе здивнеме наскоро.
@Yowannty не може. Синко има играчки од баш тврда пластика. Гризе ама ништо не му е. Бебињата всушност се многу паметни и брзо учат. Ако загризат прејако ги боли па автоматски гризат во некои нормални граници.
Чкрипеше на почеток ама брзо и помина. Иначе да, вака исто лом е изгризана некапечката чаша за вода. Нек се живи и здрави само.
Среќа престана да чкрипи. Мене ми е неубаво од тој звук, синко се забавува со чкрипење, јас велам не, он мисли забаво е што кукам уши и си продолжува.
Еве табела отприлика кои се границите за секое запче посебно, ама даден е период од повеќе месеци бидејќи кај сите е различно. Кај некој порано, кај некој подоцна.
Ако вака грицка со две запчиња,што да очекувам со повеќе Инаку помеѓу првото и второто поминаа 20 дена, сега има уште 20 поминато ама нема друго забче. Или нема правило? Кога да го очекуваме следното?
Еее фала на инфо. Мојава има мали отстапки од табелава, ама искрено се надевам следни 2 месеца најмалце ќе одмориме од заби.
Јас пак немам забележано на колку време му излегуваат. Знам само дека еден по друг излегоа и нервозен беше константно.
Мајки, вчерс ни препишаа сирупче за против болки. Штрумф ми е многу нервозна, посевно на вечер. Се гледаат две бели запчиња (левото повеќе) ама немаат абер од испаѓање, 5 месеци сме. Ни беше кажано на контрола дека не мора да им е натечено непцето за да испаднат, некои не ни приметувале дека ќе никне забче.. како беше кај вас? На секоја саат ѕиркам дан случајно пропуштам нешто
Кај нас од 7м непцето отечено и бело, дури вчера се појави забче на 10 месеци без малку. Имавме неколку епизоди со скроз нејадење, а за нервоза и неспиење да не зборувам. Се надевам кај вас полесно ке оди.