Здраво син ми има две единици доле и денеска приметив дека горе ќе му пукне двојка дали е тоа можно бидејќи ги нема кецовите?
На синко изгледа му растат тројките пред четворките, еден период слабо ми спиеше, па спиеше па почна да ми чкрипи што викате и сега и воопшто да не сака ни да јаде ни вода, само цицање...среќа сум на одмор инаку Совет некој, хелп
Здраво на син ми горе кај кецот видов дека има темна боја но не плаче весело си е бебе. Дали некоја од вас знае што е и дали е страшно?
Кај нас абер за заб нема бебе. Штрбава баба без заби, важно жвака. Изгледа многу ја мачат, почна пак да се лигави и цела рака ја става во устата.
Втор ќец долу излезен. Горе од неговата лева страна се гледа ќецот и секоја секунда буквално ќе излезе. Сакав да го фатам да видам дали е пробиен оти скроз се гледа, се дупна од плачење ама жално, прежално. Кој знае колку го боли. Двојката горе лево исто се гледа. Буквално е журка.
По пауза од неколку недели, изби 4ката, доле лево. Боцка и се гледа врвче. Мислам дека со 4ката минуваме полесно. Ке видам како ке е понатаму.
Мајки, искуство на вашите бебки со вадење на тројки и четворки? Бебка не сака ништо да ми јаде, само да цица..стега забчиња и нејќе да јаде..дали до тоа е или нешто друго ми го мачи?
Со тројките беше хорор. Прво излегоа четворките, беше страшно. Мислев дека е најстрашно. А после тројките беа драматични. Не одбиваше јадење, ама навечер имавме многу мака. Вриштеше пиштеше, еднаш ако се сеќавам 2 саати плачеше, не знаевме што да ѝ направиме. Се надевам дека многу полесно ќе поминете од ова што го опишав.