Можеби сега нема ништо бевме на доктор и ни рече дека му расне кецот. Ништо не било страшно се појавувала и некоја циста затоа било темно.
Еве скоро една недела одбива да јаде, сака да цица само во секој момент е за што се вика. Еве неколку ноќи што викаш пишти, и синко знае ама многу кратко, ќе му дадам да цица и одма се смирува, а се тргнам од него тогаш пишти, една минута и презаспива.. ептен имавме мака со вадење на сите заби, ама ова е страшно.. Само нека завршува побрзо
И кај нас се случи исто двојка, единица,двојка и единица. Сите 4 ги извади во исто време и беше ептен мачно кенкање и не спиење.
Јас не правев воопшто. Џабе давање пари ми е тоа, ако мислиш на колачи со облик на заб со прелив кои не се јадат. Купивме бело боди за адет. Прави било кој ден, кога ти е мерак.
Има едно силиконско за на прст. Миј откако ке излезат. Мада мене ми е логично откако ке почне да јаде.
Оти не се јадат? Ако мислиш на оние колачиња со ајсинг - се јадат... Мене ми е мерак многу да декорирам, па си правам самата секогаш. Како изгледаат, тоа е друго...
Јас не сум вешта да ги направам, а оние џиџани од продавница не знам колку се безбедни за јадење. А и да се за јадење, не знам дали се вкусни. Скапи се сигурно, па затоа ми доаѓа како фрлање пари.
Јас би земала од ќеиф, ама сепак мислам дека се вкусни инаку имам прашано околу 60 ден. е едно колаче.. и тоа мислам дека минимум 10 треба да порачаш и плус достава сигурно доаѓа скапичко ама тоа е..
Јас некаде прашував на Фб, беа 30 денари парче, и не беше ограничено колку да порачаш, доставата е од 100 до 150 ден. Ние за прво запче планираме да нарачаме, сакам на нашите блиски по едно да им дадеме. Мене ми е баш интересно. Инаку се многу вкусни.
Ако се сетиш на страната пиши ми која е, јас на инстаграм гледав на едно место ми рекоа 60, на др 65..
Сакам да прашам, бебенцето е нервозно, ги чеша непцињата само дури му излезе прво запче или се дури не му излезат сите запчиња такво ќе му е расположението?
На ФБ има Kara Cookies пo 45 ден е парче преубави ги прават. Jас нарачав и oд Шарлoта ама не ми ги пoгoдиjа шарките а беа превкусни.