Дали е возможно двата кеца долу и едната двојка да и излегуваат во исто време, сите три и грепкаат долу а не дава убаво да видиме?? Први запчиња ни се а сме 7+
запчиња-бисерчиња. Ние уште ни едно 7+ сме.. нешто ми грепка долу или јас халуцинирам не знам.. ама ми грепка од 4 месеци уште нема потечено непце
Да не се врвчињата од забите? Може и афти да има, ама тие не се како точки, ако цица уште, може и од млекото да е.
Малиов има бела точка кај тројката, а околу точката е црвенко. Кога му мачкам непца, ме грепка. Афта мислам дека не грепка, нели? Мало е, за 10 дена ќе прави 4 месеци, нема ниту едно запче, а од пред некое време му го опипав ова. Се лигави уште пред да направи два месеци и рацете постојано му се во уста, жива вода се прави, му течат густи лиги.
Не,пробав со прст не гребе. Долните двојки се набабрени и се гледа бело во непцето,се спремаат А инаку цица,може од тоа да е. Фала ти
Афта е најверојатно, гребе оти местото е иритирано. Рано е за тројки, реално ни во теорија, а богами ни во пракса не се случило тројка да никне пред кец и двојка, освен ако тие заби од икс причини не пораснале.
Користам Фрош сјај за бебе, и плакнам со вода. Во упатството пишува само со крпа да се пребрише, но не ми е воопшто хигиенски за мало бебе затоа под чешма најдобро
@Spidy Како е можно на два излезени кеца горе и два излезени кеца долу, да излегува сега горна четворка десно
И на ќерка ми и никнаа прво сите 4ки па после долните двојки. Не треба да е така, ама ете можно е и се случува. Ништо страшно.
Заби и се е возможно. Кај синко прво доле кецови, па горе двојки, па горе кецови, па двојки доле. Сега тројки и четворки малтене во исто време. Доле прво четвроки па тројки, сите излезени, горе една четворка боцка, останатите набабрени.
Зависи за што си го земала. Помага при почетни деминерализации на забите и спречува кариес. Ако е веќе расипан забот не помага. Мора да се четкаат прво забите, па потоа се мачка на нив, ама кај најмалите може да се користи и како паста бидејки не ја плакнат устата со вода.