Првите 40 дена со бебе - прашања, проблеми и предизвици на новите мајки

Дискусија во 'Канта' започната од Cka, 26 март 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Svekrvami sekogas im stava kapa posle banjanje , ama sinot uste od skroz malo bebe ne ja cuvase nitu kapa nitu narakvicki , sekogas gi naogjavme izvadeni vo krevetceto . Pa i rekov da ne mu stava , bidejki e roden so mnogu kosa , mozebi mu e pretoplo . Kerkata isto e rodena so kosa , ama cuva kapa , samo jas ne i stavam zatoa sto i se simnuva do noseto , i sekogas se budi koga i e simnata . Za oblekuvanje , tenko bodi , zivricki , corapcinja , od gore bluzicka tenka i spikozni . Mozebi mnogu i e , ama jas sum skletlivka , pa nemozam da se orientiram spored mene . Sinot skletcija kako mene e , i nesaka mnogu da e naoblecen , ako ima neto plus odma kenka .
     
    На the drummer му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.384
    Пол:
    Женски
    @LaDyDoLl убаво објасни .
    И ми нема врска царски и природно породени со имање немање млеко.
    Јас после царскиот одма го ставив на града малото , одма си знаеше што треба да прави :D
    Додека бев во болница го понудија со шишенце и не проба , кога е најаден што ќе му шише :wasntme:
    Ми надојде ептен млеко уште во болница , па грутки се направија , па морав малце да одмолзувам пошто се давеше мали од многу млеко...

    Инаку треба добра воља за успешно доење , мое мислење :$
    Јас со второто бев многу посамоуверена , не се потресував толку . И успесшно доев 20 месеци :party:
     
    На mama89, bittersweet, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Маченце да немаш мака мила, воља имам, упорна сум многу, ама ете нејќе та нејќе. Секое цицање ни е хорор, вриштење, пиштење, ама не се откажувам. И дефинитивно со царски не иде одма млеко, не сум единствен пример, на некои и по 20 дена им иде млеко. Јас добив на 3 ден.

    Дехидрирано бебе е баш ко што опишаа, устето мунсе лепи, поспано е, кожичката му е многу сува, кога ќе ја фатиш не се враќа одма на место, ко да е хартија. Исто така пелените се пратат, ако се суви подолго и ако има во мокрачата ко слузава крв, тоа се уствари кристали на бубрезите, се работи за дехидрација. Ние не мокревме и до 8 часа кога бевме во најлоша состојба.

    Во врска со бањањето на бебето со јајце, јасно ви е кој алерген е јајцето? Не за џабе јајце се воведува цело дури на една година. Значи баталете јајца, масти, домашни иљачи кај мало бебе. Јас го бањам синко со Веледа и го мачкам после со крема од невен и уље од невен исто на Веледа, тие брунчиња се само од топло, а го наоблечам одма ги вади на лиценцето, го расоблакам, го вадам на воздух и ги снемува. Значи јајца не, поготово овие хормонскиве никакви јајца. Не гледајте нас како не чувале и сега како се чуваат, значи разлика има огромна, баталете тоа ние како сме биле, што ни фали.
     
    На DigY, Cka, Smizzy и 3 други им се допаѓа ова.
  4. a.c.k.a

    a.c.k.a Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    816
    Допаѓања:
    608
    I mojot ima kosicka baagi,nelli e mnogu toa kakko gi oblekuvas,nemora I spikozni neka ti gi samo na bodi,zivricki I bluzka,jas mojot minatata vecer go ostaviv samo na bodi I zivricki da spie,I jas ja slusav svekrvata I go oblekuvav ko tebe no sega si aluvam so brumcencata I gnoenickite,pred nekoj den izlegovme da pazarime nesto so mm,koga se vrativme doma taa so ednnoto kebence go povila so drugoto go pokrila I kapa I zamotana glavata so kebe a doma sobata banja 28stepeni mi napravila,mi se sllosi koga vlegov
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.469
    Допаѓања:
    201.244
    Пол:
    Женски
    Ангел, има и помрзливи бебиња. Твоето со самото тоа што е мало, тешко му е да фати, се мачи, затоа е така. Ако можеш успешно да се измолзуваш, т.е да извадиш доволна количина млеко за оброк, супер, терај, колку толку давај му и твое млеко, ама и обидувај се секој ден со ставање на града да му го разбудиш рефлексот за цицање. Бидејќи се роди порано мислам дека му е потешко да фати, не е само до големината на градите, ама штом цица од шише со цуцла, рефлексот е тука. Напорно е, тешко е, ама трудот вреди, особено ако успееш. Ако не, здравје, гладно сигурно нема да остане.

    Мајки, треба да правите разлика меѓу имање и немање млеко. Немање млеко - воопшто не тече од градите при молзење, дури ни капка. Се додека се појавува, макар и минимално количество, млеко има. И нема слабо или јако млеко, тоа си е. Само упорност и постојано ставање на бебето на града за да се стимулира лактацијата. И верувајте, ниедна пумпа не може да извлече млеко од града колку што може бебето со цицање. Еве јас кога пробував да се измолзам, одвај 10мл ќе извадев за пола саат молзење. А бебе си цицаше, се слушаше дека голта, си полнеше пелени. И дохрана му давав, ама како растеше, така повеќе на мое млеко беше, помалку ад. Затоа велам само упорност, а многу е тешко на почеток, тазе породена, хормони до плафон, сите ти се мешаат од страна, бебе плаче, немаш поим што му е, ти не знаеш кој пат да го фатиш....
     
    На AngelOfArh, mama89, Magis и 5 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Jas ne zatopluvam , samo za banjanje i prepovivanje uklucuvam grealka , a onaka koga si sedi ne uklucuvam nisto , bidejki mene mi se slosuva od toplo pa znam i crevata da si gi izvadam nekogas , samo zatoa sto e pretoplo , a i deka sme najgore vo kukjata , od samiot krov , toplinata se prenesuva kaj nas na sprat , pa nemam potreba da zatopluvam redovno . A bidejki sum skletlivka nemozam da se orientiram spored mene , mene mi ide i kozata da si ja izvadam , od sto mi e toplo , ama ova e malecko uste denes pravi 3 nedeli tocno . Bubulicki ima i gnoenicki , ama jas ne gi cepkam , samo i stavam bekutan vitaminska mast na liceto i koga ja banja svekrva mi stava vo vodata hipermangan ( mnogu pomogna da se iscisti crveniloto koga ne pustija bese mnogu crvena , i placese koga mokri ) , no mozebi ke ti pomognam so informacijava . Mi spomna edna zena ( pacientka porodena ) deka imalo glicerinska krema za cistenje na liceto na bebeto , jas prasuvav u zegin u Tetovo sto ja otvorija , ja nemaat , samo za race imaa krema . Po drugi apteki seuste ne sum prasala , mozebi maticniot ke znae da ti kaze i pojasni , jas ne jarazbrav ubavo zenata , albanka bese , pa ne zboruvase cisto makedonski , pa pola se razbravme pola ne .
     
  7. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.399
    Допаѓања:
    33.686
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh Во ниκој случај не мислам деκа не си упоρна или не си едуциρана во вρсκа со доењето. Напρотив,имаш мнооогу знаење.
    Но,мислам бебето е ρодено пρед вρеме(соρи аκо гρешам),мало е,не може да исцица,плус имаш големи гρади.
    Аκо не знаеше,аκо не беше едуциρана,и тоа што го имаш немаше да го молзеш и да го даваш.
    Сигуρно ги читаш и советите на дρ. Јулија(на κоја јас и сум бесκρајно благодаρна) и сеκогаш ќе ми остане во ум ρеченицата нејзина:И оној 1мл млеκце што го внесува бебето од мајκата е богатство за истото.
    Јас највеќе и давам пρизнание во вρсκа со доењето на @Kaetana,чие што бебе почна со најминимален напρедоκ,а се дојат повеќе од година мислам :)
    Увеρена сум деκа ќе успееш,зошто знам деκа си упоρна. Само вρеме и тρпение,се ќе се сρеди.
     
    На AngelOfArh, Smizzy и joy1 им се допаѓа ова.
  8. mimidjon

    mimidjon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2010
    Пораки:
    1.322
    Допаѓања:
    2.320
    Мaмички oд кoе вештaчкo млекo сте нaјзaдoвoлни,дaли имa некoјa искуство сo дoење нa близнаци?
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Јас пак ќе си побарам совет, можи не сте прочитале.значи супер цицаше денови наназад
    Сега незнам што му е се нервира ај лапа брадавциата па ај пушта вриши по цел ден , никаква врсака да воспоставиме , мрда со раце се тресе со глава ...што може да биде како да се подобри ситуацијава совет има ли некој со искуство?

    И предлог за педијатар, кај Паскалов сакав нема место до кој знае кога?
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.887
    Допаѓања:
    132.522
    Ines i mojava ja mrazese ednata grada, prasav tuka i poveke feminki mi pisaa deka i kaj niv bilo taka. Eve posle nedela se pomiri i so desnata, pak i se luti ama cica. Ok e se. Bidi uporna davaj i ja.
     
    На ines.h и mimidjon им се допаѓа ова.
  11. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Прво Ангелче честито бебушко да ти е жив и здрав! Толку време не сум го отворила форумов па Ангелче се породила, баш се израдував!:f::sun::l:
    Е сега за прашањево да те утешам малце. Јас се породив со царски и со милион компликации по породувањето, 10 дена во болница, 30 дена антибиотици, 30 дена строга диета (јогурт, ориз, компир). Млеко имав, што би рекла баба ми, таман како за лек за око. Среќа навреме се освестив и не го оставив синко да гладува па уште на 10 дена почнавме со дохрана. А беше предвреме роден и многу многу слаб. Совет на мојот педијатар беше да го ставам на града прво 30 мин, па после да му давам АД.
    Да не ти пишувам детали битно од скоро целосно на АД за 3-4 месеци се вративме на 90% цицање, и така и останавме зошто се навикна малиот на млекцето пред спиење па ми беше жал да му го скратам и тоа. Се доевме после успешо до 1 година кога сам реши дека е више голем за тоа и несакаше веќе да цица ама убаво си ручкаше па не инсистирав веќе.
    Мислам дека и шишенцето/цуцето што го користевме многу помогна, па го фалам кај стигнам. Tommu-Tippee користевме, цуцето му е анатомско и многу е тешко цицањето од него, ба бебето не се учи на лесно за после да го мрзи да цица од града. они барем така објаснуваат, што и да е за нас функционираше.
    Многу поздрав до тебе и бебушко, пијте си млекце и сакајте се до бескрај. :*
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.330
    Допаѓања:
    28.218
    Пол:
    Женски


    @volsebna колку што паметам има ексклузивно доени близначки.Се извинувам што ја тагирав ако сака нека ти пише,нека ти даде некој совет.
     
  13. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Од кога ги ставате да лежат на меше ?
    Сакам да го ставам ама се мислам ладно да не му е :|
     
  14. Smizzy

    Smizzy Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    4.150
    Пол:
    Женски
    Од прв ден по малце, а од месец веќе ми спиеше на меше.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Kolku ubava tema....prvo so site shto se druzevme vo trudnicki muabeti da ne gji nabrojuvam posebno da Vi posakam da Vi se zdravi i zhivi bebushkite.....imam maka so maliot nikako ne trpi shirok povoj.Stom mu stavam vriska piska pa eve nekolku dena ne mu stavam.sovet nekoj
     
    На mama89 и mimidjon им се допаѓа ова.
  16. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Sovet. . trgni go sirokiot povoj. Zosto go stavas? Nedaj boze ako e bebeto so problemi ke ima sosem drug tretman, operacija ili sl. A sirok povoj e metod od minati vreminja.
     
    На Smizzy, LUCERKA и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Nekolku dena ne mu stavam....patronaznata sestra mi rece da go koristam....koga bev na prvata kontrola shto se pravi po dve nedeli doktorkata ne me ni prasha dali go povivam...ama ne stavam povekje
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Широк повој моите деца немаат видено. А пеленине ми се наоѓаат за бришење, за ставање под главче, за покривање при доење во јавност, супер се и за виткање на косата од големава после капење:D
    Инаку ние добри, бебуш пред два дена прими прва 6валентна вакцина, поминавме убо досега.
    Јас мака мачам со алергии, пуста пролет:@
    Инаку напорно ми е со тројцава:whew: да си бидам искрена. Големава не преспива веќе денски, а чим заспало другото станало третото... Од седум до девет сум турбо|(
    Едвај наоѓам време за туширање, кубење веѓи ми е ептем луксуз еднаш на две недели, а саглам облекување или пак шминка за шетање - научна фантастика.
    Освен што овој напорен период ми годи на душата:inlove: мора да се пофалам дека ми годи и на линијата;)
    Со душа чекам роденденот на големата и крштевката на бебуш, ќе имам прилика за да се дотерам, нашминкам, а можда и некое фризурче ќе направам.
    Толку од мене, во очекување на гости сум(highfive)
     
    На SamovilkaH, slobodka, kelebeim*** и 4 други им се допаѓа ова.
  19. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.049
    Допаѓања:
    76.684
    Пол:
    Женски
    Јас имам проблем со хормониве мои.На моменти мислам дека полудувам.Плачам цело време,ме нервира на моменти дури и плачењето на бебето.Се осеќам ужасно,како да сум најлошата мајка на светот.
    Малиот кога е буден е цело време на цице,бара на пола саат до саат а млеко имам,знае да се прецица и да исповрати па одма пак да бара.Ноќе знае да ме тегне и по два саати дур да се успие убаво.Да лежи несака,во раце несака,само на цице е мирен и пошто неможам да и посветам внимание на поголемата уште толку полудувам.Се надевам дека ќе се смени ситуацијава и дека ќе фатиме некој ред зошто вака не се издржува.Едиственошто ме радува е што спие по три саати ноќе па станува да цица доолго па пак врзува три саати.Преку ден два пати по три саати спие и после тоа цело време иста песна.Мака мачиме и о носето,му се затнува и гледам мрсулчиња на моменти има.
    Јас имам проблем и со градите,многу ми ги разрани,парчиња ми фалат од пупките ама спас најдов кај вештачката брадавица и среќа ја прифати добро,а цуцла за жал несака да види,а му ја ставам нагони за повраќање добива.Раната од вчера од царскиот ми е мокра на едниот крај,утре треба да видам на лекар што е работа и искрено сум исцрпена од се.
    Морав да пишам за да бар малку ми олесни.Искрено не мислев дека волку ќе ми биде тежок периодов,со првото ми беше многу лесно.Почнав да пијам и Б6 со надеж дека бар малку ќе ме смирува.И се надевам на подобри денови,стискајте палци за мене,да ја пребродам кризава.
     
    На Magis и LUCERKA им се допаѓа ова.
  20. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    @ivi1987 :hug: ќе помине периодот!
    ( И јас набавив в6 ) :*
     
    На ivi1987 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.