сакам да купам маски за 1ви април од оние што се само за очите(најобична од картон), ама во поголем број, да речеме 100тина. знае ли некој кај може да најдам по некоја попристапна цена? фала и поздрав
Видов вчера во Рамстор.Најдоле кај што е уметникот веднаш до него во тоа за цртање на стакло и сл работи. Не прашав која цена се ама таму има сигурно. баш се мислев и јас да си купам,ама изумив...
Такви за очи не знам дали има, ама видов уши од зајче за на глава, круна и такви некои на автобуската карши градежен факултет во една продавничка на самата улица е.
Ејј темичката ме погоди ја ќе одам на маскенбал ама онака епен маскирање не само на очи ..ќе се преправам во војник ама онака баш машки..пошто животна желба ми е да одам воена ама само желбичка ке си остане па решив барем на еден ден да бидам П.С. јас ги обожавам те маските само за лице и дома има како украс 5 на ѕидот ама ми ги донесе тетка ми а тука нз каде има
За 1 ви април се мислев и јас што да бидам. Ќе одиме со друштво на плоштад.Прво сакав да се правам чудовиште ама имам чувствителна кожа и ако го исцртам лицето после нема да можам да се оправам :? Затоа решив да си купам една ваква маска да се нашминкам убаво,да ја извиткам косата да се облечам убаво и тоа ми е најлогично решение.
Јас сакам да бидам џандарка ама секси џандарка...кратко тесно сукниче. подвезици, деколте капче нормално топ ке биде.
Незнам како да се маскирам а баш сакав, се мислев џандарка, зајачица..уфф немам појма ајде ако има некој совет нека даде ама да не треба да купувам ништо туку со нешто што сите би го имале дома. :up:
Имав само венче , розево со пуфки .. намерата ми беше зајче да си бидам , али во школо ме завикаа плејбој зајачица хахах
Aaaa многу убави и оргинални маски имаше морам да признам, ама имаше и доста немаскирани (тие како мене) :? ама јас не успеав да се маскирам ради слаба организација, инаку многу ми беше мерак За другата година се здобив прекрасни идеи
сакав да бидам ангелче... ама се предомислив бев ѓаволчее и бев мн слатко морам да се пофалам :roll: :roll:
Јас бев ѓавол. Тој ден вечерта бев во Булевар и одлично си поминав. Носев црни кожни хеланки, црвена долга маица повеќе накај кошула беше, со црна кожна јакна, црно-црвени штикли и рогови.
Маскенбал На маскембал забави редовна сум, а најоргинална маска ми била Пепелашка , значи скроз бев како неа, само немав стаклени чевлички.
Маски за 1ви април Ее немам коментирано тука, но ајде еве сега ќе пишам. Минатиов 1ви април бев маскирана демек во шмизла. Имав облечено карирана на зелено сукња, горе жолта кошула од на брат ми полуматурата, црни холахопки ни многу дебели, ни многу тенки, доле штикли, ташната од мајка ми, ќеса книжена со уште еден пар штикли, црн капут од мајка ми. Бев пеглана со прави шишки и бев онака остро нашминкана и со цвикери. За оваа година имам испланирано, но што ќе биде реализирано од таа идеја ќе видиме.
Маски за 1ви април Веќе се маскирав јас за Василица...Не се маскираме за 1ви април! Се маскирав во мајстор(фасадер-во цини работнички, капа на глава и со мене имав земено алати за фасадирање)! хахха