Јас мм го видов на маскенбал на 1ви април едно 10 години пред да го запознаам. Стоевме со другарка ми и се смеевме на маската што ја имаше. После кога се запознавме, кога правевме муабет за маскенбали, кога ми ја покажа сликата од таа година ќе се онесвестев, викам: аааа па јас те знам тебе Толку добра маска имаше. Кога и кажав на другарка ми кој е, се уби од смеење. И она се сеќаваше на него
Прашајте и низ книжарниците, обично и таму има бои за лице, немојте право со вакви коментари. Ако не, намачкај се подебел слој од кремата Здраве, ќе ти упие кога ќе заврши маскенбалот .
Има некој идеа како да ја нашминкам сестра ми , сакала за 1ви април пченка да биде.. Облека веќе е најдена и остана само уште шминката
Ај кажете ми некоја интересна идеја за маскирање, не нешто премногу зошто имам часови на први април, колку да не отидам обично во школо
Еве го наближува први април за неколку дена време е да се подготват маските сакам да се маскирам и уште се мислам во што ма што ќе се маскирам ја сум си природно маскирана хехехеххе се зезам ке смислам нешто интересно и ќе ве известам во што сум се маскирала.
Хм не баш иновативно али немам време да смислувам сега,затоа вечерва во полициско одело и терам Инаку гледам вчера слики од маскенбал и тоа од мноогу одамна кога сум била 4-5 одд,еден од ретките маскенбали на кои сум била и ми падна многу смешно..Гледаш сите девојчиња пеперутки,вили,принцези само јас во онаа маска Scream од Scary movie,и наредниот маскенбал исто едно чудовиште. Фрик од мали нозе
Јас искрено како мало дете си се радувам. Вечер со дечко ми ќе одиме на прво априлска журка и ќе се маскирам како зебра. Вчера испробував како да се нашминка и супер ми излезе. Ваква ќе бидам во лицето: П.С.:Изгледа многу комплицирано, ама воопшто не е.
Кај нас тоа го има за Прочка ,не за 1-ви Април.Штета што не е застапено и на двата празника ,баш би ми било фино да се маскирам двапати годишно
Титова пионерска капа?? Прашав по тетки стрини сите испофрлиле, во џамбо нема..ме интересира некој случајно негде да не забележал?
Јас школо беф секретарица штикли облеков одело минич се нашминкав ехеееј шубо на маскембал иначе не дават така вшколо
моето одд бевме свадба маскирани сите и јас бев деверуша а другарка ми беше девер,преправена во машко со брада,костум( на бред пит личеше многуу.. ) многу бевме смешни сите сакаа да с есликаат со нас..
По толку години, оваа година не бев маскирана, бевме на шетање по плоштад со дечко ми, и после со пријатели отидовме на вечера и си поминавме прекрасно.