Не се маскирам, некако не можам да се мачкам, да ставам кловновска шминка, а маска не трпам, ама ми е интересно да гледам маски и да присуствувам на маскенбал.
Женски дајте предлог за костум. Немам време денеска некако да одам по Џамбо и остали молови.Мислам имам маска за на очи, таа ако ја најдам би ја ставила.Или ушиња ѓаволски. Друго дајте идеа.Во маче како да се маскирам? Цела црно, на носот точка, ајлајнер, мустаќ на образите, друго? Вака сѐ црмо можам и со ушињата а? Давајте идеи ве молам.Ич не ме бива за такви работи. Може во Рамстор или Базаро да продаваат маски? Имам широка кошула, можам како лудак да се маскирам, ама како? Шо да ѝ напраам? Ми текна и тул суќња црна, маица црна, бунда.Ама вака шо би била? Принцеза? Не е некоја маска тоам
Воа со кошулава е баш добро, као избегна од лудница. Вие маче и принцези се веќе видено и не е интересно секоја втора така се маскира. Вака со кошулава јас би ја облекла ама наопаку, значи предниот дел да дојде од позади, косата малце ќе ја истапираш така разбушавена да ти биде, а на нозете би облекла различни патики. Еве ти идеја плус, една година јас така се избацив во дискотека и најуникатна бев од сите. Одоздоле секако носев алишта, ама така по кратко да не се гледаат, одозгора си облеков бањарка, и на косата крпа си ставив, лицето со бела боја си го размачкав, да изгледа како маска за лице да имаш ставено, и маската ми беше нешто у стил како во сауна да сум, или спа третман, а на нозете веруваш или не, на папучи отидов. Толку сум ретардирана, сега да сум со патики ќе одев, ама јбг, маската не смее да трпи
Ќе ставам спојлер да не зафаќам цела страна Спојлер https://pin.it/1qWRCOi еве ти за мачка Ова полесно второво Можеш да ставиш венче со уши Друго што ми текна античка принцеза Нешто бел долг фустан ако имаш, ќе ставиш некои златни алки, венче и нешто со златна шминка да нацрташ по телото и плус златна сенка со туш. Друго види ова https://pin.it/7xdjsis https://pin.it/4hlbQXi И овие се лесни