1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Први април-Маскенбал (маски)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sarah.key, 25 март 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Маски за 1ви април

    Ја за 1 април ќе се маскирам Џеврие :D
    Од баба миси обезбедив алишта и шамија !
    Абе оригинал ми е маскава :rofl:
     
  2. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    Маски за 1ви април

    овде во ср не се маскираме за 1 април само на карневалот кој оваа година ке биде на 8 март лани бев каубојка и бев облечена со кошула,елек и марама,фармерки и каубојки,шешир и пиштолче а за оваа не сум размислувала можеби индијка само на тоа ми текнува
     
  3. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Маски за 1ви април

    Лани за 1-ви Април бев маскирана во весник :D цела бев извиткана со весници а на лицето и рацете бев испишана со букви, нормално се маскирав со помош на другарките ;)
     
  4. white.kitten

    white.kitten Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    76
    Маски за 1ви април

    Минатиот Април сите девојчиња од клас бевме маскирани во девојки од џунгла хахах.. А оваа година пак некоја групна маска најверојатно :D :D :D
     
  5. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Маски за 1ви април

    Секоја година се маскирам,оваа година никаква идеја не ми се врти низ глава.
    Уште малку време има до 1ви април.
    Имате во план нешто девојки,ќе се маскирате оваа година? :wasntme:
     
  6. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Први април-шега и маскенбал

    Многумина во светот се смеат на 1 април од срце или киселесто, зависно од тоа дали шегите се на туѓа смета или тоа некој го прави на нивна сметка, а некои се обидуваат тој ден да не бидат „излажани“ за да не бидат несреќни цела година. Кажете некоја интересна првоаприлска шега. Исто така на овој ден луѓето се маскираат. Што ќе се маскирате вие оваа година?
     
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Први април-шега и маскенбал

    Се некако заборавам некого да го зафркнам, т.е. да го излажам, мене почесто ме лажеле во смисла те бараше тој и тој на телефон (а јас на пр. очекувам позив) и ќе се избламирам да се јавам а другарките после ќе се прснат од смеење,... или онаа стара позната шега- ти дишат патките, дупнта ти е штиклата и сл. глупости...Повеќе сум сакала а се маскирам, сме оделе на маскенбал со другарки и тематски сме се маскирале..сме биле вештерки, циганки (некоја лажно трудна со перница), сме облекувале венчаници од мајките -демек невести, и најхит бевме кога се средивме во стил на 20-год. (тогаш го гледавме филмот Сјај во тревата и добивме идеи...)и нормално пофални зборови и по некоја џитната пијачка :lol: :D

    Лани ќерка ми ја маскирав како Пипи долгиот чорап, а оваа година сака да биде самовила или принцеза, па ќе видиме ќе направиме нешто, слики обавезно ќе постирам :)
     
  8. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Први април-шега и маскенбал

    Јас се маскирам од секогаш! Секоја година!!
    Додуша..добар дел од животов се маскирав во циганка... Ама ептен успешно. Ставав на глава онакво ланче со триста тракатанци, се шминкав силно и облекував една парталава сукња од мајка ми - па одозгора ставав марама.. Горе некое маиче тесно деколтирано. Марама на глава пиратски врзана и дајре во рака!!! :D Касандра други део.
    Пред две години бев индијанка. Имам кремасто парталаво фустанче стриктно за маскенбали што се чува :D И ставив кафеав кожен каиш на кукови и го равлеков пола горе пола доле... Косата во плетенки...на главата врсана врвца за вреќи онакви, Боже колку ме чешаше цела вечер челото, дека тоа е како волна грдо безезе...Ама многу успешна беше маската...! :)
    Минатата година бев Одри Хепбурн. Мошне успешно и тоа. Црно тесно фустанче цо црни штиклички заоблени напред. Бели бисери во неколку редови, муштикла со цигара, таква шминка на очите и потенцирани веѓи, а устата ми беше бледо розева..само сјајче имав. Косата ја натапирав малку и ја потсобрав позади, а шишките на челото ги залепив на десно :D
    И на крај...шеширче црно.
    Ептен бев профи!!!! Вери вери најс!!! :)

    Е за годинава сум аут оф ајдијас.....
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Први април-шега и маскенбал

    Дафни еве една идеја од мене која мислам ќе ти прилега - Индијка!
    Ткаенини во бои во облик на сари врзани околу тело, останува голо кај мешето од една страна, доста белезици на рацете косата собрана и „у раздељак те љубим„ фазон и црвена тАчка на чело обавезно :!: , ;) !
     
    На Dafnee и lolyta777 им се допаѓа ова.
  10. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Први април-шега и маскенбал

    Одлична идеја! Само „у раздељак те љубим“ фризура кога ќе напраам ќе се мислат луѓево дали сум маскирана у тиква или у индијка... Немам зборови да ти кажам како таа фризура хорорно ми стои :rofl:
    Замисли сиииии .... ужас. :rofl:
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Први април-шега и маскенбал

    Ех што си го сакам први април! Ама ептен, некоја бушава, шарена, весела атмосфера се распростира секаде. Сите се луди, сите се весели.

    Не секоја година успевам да се маскирам, но кога можам го правам тоа. Внесувам инвентивност, забава - уште поубаво кога се маскираш со друштво, смеа еден куп.
    Многу се сеќавам еднаш, уште во средно мислам беше тоа, кога беа оние легендарните првоаприлски журки во МНТ и една откачена група дечки везден победуваа затоа што прво инсценираа погреб во МНТ, сосе ковчег и поворка и жени кои лелекаа. И втор пат беа овчари, па го усмрдеа цел клуб со овци. Таа година беа комуналци, и го чистеа дворот пред МНТ сите и така не пречекуваа :D
    Нејсе, јас решив да бидам скејтер. Опнав машки боксерици, комбинезон фармерки ама спуштени бајаги, БиКеј скејтерски патичиња, тесно маиче, капче свртено наопаку и нормално...скејт во раце.
    Пред МНТ се сретнав со еден другар и ми го скрши филмот во момент, среќа што бев пивната па брзо ми помина, но знам дека ми рече - и ти што си денес? ТИ?! |(
    Добро бе знам дека бев хипхоперче ама до толку распуштено не се облакав :D

    Оваа година се договаравме што би биле. Јас сеуште не знам, но имам една одлепена другарка која е решена да биде Марија Антоанета. Во џогинг издание. Горе со перика, и бела шминка, со лепеза во рака - и доле во розеви тренерки со дуксерче. Подобро нешто во живот немам слушнато :rofl:
     
  12. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Први април-шега и маскенбал

    А минатата година имаше штрумфовииии многу беа убавиии!!!!!
    Штрумфета посебно беше погодена...Не знаете какви беа, плави во лицата со плави блузи и бели пантолончиња, со плави чизмички..А шрумфета имше од жолт коноп коса...
    Преубава маска... :D

    А од ангелчиња и кловнови неуспели ми се лоши веќе |(
     
    На Strumfeta93 и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Први април-шега и маскенбал

    Си се маскирам јас секоја година.
    Така ќе биде и оваа :) .
    Ама не е финтата да купиш од Вучко готово и само облечи, си додавам јас и инветивност, креативност во тоа.
    Оваа година ќе бидам Џеврие :rofl: .
    Ќе земам од баба ми алишта, од другата баба едни собни папучи што ги има ама такви, ко кондури што се (е ама објаснив сеа :D )и ајт-на маскенбал.
    Се е спремно само 1 Април да дојде.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Први април-шега и маскенбал

    :D :D Први Април. Кај нас нема некоја традиција на маскирање, само децата од градинките тоа го прават.
    А на баба ми обавезно секоја година по нешто ја лажам дури и минатата година :D
    Како мала омилено ми беше: Бабо, скината ти е сукњата :D
     
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Први април-шега и маскенбал

    Кај нас никој не се маскира на тој ден...и воопшто не му се придава значение на денот на шегата! Можеби затоа што си го имаме карневалот кога се маскираме 8) па не не фаќа мерак и на први април да се маскираме!
    Први април ми е само обичен ден кога едва ли некој ќе се обиде да те прелаже |( !
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Први април-шега и маскенбал

    Последниве неколку години, за 1ви април се маскирам во - сеирџика.
    Навистина, не сум во духот на први април, излегувам и гледам кој како си се маскирал и секогаш завршувам со заклучокот - требаше вака да се маскирам, требаше онака... :^)

    Се' немам време, се' некако брзо ми доаѓа денот на шегата.
    Еве, оваа година имам планче, не е некоја грандиозна маска, мал детаљ, се надевам ќе имам време да го изведам и тоа ситно нешто.

    Како мала стандардно се облекував во вештерка.
    Црн фустан од мајка ми што се влече по земја, една капа конус обвиткана со црна чипка, црна шминка, натапирано косиче и црни, долги нокти - од хартија. :D Страшно бев инвентивна и од мала настроена кон негативци. ;)
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
  18. eki4k2

    eki4k2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    41
    Маски за 1ви април

    Јас ќе се маскирам во бубамара.Имам црни панталони блуза чевлички и црвено палто.На очите ке нацртам бубамари.Треба да направам уште за на главата ќе купам венче и жица па ке оптегнам црвени хулахопки и со креон ќе нацртам црни кругови.Мислам дека е дора идеава што мислите вие?
     
    На lolyta777, lackygirl и Rosy им се допаѓа ова.
  19. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Маски за 1ви април

    ја планирам оваа година да се маскирам во маче а костумот сама ке си го направам ке си сошијам опашка од материјал на црно венче ке си сошијам ушиња имам еден црн фустан кој ке го облечам и ке се нашминкам и толку, се надевам ке бидам згодна мачкица :D :lol:
     
  20. MadHatter

    MadHatter Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    30
    Маски за 1ви април

    Секој си има своја желба што сака да биде, јас лани бев пират. Оваа година уште немам смислено, но многу ме нервират поголем број од девојките, што сакаат да бидат нешто слатко, убаво.. бла бла бла абре вештерка, циганка, вампир, пират,војник, зашто да не ... :devil:
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.