1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Први април-Маскенбал (маски)

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од sarah.key, 25 март 2010.

  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Маски за 1ви април

    Кај нас 1ви април ич не се слави. Мислам организираат по кафичи забави ама џабе е кога сме проста раја. Никој не сака да се забавува. Излезат по кафичи, само седат по масите и мањачат кој како е облечен |( . Ако некој се маскира и сака да си помине убаво после е само предмет на исмејување. Глупости.
     
  3. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Први април-шега и маскенбал

    Оваа година со другарка ми ќе бидеме Black Swans!
    Едвај чекам!
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Први април-шега и маскенбал

    ќе се маскирам во мини маус хаха бидејќи тоа ми е нај ефтино а воедно и нај едноставно. Ќе ме чини само 60 денари за да си купам такви ушиња ќе си облечам црна сукњичка и црвена маица со точки и готово :)
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Маски за 1ви април

    Е јас и оваа година како и претходната :D малиот ќе си го маскирам и ќе одам на нивната прослава во градинка. Нема ништо поубаво кога тој ден сите деца се маскирани и треперат од радост и целите се во свој филм.
    Лани бевме шатка-патка :) а оваа година витез (маската уште лани летоска ја купивме )
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Маски за 1ви април

    Има убави маски во вучко....
    инаку јас ретко се маскирам еднаш само ,во докторка 8) :lol: поубаво ми е кога гледам убави маскирани лица,лани и полани носев само маска од венеција ја купив,па и годинава со неа ќе поминам :P [​IMG]
     
  7. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    23.216
    Пол:
    Женски
    Први април (маски)

    Лани бев Мачка :P си направив ушиња, опашка дооолга црна и носев црни кратки пантолончиња и црно маиче, а лицето ми беше целото исцртано, носот црн, очите цели црни заедно со веѓите, розево усте и нормално мустаќи :rofl: :rofl:
    Годинава планирам да бидам МАГИОНИЧАРКА слично како на сликата само наместо пантолони ќе носам црно кратко сукниче ;) и нормалано шешир и стапче 8)
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Први април (маски)

    Дали знаете некоја продавница, освен Вучко каде има по оргинални маски? Оние од Вучко се едни па исти веќе со години ( ....а и тоа материјалите..уффф шкрипат на допир)
     
  9. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Први април (маски)

    И јас вакво ќе носам, ме мрзи да се правам друго. :lol: А башка што вака фино ќе си се нашминкам, трепки ќе си ставам, косата виткана... :) Лани бев кловн и добро знам колку време ми требаше да се избришам, а башка што и не сакам по плоштад да шетам во кошула на тато. :rofl:
     
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.921
    Допаѓања:
    26.145
    Први април (маски)

    Јас ке бидам Клеопатра =)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Први април (маски)

    Мислев да не се маскирам ама си имам ушиња и кога ќе ги носам ако не на први ? :D Цел клас ќе се маскираме групно а јас зајче ќе бидам :D
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.379
    Допаѓања:
    41.997
    Пол:
    Женски
    Први април (маски)

    Јас и другарка ми лани бевме преправени во оние танчерките од Мулен Руж :D ама оргинални бевме си сошивме такви суќнички со тул целите и корсети, имавме ракавици над лактите од плиш, и чорапи над колената. Јас имав шешир на главата со соберена коса , а таа беше целата со пердуви и секако имавме црвен кармин.А оваа година мислам дека нема да се преправам, немам многу желба ама ќе видам :)
     
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    8.217
    Први април (маски)

    Ми се допаѓа темава! Ние се маскираме, лани 1ви април нели беше работен ден ама сепак беше преполно, баш убаво си поминав :) Лани бев маскирана во римска/грчка божица :D баба ми ми соши бело фустанче нешто како тога. со чвор на едното рамо, ама кратко и кафеав колан на струкот. Имав едни розеви балетанки кои воопшто не ги носев па ги обоив во кафеави, им ставив ленти и ги изврзав се до колената :D косата си ја извиткав, малце ја прибрав од страните, се нашминкав неутрално и многу женствено се чувствував!
    Е оваа година сакам да сум black swan, баш го гледав туторијалот што Ема.Ск го закачила, ама немам време да шијам здолниште од тул, па сум во фаза на бреинстормин :?:
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Први април (маски)

    да не знaе некој каде можам да најдам нешто слично на балски фустан ама да не е многу скап? :^)
    нешто вакво
     

    Прикачени фајлови:

  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.732
    Допаѓања:
    23.216
    Пол:
    Женски
    Први април (маски)

    Побарај во некој театар ако изнајмуват на пример :) инаку скапо е да го шијаш ;)
     
  16. tasmanian

    tasmanian Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Први април (маски)

    Освен Вучко и Џамбо, постои ли некоја друга продавница за маски за возрасни, не за деца?
     
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Први април (маски)

    Јас годинава после толку време ќе се маскирам! Во Јапонка!
    Шминката и фризурата веќе ги испробав, дома имам едно платно со баклави такво шарено што ќе ми одговара, си спремив перниче за позади на половината, а одоздола најверојатно ќе носам црни пантолони и црни балетанки. Си најдов и стапчиња за во коса, верувале или не - од ражничи за на скара :lol: :lol: Во потрага сум по чадорче, а ако не најдам, ќе си земам една лепеза дома што ја имам останато уште од времето кога се користеа. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Први април (маски)

    Јас лани бев бебе :D :D
     
  19. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Први април (маски)

    Оваа година ќе бидам Лара Крофт, само не знам како да се снајдам за пиштолите на бутови. :D
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    8.217
    Први април (маски)

    Една другарка зема широк црн ластик можеш да најдеш на пазар или во продавници за конци, копчиња и слично. Се измери, исече и го заши. А пиштоли пластични од некое детенце,брат, братучед, внук позајми и завршена работа :)