Минатиот 1-ви април си се маскиравме со другарка ми... секси улоги, докторка и професорка и топ си поминавме
Девојки дали некоја може да ми објасни каде точно се наоѓа Вучко и дали знаете некоја друга продавница кај што можам да најдам убави маски ?! освен Џамбо
Веќе 5 години по ред се маскирам во воено лице, т.е. воени лица пошто поголема група сме една година во специјална единица тигри,друга година во специјална единица ренџери, специјална единица леопарди, па во новата дигитална униформа....оваа година му се спремам во бела руска униформа со бела шубара и петокрака
Маскирање.... Вака значии... сакав да прашам и да побарам совети од вас за како да се маскирам.. значии во февруари, моето училиште ќе одиме во детското одморалиште Пелистер и како и лани - пак ќе има маскенбал, ама овој пат сакам да бидам нешто посебно (лани незнам шо бев ама знам дека не беше нешто баш нај нај ) паа ќе ве замолам за совет ии само да кажам од Битола сум, така да кажете ми некои костими шо можат да се најдат во Битола, или па уште подобро - дајте некои идеи како сама да си направам костим размислував за нешто како вампирка ама незнам кај можам да најдам онакви вештерски заби - пластични и да, немам 18 (како што ми вели во инфо), туку имам 12 така да одберете нешто посоодветно
Маскирање.... Вештерки, принцези, плејбој зајчици е клише и старомодно и веке видено. Ке има најмалку 20 такви исти маски. Јас лично за стара нова година бев многу пријатно изненадена кога видов маска како Блек Сван каде што е Натали Портман нашминкана. Многу интересна маска би била. Можеш исто косата да ја направиш, црно на очите, по некој пердув итн. Еве слика па ти снајди се.
Како да направм капа за медицинска сестра (за карневалот) Девојки ај дајте ми Предлог за капа за медицинска сестра (за карневалот) како да направам капа ?
Како да направм капа за медицинска сестра (за карневалот) http://www.youtube.com/watch?v=ltN6TeliX9A Се надевам дека ти помогна! ти го ставив во спојлер и шаблончето инаку ако занеш да шиеш има добри видеа на youtube за сошиени капчина Спојлер
Јас оваа година изгледа ќе бидам преправена во Мортиша од Адамс фемили...се мислев што ама не ми паѓа на ум ништо посебно, па случајно ми дојде идеава, имам долга црна коса, ќе се дотерам во фустан како нејзиниот ако најдам, бел тен и шминка и тоа е.
GreenEyedT/ jas imam kostim kako za Zade a za ostanatite ako sakate da si kupite kostimi za maskenbal ima vo vucko mnogu ubavi I za vozdrasni a ima I vo atlantik na butpazar koj saka sovet pomos povelete bye
Јас одсекогаш сум сакала групни маски ама овие од класот нејќат.Пу бе Сама несакам да се маскирам.До 6 одделение неможев без маска,едноставно плачев ако не се маскирав
Јас за Прочка не се маскирав тоа што сакав,ама сега за први април не испуштам...ќе му ги соберам алиштата на овој мојов симпатијава и раперка ќе се преправам...и тато ќе ми нацртка неколку тетоважи по рацете и то.
Имам маска само за очи ја земав да се најде Баш оваа Многу убаво стои па за да не изигравам кловн, т.е пардон плелбој зечица(читај проститутка ) ќе ја ставам маскава и некое мое фустанче и толку Сум била докторка, војник, индијанка, паљчо бев една година, касандра Инаку сакав многу да бидам кабаре пеачка во јез клуб т,е flapper или flapper dress само неможев да најдам а сакав сив и не толку мини, а за шиење не ми се даваше толку многу пари за нешто што еднаш ќе го носам. А имам и таквa муштикла и бисери и пердуви такви имам, само фустан не некогаш можеби и тоа ќе биде
Општи прашања со што можам да се напрам вака бела на лицето или кај да најдам ваква бела боја или што и да е ова што го мачкаат на лицето знајте иди 1-ви април
Општи прашања Има специјални бои, јас таква најдов во тинекс, некако беа 3 бои и личат на водени боички само се мрсни, ако не успееш да најдеш, ке си побараш во аптека пудра за сипаници, таа е бела и течна ке си ставиш на памуче и ке тапкаш по лицето, порверено, а и не е штетно за лицето што е најважно. позз