бев маскирана во навивачка за Македонија,се цртав со македонско знаме на образите се облков во жолто и знамето на мене и еве ти маска. Ја почнав јас навивачката треска уште од вечерва
На татко ми му е роденден денес па таман пошто не беше дома, му направив поклон торта од мене ама морам прво една зезанција да му стегнам пред да се облажиме хихихи Вечерта сигурно ќе свртам низ центар да видам што има. Нема да се маскирам целосно но може ваква слична да ставам
Јас нема да се се маскирам може само макса од оние за на очите и толку доволно е ама ич не ми е до мсакирање
http://www.kurir.mk/republika/opstini/6 ... je-se-smee Мислите ќе има вечер нешто? Ќе иде некој од вас?
^за малите е организирано...затоа и е одложено а вечер не е организирано,а верувам дека ќе има само ако не врне. Дали ќе одам незнам,чекам да стане дечко ми од спиење,да се чуеме да се договориме.Мада џаба договор кога у 17/18часот може да почне да врне,буквално ќе се чека последен момент
Ми треба одговор, ама итно. Дали ако на забитe ставам лепак, обичен, или оној за трепки, ќе ми се оштети забот? Спојлер Треба да лепам вампирски заби, па се плашам да не направам беља?
Како мислиш да лепиш вампирски заби? Нема потреба да ги лепиш, јас лани се правев вампирка и не ги лепев, само си ги купив и ги ставив во уста и ми стоеја Сега ти си знаеш, но јас мислам дека нема потреба и мислам дека ќе ти се оштети нешто
Ќе лепам, затоа што купечките се ужасни, неудобни, одвратно стојат, и не може да се збори со нив. А немам намера да ги вадам и ставам цела вечер. Се мислам, иако знам дека има некои што лепат со супер лепак, на пример циркони на заби. Ама штознам.... Ваљда до вечер ќе најдам за тоа решение.
Аха, па така кажи Јас не ги вадев, добро ми беше, но сепак кратко време ми стоеја затоа што имам слушнато дека можело да се оштетат непцата. Може со таков лепак да си ги залепиш, мое мислење, мислам дека нема да си ги оштетиш забите, но сепак распрашај се, види Ќе се снајдеш до вечер
Starfish, не си лудувај не ги лепи со лепак, јас не би ги лепела никогаш, особено ако имаш чувствителни заби, плус кузнај колку ќе ти имриса лошо или ќе ти биде гадно Пробај со онаа кремана што е за лепење на вилици Корега, а сигурно има и други за лепење на вилици,протези итн... Оди во аптека прашај ја аптекарката ќе ти каже најубаво, да не глумиме сега забари тука Барем не е лепак, нема кузнај колку да ти лепи можеби, барем ќе ти стојат некој саат, ама со лепак НЕ!
Добро бе луѓе ќе иде некој вечер маскиран на плоштад?(зборам за тие што се од Скопје).Да не бидеме со другарките само ние како фрикови избацени
Јас мислам дека сите ке идат и да врне и да вее имаме ние огромем трговски ке се собереме тамо и лидо и незаборавно ке си поминат сите а ппосле тоа кафич па во дискотека кој стварно сака ке иде вез обзир какво е времето поздрав до сите имајте и имајте ибава забава
Кај нас синоќа имаше журка во еден кафич овде, таква маскенбалска. И утревечер, ќе има пак во холот на школото кај нас. Денес нема да има ништо, многу е тмурно и грдо кај нас во недела. Нема народ, ладно е, деца идат на школо...И да се организира нешто нема никој да излезе. Еве сум јас.
Јас не се маскирав, немав ќеф оваа година Имам предлог да прикачувате слики за да видиме како сте биле маскирани и да ја избереме најдобрата маска Се надевам ќе ви се допадни предлогот
Бев на плоштад,бев маскирана (слики утре ќе поставам),сепак времето расипа се,дефинитивно ни третина од народот што го имаше изминативе години за 1 април
И други години било ладно, ама волку празно никогаш не било. Отидов да свртам некој круг, решив да не се маскирам во последен момент, сите откажаа заради ладното и ми се скрши и кеифот. Него друга работа ми падна во очи. Еден полицаец не видов, а луѓе надвор се шетаат со секири и сабји. Крајно беше кога едни четворица во трговски излегоа со вклучени моторни пили меѓу народ. Малку фалеше да се случи некоја глупост, не дај боже. Како може на вакви масовни собири, кога има маскирани луѓе со секакви реквизити да нема ниту еден полицаец, стварно не ми е јасно Скраја да е, треба да се случи нешто па тек тогаш да им текне.