Да не се маскирање во Супер Марио? И нас ни требаат за Соник, лани без ракавици пројдовме, годинава ќе шијам па мајка јана нека е, внатре со памук ќе ги полнам.
Девојки да не имате сретнато маска диносаурус? Го прошетав цел град, буквално никаде нема...се работи за 4 годишно дете, ако имате видено било каде ве молам пишете
Нормално Има маска од ист материјал како вашата за соник, не ми текнува името на материјалот. Само нашата е од али. Лани купив бели ракавици од кали, некако со ластичиња поминавме. Сега касно ми текна да побарам.
Пратката од Зара нема да стигне на време. Кажувајте за бебуши кај има други маски? Атлантик немаат, Картерс се 3200, ко за еден ден малку скапо е. Џамбо нема… онлајн негде да не има?
Филц. Леле колку е возбуден човече, кај нас па и натпревар ќе има, утре ќе одам да барам бои за лице и боја за коса ќе ми треба во спреј, запнал и главата сина да ја направи и боцки од косата. Не е он крив, мајка му е за ќотек што му дава идеи На први ќе ги носиме или во Сити мол или во Веро Џамбо ама за таму мисли втора маска, прочита дека Биби и Боби ќе бидат таму и сака да се маскира во Боби.
Како немаат,вчера видов од 6 до 24м маски во атлантик. Од целосните за облекување,лавче,панда итн. Околу 1000ка беа
Јас ќе му правам дома, https://www.funathomewithkids.com/2013/09/diy-no-sew-baby-chicken-halloween.html?m=1 ваков материјал најдов во офис плус Јас земав од картерс ама се попишманив, па ја вратив следен ден да ми вратат пари
Дајте некоја идеа за брза diy маска за девојче 2 години. Немам време да одам да купам, касно ми текна
Детево сака да се маскира во Соник. Некој што веќе имал таква маска да сподели искуство од каде да ја набавиме, да почнеме со време колку толку