Мене новиве епизоди ми беа малку досаднички искрено. Клаус пак работи позади грбот на Елајџа, а он најмногу од сите се труди и стварно не го заслужува тоа. Женевив многу ми иде на нерви, стварно мислеше дека Клаус е толку глуп и дека туку-така ќе и ја даде книгата со магиите, дури и очајна ми испадна. Што поскоро нека ја тргнат, многу ми е одвратна. Истото важи и за Моник. Хејли ми е засега многу интересна. Навистина и стои да биде badass Само се надевам ,а и мислам дека на бебето нема ништо да му направат и едвај чекам да се роди.
Ќе ги скроти Клаус,го има брат му,ја има Хејли и хибридното дете. Ако не оваа сезона,тогаш следната.Битното е што има мотивација. А ова со Мајкл станува досадно,и во Вампирските Дневници го гонеше,сега пак.
Во Vampire Diaries ги немаше волците. Сега ги има и ако го каснат може да умре. Он не е хибрид како Клаус. А мислам дека ако го оживеат, нема да биде заедно со волците туку против нив. Детето ако не го убијат, ќе стане силно. Ама дур порасне....ехеее. Вештеркиве некако ослабеа. Не се силат веќе толку.
Мајкоооо!!! Серијава тргна во нагорна линија! Кој ќе чека до 13ти за последната епизода. Аман нека ги испотепаат тоа вештерките! Онаа Џеновив и Моник барем! леееј, ептен напето ми дојде, 3 епизоди одеднаш ги гледав. Сите ме нервираат, Клаус само ми е срцка Spoiler Барем нека го вратат во Vampire diaries и да си се фати со Керолајн, да си се радувам
Последнава епизода беше НАJДОБРА! Оригиналиве имаат закани од сите страни сегa,само уште Маjкл им фалеше. Само нека не го убиваат бебето ! Сакам да ги видам Клаус како татко DAMN IT!
Spoiler Е ова ти се вика достојно финале.Излив на емоции добив,цела епизода солзи леев како будала. Почетокот беше прекрасен,па мавнаа шок кога ја пресекоа Хејли,за на крај да стане Хибрид. Имаше толку емоционални моменти што не знам кој најмногу ме скрши.Дали оној кога Елајџа конечно се отвори и покажа колку му значи Хејли,или оној кога Клаус му прости на Марсел или пак кога ја предаваше ќерка му на личноста на која најмногу и верува,Ребека. Естер и Фин се вратија,добро е што се збира фамилијата малку по малку Давина планира нешто,лошото е што и Мајкл е вклучен. Ќе има интересни случувања идната сезона. Rebekahhe looks like her mother.Maybe there is a God after all. Klaus:But she has a hint of the devil in her eyes.That's all me.
Spoiler Финалево беше ПРЕДОБРО ! Напнато, неизвесно, полно со емоции, баш како што доликува на едно финале на волку добра серија. Кога умре Хејли на почетокот, одма се разочарав, си правев филмчиња што би се дешавало со бебето во наредна сезона, али никад не помислив дека Ребека ќе ја земе на крај. Цела епизода беше предобра, не можам да одлучам кој момент ми беше најемотивен. На почетокот Клаус кога ја држеше Хејли, Елајџа кога плачеше или крајот. Не ја сфатив баш Девина, дали го врати Мајкл па со магија го држи на таванот или не е вратен уште. Дека стварно помислив кога му се појави на Клаус ќе го прободе. Али како што ми се чини, со враќањето на Естер и синот назад, ќе ја имаме во втора сезона цела фамилија оригинални на окупу. На крајот си се утепав од плачење, дефинитивно најнајнајубава сцена.
Spoiler Многу добар крај на сезонава .За Хејли знаев дека ке се врати само мислев дека ке ја вратат со магија или нешто.Клаус колку се разнежна со бебчето, а и какво беше то слатко.Идејата за расцепување на семејството не ми се допадна, ама вракањето на Ребека беше супер изненадување.Се надевам сега дека во другата сезона ке ги има и бебчено и Ребека.Кој ке чека до наесен А, и се надевам дека лом ке ги направи Клаус на вештеркине до последна, вклучувајки ја и мајка му.Братот шо се врати со Естер е најстариот, тој шо ја слушаше се така?
Ауууу, какво финале беше ова!!! Цела епизода го утепав од гушкање синко и си леев солзички! Едвај ја чекам наредната сезона! А тоа вештерките веќе ептен на живци ми идат! Ама Ептен!
Spoiler ЗНАЧИ НАЈДОБРА ЕПИЗОДА !Си ја преплакав целата,значи најтрогателна епизода а најмногу крајот ме погоди,е тука највеќе плачев.Многу ми е мило што Ребека го зеде детето,и добро е што не направија ништо страшно со Мајкл,ќе ја упропастеа епизодата.Не знам зошто но не ги сакам Хејли и Елајжа како пар единствевно тоа не ми се допаѓаше сезонава,друго се беше предобро.Едвај чекам нова сезона,мислам дека ќе биде супер и само да не ја упропастат оваа серија како твд...
Здравје боже октомври.Ќе си почекаме Туку да ве прашам.Баш ја гледам втора сезона од TVD деновиве.Нели за Клаус да прави хибриди требаше тие да се напијат од крвта на Елена т.е. на двојничката ? Како Хејли стана сега хибрид од крвта на бебето? И ете и да може така,како они го знаеа тоа ? Нешто имам пропуштено или дупка у прича?
Едвај чекам втора сезона! Btw, ќе имаме new witch in New Orleans Дечково сигурно го знаете од Teen Wolf