Колку е подобра серијава од The Vampire Diaries, да се чудиш дури. Одеднаш ги изгледав последните три епизоди и морам да кажам дека беа предобри. Многу акција, емоции и брзо случување на настаните. Совршена комбинација :up: Спојлер Моментот кога Клаус го допре стомакот на Хејли беше прајслес, таква искрена насмевка направи, просто да се стопи човек. Сакам кога покажува емоции, а имаше еден куп такви сцени. Со Марсел, Ребека, Камил. Мило ми беше што ја убија црната мала вештерка, ужасно ме нервираше. Не ми текнува како се викаше де Џенавив се надевам дека ќе ја вратат понатаму, интересен лик ми е. Плус црвенокоса, преубава е. Претажно беше кога мислеа дека умре Хејли. Не би била иста серијава без неа, уствари цела сезона се врти околу неа. Има доста материјал за нова сезона. Едвај чекам да почне. I want her back.
Излезе трејлерот за новата сезона. Одвај чекам 7 Октомври. https://www.youtube.com/watch?v=f4y9vvQEcnQ
Ми се допаѓа каде оди серијава,ќе има интересни заплети и многу повеќе акција.Баш ми е мило што ќе ја собират фамилијата,редно беше Хејли полека се враќа на старото,ми фалеше нејзиниот див карактер. Не разбирам зошто мајка им е против нив,дали тие ја убија последниот пат,не се сеќавам И реченицата: Klaus:The only question now is which from our parents we kill first...
Кој ќе чека до октомври Како што гледам од трајлеров новава сезона ќе биде доста напната и интересна. Едвај чекам да почне Само се надевам дека ќе се врати Ребека или ако ништо друго барем да ја покажуваат почесто со Хоуп. И да.. едвај чекам да се врати Кол
Луѓе јас од кога е почната серијава ја гледам ама прекинав едно време и допрва ја догледав. Спојлер Каков сплет се случува тоа е чудо,најдобро е што нема досадни делови значи се е акција.Плачев кога умре Хејли,ама се врати,и според трејлеров ке биде опасна.Моник толку ми одеше на живци,фала богу ја ставија на место.Сега интересно ке биде многу со двајцата родители вратени,верувам. Прекрасна серија,акција,емоција...совршенство.Едвај чекам.
Кога ќе ми текне на последната епизода од серијава, . Не можам а дочекам да видам што ќе се случи во новата сезона.
Конечно и јас ја почнав,и бргу ја завршив На почетокот,уште кога почна,не сакав да ја гледам,си мислев дека повеќе ќе ми се допадне од вампирите.Ама тоа и се случи,таму ќе ја гледам Елена како рика,а овде ќе си гледам две убавини,Клаус и Елајџа,аххх Спојлер Се ми се допадна,буквално се.Крајот беше како mind blown .Не ни претпоставував дека бебето Клаус ќе го даде на Ребека,на таа сцена се изнаплакав .Едвај чекам да почне 2 сезона
ММ,изгледа секогаш јас ке го пробивам мразот за коментирање новите епизоди. Спојлер Уф,предобра епизода.Цело време бев искезена од увце до увце. Крајот беше најјак.Новиот Фин не ми се воопшто допаѓа,но,Кол Ах,Daniel Sharman прекрасен е.Дури и чуден бидејќи го немам воопшто навикнато со тој акцент,јас го знам со американски акцент. Криво ми е што ке нема искрена љубов меѓу него и Давина,ама океј сигурно ке му е интересна улогата.Едвај чекам наредна епизода,и посебно ја чекам епизодата кога ке се сретнат Елајџа и Клаус со татко им.Уф,уф!
Ауу каква епизода.Е ова е вистинска епизода за почеток на сезоната а не како во дневниците. Спојлер Почетокот беше прекрасен,Хоуп е преслатка и се надевам дека почесто ќе ја гледаме.Конечно ги убија овие, Франческа ми одеше ептен на нерви.Хејли, the queen ми е ептен јака, конечно да ја видиме во вакво светло.Целото семејство во Њу Орлеанс, едвај чекам наредна епизода. Промо за следната епизода http://www.youtube.com/watch?v=r1x1Op13FyU
Колку се секси браќава,не се свесни Спојлер Достоен почеток на сезоната,ми се допадна собирот на цела екипа,а ете и Кол го вратија(повторно во згодна варијанта). Камил и Марсел ич не ги сакам заедно,уште потајно навивам за неа и Клаус Кога сум кај Клаус,дефинитивно ми е една celebrity crush,кој шарм го има човекот. Говорот што и го даде на Хејли,дека таа ќе биде кралица и начинот на кој си патеше по ќерка му,прекрасно изглумено. I love you,Klaus Инаку прочитав дека Нина Добрев ќе дојде во серијата,во 5та епизода и ќе ја глуми оригиналната doppelganger,Татја.Како што разбрав,и Елајџа и Клаус биле заљубени во неа,а Естер ја убила. Епа не ја сакам тука,се надевам ќе биде само гостин!
Многу ми се допадна првата епизода од втора сезона Спојлер Дури сум изненадена колку бргу ја шутнаа Франческа и незината тајфа.Супер беа кога се бореа како група, некако имаше од се по малку а акција и љубов и крвопролевање.Јако беше кога Клаус црташе од крвта на убиениот Уште кога ги видов Ребека со бебчето на страртот ми дојде убаво .Многу паметен потег на Клаус што и го даде бебето на Ребека.Марсел некако не ми одговара со Ками.Јасно е дека си одговараат најмногу со Клаус.Мене супер ми е концептот за втора сезона, со тоа што ќе се соедини цело семејство ама ќе бидат од две спротивни страни.Мајката со Кол и Фин а Елајџа со Клаус.Неможам само да ја сватам улогата на таткото.Некако ми и исфорсирано неговото појавување.Можеби бидејќи ми е најантипатичен лик. Давина незнаеш дали е божица или вештерка, прекрасна е!
Е вака се почнува нова сезона! Спојлер Добар сплет на настаните, многу брзо ми помина времето. Иако неочекувано брзо, конечно ја средија Франческа, многу иритирачки лик ми беше. На крајот нели спомнаа за family reunion, се надевам дека ќе го прикажат Кол во вистинското тело, да поплакнеме очи малце, не за друго. Елена не ја сакам дури ни за гостинка во серијава. Ја прогласувам серијава за серија со совршен саундтрак.
Уште плачката Елена фали да ја донесат во серијава и нека ја упропастат како твд Тие што го гледаат Teen wolf знаат
Спојлер Е ова се вика почеток на сезона Баш беше лудило, почнува онака смирено, тивко а завршетокот ми беше баш epic Значи многу го сакам Клаус и можам да си го вбројам во најомилени тв ликови на сите времиња. Најдобра одлука донесе што и ја даде Хоуп на Ребека,најдобро ќе се грижи за неа. Според мене баш е добро што уште во првава епизода се елиминира Франческа зашто и така ми беше одвратен лик, а башка може да се сконцентрираме на family reunioun-от што ни следи кај и да е. Не очекував дека зад Кејлеб се крие Кол, мислев дека се само Естер и Фин ама баш ми беше шок на крај, само што побрзо да си го завземе правото тело ипак повеќе сакам да го гледам во тоа Камил и Марсел- еден од полошите парови ever, подитно да ги разделат и по можност Ками во наредните епизоди да ја снема, зашто ми е ептен лигав и антипатичен лик и никако да пробаат да ја спојат со Клаус!!! Клаус најубав пар ми се со Хејли. Значи ни со Кералајн, ни со Ками, само со Хејли. Колку искри фрчат кога се еден до друг, башка и двајцата имаат сличен карактер, заедничка историја, а и Хејли ми е еден од поомилените ликови во серијава така да ја навивам за нив! И дефинитивно најубавата сцена
Спојлер За разлика од твд оваа серија ми е милион пати поинтересна.Сите три досега излезени епизоди ми беа многу интересни.Едвај чекам нова епизода.Ги сакам Хејли и Клаус како пар,мислам од секогаш ги сакав а сега посебно ми се интересни така здружени.
Спојлер За разлика од твд оваа серија ми е милион пати поинтересна.Сите три досега излезени епизоди ми беа многу интересни.Едвај чекам нова епизода.Ги сакам Хејли и Клаус како пар,мислам од секогаш ги сакав а сега посебно ми се интересни така здружени.