Најјаката епизода до сега. Спојлер Многу ми се допадна епизодата.Прво,многу ми е мило што Давина дозна дека овој е Кол,и,знаев дека Кол не е лош човек.Многу си одговараат како пар со Давина,а Давина ми е многу разубавена сезонава,баш е слатка и убава. Сцената кога дојдоа Марсел,Хејли и сите други да му помогнат на Клаус беше врв,искезена ја гледав сцената.А,многу ми е жал за Елајџа.Кога се бакнаа со Хејли,бев онака,бидејќи навивам за Клаус и Хејли,ама било сон. Што поскоро нека го вадат од тој пекол,жал ми е да го гледам таков.
Спојлер Мене епизодава ми беше одлична! Тоа што најмногу ми се свиѓа општо за сезонава до сега е што брзо се одвива дејството, што е најбитно има некакво дејство за разлика од ТВД и баш ми се свиѓа на каде се движи сезонава. Се мислам дека Естер си игра со паметот на Елајџа и ќе направи некоја збрка, на промото за наредната некако чуден ми беше. Што жена ќе беше, до негде не се разликува многу од Мајкл, и после како Клаус се претворил во такво чудовиште? Богами да останеш нормален покрај такви тортури тешко.. Баш ми се свиѓаат тие flashbacks што ги даваат сезонава, на овој начин се разјаснуваат работи како се претвориле во тоа што се денес. Само ги молам продуцентиве нека престанат да ги спојуваат Ками и Клаус и нека го спојат веќе еднаш со Хејли! И да, што побрзо нека се вратат Ребека и Хоуп
Значи серијава станува се подобра и подобра ,полека ми станува бр.1 од сите серии што ги гледам .Новава епизода беше предобра полека полека се открива што како се случувало
Спојлер Не ми беше нешто многу интересна епизодава.Баш ми е жал за Оливер,таман кога се оправи и готово отиде.Естер ме нервира многу со тоа што сака да ги смени и да ги стави во друго тело,досадна е...Ме интересира што е со Елајжа,не е исто без него. Клаус ми е жалче,никако ни малку да биде среќен. п.с Прочитав дека Ребека се враќа,е сега дали на некоја епизода само или пак ке ја има повеќе време во серијата не знам.
Спојлер Сега ќе се врати сестра и на Естер, мислам дека она ќе ја убие или ќе треба нешто да направат заедно да ја убијат... Не можам да ги чекам новите епизоди веќе
Спојлер Последнава епизода ми беше најемотивна до сега. Колкава жртва направи Клаус за ја заштити Хоуп, што дури си го уби и сопствениот татко со кој можеше да има живот каков што немал до сега Баш се израдував што конечно Елајџа се разбуди, сфаќам колку ми фали во серијава, а посебно моментот на крај со Клаус, се стоооопив Ками се` уште ми останува непотребен и најотвратен лик, Хејли е badass, најјака ми и, а Давина и Кол ми се најслаткии, ептен си одговараат. Другата епизода ќе биде јако, brothers reunion
Спојлер: За следната епизода Има ли нешто по-cute од ова? Одвај чекам 9ти, што ни направија вака да чекаме две недели.. Ама ајде, барем ќе вреди епизодата. Одамна се чекаше средбава. ^
Спојлер Серијава досега нема промашена епизода.Се е искалкулирано и средено,во секоја епизода има и акција и емотивни моменти,и одличен развој на приказната. Не би сакала Хејли да се мажи за Џексон и мислам дека Елајџа ќе го спречи бракот,ако му значи Хејли колку што си мислам. Клаус ми е љубов најголема,сликата погоре е прекрасна Конечно да си ја видат ќерката,редно беше. Исто така и Кол ми изгледа фино,баш сакам да ги видам како пар со Давина,а акцентот му е ненормално секси,таква фамилија се
Новата епизода беше .... ! Спојлер Подобро не можеа да ја казнат Естер,баш ми е мило.Кол односно Даниел Шарман е најубавото нешто што и се случило на серијава и убава беше сцената со него и Давина.Прејака беше и сцената со Хејли и Елајџа,но,јас сеуште сакам таа да биде со Клаус заедно. Кога првпат Ребека рече дека ке го прифати договорот помислив дека ке живее во телото на Ками,ама потоа стана очигледно дека нема.Новото тело не е воопшто убаво за неа,исе надевам нема да го задржи долго. Едвај чекам нова епизода!
Спојлер: с02е09 предобра епизода. Конечно елајжа и хејли попуштија не можеа да издржат повеќе исто и за кол и давина ми е мило, само давина ме нервира што сака да му наштети на клаус сцената со селфито најака само што ептен кратко ја имаа сликата. Не е фер на Ребека секогаш да и се случува најлошото, дај нека биде среќна еднаш. Жал ми е за неа. И за Естер што ми е мило, си заслужи тоа да ја снајде
Од серијава имам гледано само 2 епизоди и третата до пола и морам да кажам дека се многу досадни! Кога видов дека има ваква серија мислев дека ќе почнат скороз од почеток како станале вампири па нивниот живот. Така ќе беше поинтересно. Тие даваат флеш бекови ама не е тоа тоа. Ако направеа серијава да почне од почеток ќе можевме да имаме мислење за сите ликови (не дека немаме) ама во твд се се врти околу Елена-Дејмон-Стефан и секогаш се во прв план. Мене не ме интересира Хејли и бебето, мене ме интересира нивниот живот раскажан во епизоди. Имам една причина да ја гледам серијата - Клаус, дај те ми повеќе
Па нема да е толку интересна серијата ако они даваат 1000 години во епизоди. Едвај чекам да почне пак, на 19ти излегува нова епизода. Ако не ми го вратат Елајџа како што си беше ќе ги тужам.
Конечно ја изгледав новата епизода. Спојлер Интересна беше.Клаус и Хејли уште не ми се преболени.Многу си идат заедно и се надевам дека повторно ке ги спојат.Не знам што сакаа да направат со Елајџа и Камил ама воопшто не беше во ред.Волците ми се мене крајно досадни и сета драма со нив.Освежување на серијава е геј парот Џошуа и волкот.Се на се,добра епизода ама има и многу подобри епизоди серијата.