Ја мислам дека Камил ќе му помогне на Елајџа со психите што го фаќаат Не ми се верува да ги спојат како пар.
^Се согласувам.Плус Клаус се гледа дека ја свиѓа Камил,па Елајџа не би направил ништо,а и Камил го свиѓа Клаус,само не сака да си признае
Spoiler Не беше толку лоша епизодава,вака како за почеток. Не верувам дека целат на спојување меѓу Ками и Елајџа,а се согласувам дека она може ќе му помогне со психата.Колку и да сакам Хејли и Клаус да завршат заедно гледам дека продуцентиве упорно ја спојуваат со Елајџа, ма да и така се согласувам , се додека не ја омажат со Џексон. Кол и Давина ми се вистинско освежување, ептен си одговараат , а и се надевам дека Кол не сака само да ја искористи како што знае да испадне глупак. Фин ми гази по нерви и дефинитивно Клаус треба да му покаже каде му е местото!! Интересно ќе биде, еве се откри дека Фреја е жива,мислам дека е под некоја магија ,затворена ама ќе биде јако кога цела фамилија Мајклсон ќе биде на окопу
Spoiler Јас искрено се надевам дека не е вистина тоа со клетвата дека секое прво родено дете ќе мора да умре. Ако се случи нешто на Хоум ќе кинам коси. Мислам дека ова со Фреја (јас очекував да се врати сестра и на Естер во серијата со цел да ја убие Хоуп, ама ете не направија така) потврдува дека не мора да умрат првородените. Инаку и јас мислам дека не целат на спојување на Елајџа со Ками затоа и прашав погоре, мене не ми делува така. Убави ми се со Хејли ама па ќе биде чудно после, прво со Клаус била со него има дете и сега со Елајџа, не ми оди некако.
Spoiler Да да,ја затоа многу се нервирам со љубовниве триаголници во серииве. Така и во ТВД направија така и тука,ептен ми е глупо тоа,има дете со Клаус,заљубена е во Елајџа,ќе се мажи со Џексон. Глупости! А иначе го делам твоево мислење ако ја убијат Хоуп,ќе зафркнат многу добра сезона,а со самото тоа дека Фреја не е мртва мислам ќе најдат начин да ги спасат и двете од сестра и на Естер која мислам ќе се појави кај и да е. Мислам Клаус никогаш не би дозволил да и се случи нешто на Хоуп,затоа и ми е омилен лик,ќе ги испоубие сите ако ја допрат!
Ептен сум изнервирана од некои постапки на ликовиве. Spoiler Еве поточно за Клаус и за Хејли.Значи првобитно договорот им беше да ја заштитат Хоуп и заа неа нели знаеа само Клаус,Хејли,Марсел,Елајџ и Ребека. Е сеа и Ками мораше да дознае нели мораа да ја заштитат али сепак мислам можеа да а скријат на др место,а за Хоуп да се грижи Елајџа или еве во краен случај Ками може да се компелне , ќе забораи дека Хоуп некад постоела и кој би се сетил дека она знае. Ете тука Клаус го обвинувам,ама Хејли мноогу ме изнервира. Знае дека при самиот ритуал ќе треба да ги открие сите тајни,а со тоа дека Хоуп е жива и она постапува толку себично и дозволува нејзиниот пакт волци да дојде на прво место! Знае дека колку повеќе.луѓе ќе дознаат толку ќерка и е во опасност и таа пак продолжува. Клаус толку ризикуваше што и сопствениот татко си го уби да не дознаат само и да не и наштетат,а типката спремна е да се заколне на вечна љубов со Џексон кој патем ми ептен језив тип. Браво Хејли, тоа е пример за мајчинство!!! Се надевам дека намерно вака не залажуваат инаку многуу ќе се разочарам!
Spoiler: S02E11 Ова е серија што досега не ме разочарала со некоја епизода. Сите ми се интересни. Посебно ме интересира што ќе се случи со Ребека. Супер и е новото тело, добар избор на актерка направиле. Само малце ми се крипи тие што држат контрола во куќата. Ете сега Фреја, сестрата, ќе ја вмешаат, па би требало да е интересно. Иако Давина глуми арогантна цуца, преслатки ми се заедно со Кол. Едвај чекам да му го вратат вистинското тело (АКО уопште се деси тоа), ама тогаш не знам колку би си одговарале двајцава.. Џексон е сооооонце, во последниве епизоди ми е симпатичен. Ептен се грижи за Хејли. Како и да е, очекувано е Клаус да ја спречи венчавката. Не верувам така лесно да им дозволи да направат таков чекор.
Абе што знам,во право си,ама...Еве како јас гледам на тоа.И да греши,не го прави тоа намерно.Пак значи крајната цел и е да ја заштити Хоуп.Затоа и го прави ова што го прави со Џексон,за да можат да бидат алфи да контролираат цела група волци поданици што буквално ќе прават се за нив. Мене на почетокот реакцијата ми беше : "Ама не ни требаат волците,татко и е Клаус и она е дел од оригиналното семејство вампири",ама од друга страна коа ќе подразмислиш и кога ќе ја видиш поголемата слика,колку е добро сето тоа,толку е и лошо. Клаус има мнооогу непријатели. Инаку не знам за вас,ама мене многу ми пречи типов што го глуми Фин.Или подобро кажано како Фин е претставен. Кога го мислеле плотов,мислам дека требале како bad guy да стават некој сосема друг лик.Фин секогаш ќе ми биде оној мирниот,послушниот,греотката,што беше лудо вљубен во Сејџ! Ај мислев дека е до промена на актерот,ама ете Кол го навикнав,а со Ребека воопшто и немам проблем зошто новава актерка ја доловува супер.Иако Clair Holt вечно ќе ми фали зошто е една и единствена.
Spoiler Лееееле Фреја уништува, едвај чекам да видам што ќе се случува во идните епизоди. Инаку да, мене многу ме иритира Фин а и самиот глумец кој го одбрале да го глуми. Во претходните епизоди кога го имаше на него ни глас не му се слушаше а сега.. Ја се чудам што сака да прави со бебето, зарем би го убил? Мене исто, Ребека ми ја погодиле 100% со актеркава, иако Клер беше одлична и баш ми е жал што нема да ја гледам повеќе. Може ли да додадете во насловот на сериите СПОЈЛЕРИ и да не мора сега ние на секое мислење да ставаме сами? Тој што е на почеток ќе си знае дека има и нема да отвара на крај на темата, вака сега тука дискутираме за сериите секоја недела и мачно е само да отвараме. Или нешто како известување нека биде горе дека има спојлери па просид вит кошн. M, изводливо или ? @RainBow
Spoiler Да,се` е тоа океј ама пази Хејли знаеше кој е Клаус и колку непријатели има уште пред да се сплетка со него,така да ќе си трпи последици сега. Не може да му сврти грб и да го набедува него или да ја заштитува Хоуп од него. Ако некој може да ја штити Хоуп тоа е само Клаус,секако со помош на Елајџа,Марсел и другите вампири. Јас ја сфаќам и Хејли дека на тој начин ќе ги контролираат волците ,а тоа е предност секако,ама првенствено она требаше да седне и убаво да збори со Клаус за ритуалите,а не сама да носи одлуки,сепак тоа е дете на двајцата. И мислам дека избрзува , дека главна закана сега е Фин кој е се` помоќен и треба да се решат од него пред да ја откријат вистината на сите..ама ете и Фин бил паметен па ги склопи коцките. Епизодиве се се` поинтересни,а новава ептен creepy ми беше,не знам дали заради Фреја што очигледно ја има таа налудничава Мајклсон жичка Се надевам она ќе им помага против Фин, за сега како што ја претставуваат е најмоќна.
Уште од почетокот така си функционира подфорумот и нема причина тоа да се смени. Не е којзнае колку напорно да се стави еден спојлер. Ако почне некој да гледа некоја серија и сака да праша нешто во темата нема зошто да биде спојлерисан кога имаме спојлер токму за таа намена.
Spoiler Епизодите се навистина супер,до сега немаше ни една лоша.Единствено нешто што не ми се допаѓа се глумцитее што ги глумат Фин и Кол.Како што некој рече,Фин што го глумеше предходниот глумец беше толку фин добар а овој воопшто не ми се допаѓа,страшно одвратен.Стариот Кол ми фали затоа што прво пред се,го обожавам Натаниел страшно секси ми е и овој што го глуми сега,не може ни пола да ја долови неговата улога,односно вистинскиот карактер на Кол,беше исполнет со злоба па и самата негова фаца беше таква.Хејли прави малку непромислени работи,без разлика што Клаус ја дозволи венчавката,Фин ке дознае за Хоуп...Така да исто е,ќе има војна сигурно за нејзино спасување.ЕДвај чекам.Фреја сега за сега ми остави добар впечаток и се надевам дека ке биде од страна на Клаус,Елајџа и Ребека.Новата гллумица ми е одлична,самиот глас е сличен како на Клери.
Spoiler Е тука се стоооопив. Иако после тоа следеше кршење на вратот,ама добро си заслужи и Хејли не викам не. Ама се гледа колку му значи на Клаус,каков Елајџа,каков Џексон,дај спојте ги веќе еднаш па луѓето и ќерка имаат,заслужуваат да бидат заедно!!
Spoiler: S02E13 Kонечно дознаа сите за Хоуп,доста се маткаа со тајната. Добро,една работа не ми е јасна,што побогу е Хоуп? Според некоја логика е хибрид како татко и,ама како ја изгаси колата,тоа е магија,фактички и вештерка е? Wonderkid И конечно ќе се биде свадбата на Џексон и Хејли,or not..
Spoiler Предобра епизода.Барем мене ми беше..Цело време се плашев дека Фреја прави нешто на автомобилот или ќе излезе пред нив,но кога сфатив дека тоа е всушност Хоуп,буквално ваква ми беше фацата Мило ми е што се смири Кол со Ребека и Клаус Според промото Клаус нешто му подготвува на Џексон или погрешно сум разбрала,но подобро да не прави ништо за да Хејли не го мрази. Како што рече феминката погоре,навистина би било убаво да беа заедно,без разлика што имаат дете заедно,бидејќи таа најмногу ми одговара со него
Spoiler Дали сезонава ќе има некоја лоша епизода? Како идат епизодиве се подобри и подобри. Многу ми беше жал за Кол, оттсекогаш се чувствувал како аутсајдер ама оваа страна на Кол е онаа што ја сакам,баш како што му рече Бекс,а со самото тоа дека Клаус му го довери својот живот нема да прави пак сплетки и се надевам дека ќе го спасат ептеен ми прирасна за срце како лик ,а и ги сакам заедно со Давина Клаус уште еднаш докажа дека се` ќе направи за Хоуп, а во овој случај правилно постапи Хејли што го послуша Марсел и не направи некоја непромислена глупост. Не се ни сомневав дека Елајџа ќе направи се` да ја спаси baby Хоуп,ама целата заслуга треба заслижено да оди кај Кол,барем според мене Крајот е дефинитивно збунувачки,зашто тогаш Хоуп би требало да биде hybrid-witch ?
Spoiler Не знам колку се сеќавате но еднаш во првата сезона кога се врати тој од мртвите Папа Тунде,нели ја конторлираше Ребека?Тогаш Хејли и Елајџа ја најдоа,и за да ја прекинат врската им требаше крв на вештерка.Тогаш Елајџа кажа дека бебето на Хејли е четврина вештерка,мислам дека е по мајката на Клаус,но,не знам.
Spoiler: S02E14 Одлична епизода.Колку и да ги сакав Хејли и Елајџа заедно,во право беше таа,Елајџа премногу чекаше.Церемонијата беше преубава,едноставна ама совршена венчавка. На вториот дел од епизодата се преплакав,зар мораше Кол да умре,баш сега кога се смирија работите,кога ја има Давина.. Навистина се надевам дека ќе го вратат,по можност со старото тело,ама и ова не беше лошо. И да,бебето е вештерка,како што би биле сите првородени во генерацијата,затоа Далија ги сака и мислам дека оваа сезона ќе се сконцентрираат на неа.Само,не знам што сака Фреја и како се ослободила од тетка и штом вика дека е моќна.