Спојлер Срцево ми се стопи на последната сцена меѓу Клаус и Фреја. И многу ми е мило што полека им се развива односот за разлика од минатата сезона,а Фреја сакам постојано да остане,одличен лик е. Плус во иднина сакам да ги гледам со Хоуп како практикуваат магија. Одлична епизода,навистина се интересни и напнати,наредна башка со Стефан, не можам да замислам какво финале не очекува. Баш ми се свиѓаше сцената меѓу Клаус и Хејли и како дојде да побара помош од неа. Им се подобрува односот,а и Хејли е одлична сега за сега. Давина и Кол ми се срцки,плус Натаниел како Кол е вистинскиот,одлично го доловува и сакам за постојано да се врати. Како и секогаш,крал!!!
Сакам Кол да го вратат,одма! Се навикнав на плавиот,ама сепак овој оригиналниот многу повеќе ми се допаѓа. Клаус и Стефан ќе бидат интересни за гледање,одлична двојка се.Едвај чекам да дојде кросоверот.
Спојлер Имам гледано само до 11та епизода и последните две епизоди односно 10та и 11та беа предобри ! Многу ми фали Клери Холт старата Ребека и ми беше мило што барем ја имаше во неколку епизоди. За Хејли ми беше ептен жал,Џексон не очекував да умре така Фала богу одвратниот Тристан го средија ептен добро,така му требаше. Сега баш ме интересира каква ќе биде Ками како вампир и фала богу ја споија со Клаус конечно. Знам дека Кол се враќа и сакам да го вратат на подолго,омилен ми е
Спојлер Едно ќе кажам, Давина е ку*ка.Сите вештерки можат да умрат, ама нели Давина е ангелче, она мора да живее. Секогаш му правела проблеми на Клаус и еднаш не им текна да ја убиат.Колку што го сакам Кол во серијава, толку не ја сакам неа. Браво, ја прекинавте sireline, го направивте Клаус слаб, што е наредно Џули? Смртта на Клаус? Едит: Имам една теорија, што ако магијата е неуспешна? Давина собра доволно моќ од sireline-от и имаше крв од Клаус и Елајџа за да го врати Кол, е сега, што ако sireline-он е прекершен само поради преголемиот притисок од вештерките, па кога Клаус ќе се врати во форма, sireline-от можеби пак ќе се врати Инаку би ми немало смисла сите вампири што ги претворил Клаус да не бидат врзани за него, сепак тука зборуваме за лојалност.
Спојлер Леле значи предобра епизода!!! Срцево ќе ми излезеше од возбуда. Уф не знам од кај да почнам, премногу моменти за паметење. Прво Стефан ептен добро се вклопи, осеќав дека ќе ја искористат Рејна Круз и одлично им испадна планот и каква беше таа хемија со Фреја, повеќе хемија во 1 минута со неа оттколку со Керолајн цела сезона. Фреја полека ми станува од омилените ликови, после епизодава посебно. Исто и Хејли, ми се свиѓа нејзината лојалност и грижа за Клаус. И секако еден од најдобрите моменти кога ја прободе Аја! Елајџа испадна голема кукавица!!! Што не е случај со Клаус, убаво и покажа на Аурора, тоа и го заслужи, полошо од смрт. Марсел испадна многу фер и баш ме изненади и тој почнува да ми се свиѓа во последно време. Давина... ептен опседната со Кол и успеа на крај, ме изнервира што ја прекина врската на Клаус и ако му се случи нешто, ќе ја мразам многу ама сепак сега за сега се радувам за Кол. Се надевам ќе остане и ќе си бидат една среќна фамилија Оригинални, not.
Спојлер FINN IS BACK BACK BACK!!! Не знам зошто се испорадував толку ама конечно фамилијата се собра. Не ми се догаѓа планот на Клаус, сепак тој е најсилниот вампир/врколак и не треба да им се плаши на непријателите.Тој има цело семејство, луѓе што го сакаат (Керолајн пример ) моќна вештерка покрај себе нема смисла да бега. So what's the big problem? Ете ја Фреја може да ја викнат и Бони, две моќни вештерки, cookbook-от (книгата за магии) на Естер, една рецепта и Клаус ќе ја има својата sireline назад a+b=c Кол ме разочара.Сеа ќе се праи папучар за Давина? I mean hello! Доволно беше така да ги гледаме Стефан и Дејмон, немој сеа и него.Уствари да, може да прегладнува и од глад нека ја исцица Давина
Јас би сакала стварно да се префрлат некои ликови од ТВД во Оригиналиве, пример Стефан и Керолајн, па може тука и некои комбинации на Стефан со Фреја а Клаус со Керолајн да излезат, не би ми пречело ама ич
^Џули рече дека има голема шанса за тоа. Јас сакам тоа да бидат Стефан и Бони. А и не верувам дека ке дојде Керолајн во NOLA, таа во реалниот живот има бебе, па не мислам дека Кендис би прифатила таква понуда. Спојлер Стефан претходната епизода - колку се само совпаѓа таму. Таман си е бе, баш би било убаво ако дојде! А на најновата епизода... крајот беше ПРЕКРАСЕН. Кога ги видов Клаус, Хејли и Хоуп сите заедно како семејство ми се стопи срцето. Прекрасно. Оваа серија е дефинитивно една од најдобрите. Клаус и Хејли ми се омилени ликови. Давина ме највеќе нервира од почетокот, но секако дека не сакам да умре, тоа никогаш не би можела да го кажам. Плус баш ме интересира каква е таа магија што направи Кол да се појави гол.
Спојлер И Вампирите и Оригиналните оваа недела некако тажни,меланхолични епизоди,како завршни Искрено не ми се допаѓа идејата Клаус да бега,бидејќи тој ми е најдобар во Њу Орлеанс,ама јасно беше дека нема друго решение.Барем Хејли и Хоуп се со него.Инаку не знам порано дали имам кажано или размислувано,ама Хејли и Клаус некако повеќе одговараат отколку Хејли и Елајџа.Карактерно посоодветни се И Камил ме нервира веќе,мислев она ќе отиде со него,сега кога ќе размислам,мислам дека онаа епизода каде што ја споија со Клаус беше само за задоволство на фановите.Колку и да се радував,не е убаво така што прават продуцентите,милиони фанови различни работи сакаат,се губи текот и целта на приказната.И за Керолајн и Клаус е исто,што сакате кажете. Кол е тука,добар бонус,а се знаеше дека нема да издржи да утепа некој. И Фин е тука,истиов глумец беше и порано? Бидејќи лепотанче бил,немам го приметено порано.
Спојлер Камил, ти злобна кучке! Значи како му го скрши срцето на Клаус, ја мразам. Искрено мислев сега кога е вампир ќе застане до него, конечно заедно ќе бидат, а она ми стана неподнослива, нејзе се и смета, само се жали постојано. Што заклучив досега е дека нити Клаус нити Елајџа немаат среќа во љубовта, а многу ми е жал за Клаус дека сите или го изневеруваат или го одбиваат. Како жалче е па. Многу ми се свиѓаше крајот, Хејли и Хоуп со него. Барем вистинската фамилија не го напушти. Знаев дека Кол ќе има проблеми сега кога е пак вампир, само се надевам нема да го отупат со тоа. И како е Фин жив? Да не му се привидува нешто од другиот свет? Се надевам дека не е вратен зашто одвратен ми е Фин.
Спојлер Lucian the mastermind. Did not see that coming. Навистина се изненадив, уште од кога се појави ми беше така лигав, цело време трчаше по Клаус ко кученце ,а цело време имал агенда. Се сомневав на почеток нели кога го претставија ама со сите работи што се исподесија ова сега баш ми дојде како шок. Интерсно ќе биде, се ближи и крајот. И се' повеќе ја засакувам Хејли, пресмешни се со Клаус и супер пар се. А мислам нема епизода Клаус да не те изнасмее. Срце е бе.
Спојлер: S03E17 Сериозно? Аурора пак? The Beast? I don't want to live on this planet anymore. И што имаат против Мајклсонс оние проклети цркнати вештерки. Винсент ме изненадува, никогаш не мислев дека ќе биде толку лојален на Мајклсонс. Едвај чекам да видам дали ќе успеат да ги сопрат вештерките со Давина. И секако, сакам да ја видам Керолајн како го убива Лушиен. И да, дејствието во оргиналиве кога се случува? Од кога во Мистик Фалс има луѓе?
Спојлер Што солзи си исплакав на сцената со Фин, сепак жал ми падна, посебно за Фреја, одлична глума цела бев наежена. И сцената коа го испраќаа многу моќна, ќе си ја вбројам во топ 5 најомилени. Одлично режирање Џозеф Морган! И како се приближува крајот ме фаќа некој бед, многу ја сакам серијава дури до тој степен веќе сите ликови што не сум ги сакала на почеток на сезона сега ми се при срце, Винсент, Хејли, дури и Давина беше добра епизодава. Само Кол да остане и да не му се деси нешто.
Спојлер: S03E17 Мене многу ми се допаѓа темпото на серијава,и ептен ми прирасна за срце.Онака ликовите сите си се убаво скоцкани,со мерак да ги гледаш. Луциен и Аурора,новото злобно дуо,па зошто да не? Не сфаќам зошто оние Предците на вештерите толку време ги претставуваат како добри и со светла магија,кога од почеток апла се гледа дека си имаат некоја нивна ретардирана,возвишена замисла Конечно се виде какви се,кога му помогнаа на Луциен со серумот. Чисто поради тоа Винсент сака да ги нападне,не толку да им помогне на Оригиналните,колку што да ја избегне контролата,пошто се понашаат со вештерките како кукли,тие да ги држат сите конци. А за Фин,епа не ми беше многу посебен лик,ама сцената многу тажна и жал ми падна за Фреја,башка убаво се соедини семејството. Клаус последниве епизоди е право злато,посебно во тоа како ја третира Хејли,најубав е Едит: Песнава зараза