Спојлер Фин не ми беше еден од омилените но сепак сцената беше ептен тажна,си се изнаплакав.Камил ми е на моменти многу непотребна во серијава и убаво ми е кога ја нема. Сцените со Хејли и Клаус ми се најомилени Кол ми е срцка и баш ми е мило што е вратен но не ми е стариот злобен Кол и се надевам нема да има никакви клетви или да му се случи нешто.Лушан ми беше интересен сега баш ме изнервира што мораа да го направат ваков -.-
Спојлер: 3X19 Епизодата е лудило...Не ми се верува дека Ками умре..Не ми беше омилена ама Клаус дефинитивно ја сакаше..Ептен плачев на сцената меѓу нив пред таа да умре.Ненормално тажна епизода баш ми е жал за Клаус.Давина сигурно не е мртва,нешто оние лудите ке и прават..
Спојлер Си ја истурив душата. Стварно болна епизода,не е фер,значи еднаш не го оставија Клаус да биде среќен,зошто се такви нехумани.Ми се допадна како се собраа сите,без разлика какви конфликти имаа,сите ја сакаа Ками,им ги допре животите на различни начини. Жал ми е и за Кол и Давина,не ја развија врската, стално у проблеми. Ама сепак, Клаус ...
Спојлер: НЕ Е ФЕР!!!! Јас последниве 20 минути се удавив во солзи, значи уште не можам да се соземам. Добро бе луѓе па нели и Клаус заслужува да биде среќен, аман! Ками не ми беше нешто посебно омилена, зависи кога како ама да ја убијат, не може, не не не. Мора да ја вратат некако, мора. Срцево ми се искина за Клаус, душа напатена.
Спојлер: :( Ова беше најтажната епизода, од сите 3 сезони, се убив од плачење, не е фер дефинитивно спрема Клаус, никогаш не го остаја да биди среќен значи никогаш, се надевам дека ќе најдат начин и да го убијат она чудовиштето Луциен оти не го варам, од никогаш значи, Аурора такоџе. Фреја ми е омилена и ептен ми е лик прираснат за срце, ептен ми е срцкаста, нејќам да заврши серијава се соживеав со ликовите, заразена сум со серијата, Кол само проблеми и со него и Давина, одвај ја чекам следната епизода, одвајјјјјјјјј
Инаку читав интервју со некој од продуцентиве, а и изјава на Leah Pipes и како што разбрав била отпуштена. Продуцентиве демек сметале дека толку е од приказната на Ками и Клаус, се било кажано завршено, односно ја сметале за непотребен лик и решиле да ја елиминираат. Колку е ова вистина, дали е некоја маркетиг измама да видат како ќе реагираат фановите или глумицата се испокарала со продуцентите не знам. Дури и на Џули Плец и било наредено од самата телевизија да напише вакво сценарио. Што е работава не знам..
Даа,и јас такви работи прочитав,а по се разбрав дека Leah не сакала да си оди,туку ја отпуштиле.Кој знае што станала работата
Спојлер Не ми се допаѓа ова што вака ги раскараа две епизоди пред крај. Да, океј е ги сфаќам и Марсел и Винсент посебно Марсел по се тоа што направи за нив, никогаш не ги предаде, цело време на нивна страна стварно го погоди смртта на Давина, како помала сестра му беше. Ама ја сфаќам и Фреја сепак се работи за нејзиното семејство, не е она виновна. И мислам Марсел е во право, они секогаш ќе си го ставаат семејството на прво место. Од еден непријател се ослободија, друг можеби поопасен си создадоа. Едвај чекам последните две епизоди и мислам Давина ќе ја вратат некако. Две битни личности не ми се верува да убијат.
Спојлер: S03E20 Давина ич не ми се свиѓа како лик, може само на почетокот, кога се уште беше мила и не толку лоша. Мислам дека заслужи да умре..(ама претпоставувам дека ќе се врати од мртвите). Марсел не знам што толку се буни, колку што ги спаси Клаус и остали, толку и ги уништи и фер е да пати. Ама сега најверојатно откако ќе ја испие напивката т.е серумот, ќе стане најсилен непријател на цела Клаусова фамилија, вклучувајќи ја и Хејли. Како и да е, Фреја немаше голем избор или Давина или Ребека. И, доколку на местото од Фреја беше Давина и кога би избирала, би го избрала Марсел бидејќи е нејзината "фамилија". Така да постапката што ја направија Фреја и Елајџа беше правила ---> Always and Forever. Хејли значи ко што приметив, сите и пикаат рака во градниот кош да и го земат срцето
Спојлер: S03E21 Лелеее, не ми се верува дека Марсел е мртов. Не очекував дека Елајџа ќе го убие т.е ќе му го откорне срцето. Давина веќе нема да се врати. Битно од мрачниот свет ги уништи сите претци-вештерки, за да не можат да командуваат со вештиците и другите живи луѓе во Њу Орлеанс. Спојлер ХАХАХАХА се шалам, Марсел - he is alive Мајклсонс мислат дека е мртов, Клаус му е лут на Елајџа и го обвинува. . Немаше друго посебно во епизодава.
Ништо не коментирам се до наредна епизода за да не си ги расипам претпоставките како минатата сезона, само ќе пишам дека оддамна вака не сум чекала некое финале!!!
Спојлер: Финале Уфф,страшно добар завршеток на одлична сезона.Оригиналниве стојат цврсто,имам речено и пак ќе речам,немаат промашено епизода,ликовите им се градат совршено,додека некои се рушат..за жал. Искрено,поинаков крај на сезоната ќе беше неверојатен,бидејќи се зборуваше за пророштвото уште од самиот почеток и добро беше што го испочитуваа продуцентите до крај. Вака,ги закопаа сите Мајклсон,ама ја покажаа последната алка од промената на Клаус, конечно тој се пожртвува за семејството,и тоа во вистинска смисла на зборот.ОД еден ладнокрвен убиец без обзир за никого,навистина далеку стигна,а кој што сака нека рече,Ками му беше најголемо влијание,а суштинско беше љубовта спрема неа и Хоуп. Бебето заслужува повеќе акција.Си пуштив солза од писмото,монолозите на Клаус најубаво ги пишат Мислам дека следната сезона ќе има time jump , за да се спојат со Вампирските дневници,нели Керолајн рече дека го немаат видено Клаус 3 години,што значи тој сеуште е закопан,а Хејли уште бара лек. А Марсел,можеби жали за ова што го направи,ама една работа што Винсент фино му ја посочи,тој е краен лицемер.Бидејќи колку и да му наштетија Мајклсон,поточно Клаус,во никој случај не може да се пожали дека живеел мизерен живот.Тие го прифатија и одгледаа уште од мал,а да не забораваме колку време владееше со Њу Орлеанс. Патем,не сфаќам Винсент како соработуваше со него и што всушност очекуваше,кога Марсел никогаш немаше согласност со вештерките,секогаш ги понижуваше и ги држеше под строг режим.И после се,на крај ја доби истата судбина како стариот Клаус,осамен и крвожеден убиец.Крал на никого.