Спојлер: 3X22 Добро финале ептен јако,се убив од плачење..искрено мислев дека Кол ќе умре кога го видов промото ама фала богу некако направија вака сите да ги заштитат додека да им најде Хејли лек.Ме изиритира Елајџа тогаш кога со Фреја изиграа себично во врска со Давина,значи да секогаш им е семејствотото пред се но не беше фер.. Многу себично делуваа.И во оваа ситуација Клаус не беше крив а сепак се жртвуваше за целото семејство. Особено сцените со Хоуп ми се најтажни.Баш ми е мило што ја вратија Ребека за финалето, фалеше. И единствено што не ми се допадна е тоа што се повтори ова со Марсел, повторно се свртува против нив,веќе видено но добро.Винсент ептен убаво му кажа.За Давина одбивам да верувам дека е навистина мртва, некако имам чувство дека ќе ја вратат наредната сезона. Плус Даниел не се збогуваше на никаков начин како Леа со фановите така да ,не верувам дека баш е замината од серијата.Останува да видиме..
Не знам зашто ама секогаш финалињава на Оригиналниве ми го кинат срцево. Одличен завршеток на една одлична сезона. Спојлер: Финале :( Клаус е еден таков неверојатен лик што додека ги слушав двете страни како го осудуваат сепак се што кажа беше во право. Може бил злобен и себичен ама да не беше он никој од сите тие вампири што дошле да го осудат немало да постои. И тука дури ми текна на Давина дека она е највиновна зашто ништо од ова немаше да се случи ако она не ја прекинеше линијата на Клаус. Дали тогаш Марсел ќе се осудеше да направи нешто вакво. Сигурно дека не. Само што очекува сега не знам, како тоа се разликува од Клаус кога истите работи, диктатура он ја прави. Ама полесно е да обвиниш некој друг и за своите грешки, а Марсел е далеку од безгрешен. Никогаш нема да им даде слобода на вештерките, не знам ни Винсет што мисли, дека ќе се смени нешто кога Мајклсонс ги нема кога Марсел е само нивна бедна копија која се теши дека е подобар. Се изнаплакав на крајот, се жртвуваше за својата фамилија, за Хоуп и никој веќе не може да каже дека е себичен. Инаку не знам дали прочитавте ама серијава е одложена за midseason, за јануари и јас ептен се изреволтирав. Не знам со кој памет прават вакво нешто CW ама подобро би било да не мислат на откажување зашто моментално им е најдобра серија.
Нова сезона во јануари? Ова сигурна информација е? Кој ќе чека до јануари, што им е на овие. Скоро цела година. Значи секое финале на Originals е да паднеш од столче. Ми се допаѓа серијава што никогаш не можеш да предвидиш што ќе се случи. Следно мислам дека ќе продолжи после повеќе години кога Хоуп е веќе порасната. Ќе видиме што ќе биде, ама многу е далеку следната сезона ако веќе навистина ја почнат другата година. Преголема пауза е тоа.
Потврдено е од самата телевизија, а и ја нема на распоред од октомври. И најново како што прочитав е дека ќе биде нели midseason ќе има од 10 до 16 епизоди максимум. И ќе треба една година да чекаме, well done CW.
Јас читав демек така ќе било за повеќе да се совпаднела приказната со Вампириве, зашто оваа сезона ќе биде 5 години подоцна. Ама вака е кажано од продуцентите. Инаку демек вистината била дека рејтингот многу и паднал затоа решиле да ја стават midseason и има големи шанси да ја укинат. А најново прочитав демек бидејќи CW сакале да ја прекинат, ABC сакале да ја откупат за да продолжи таму. Не знам колку информацииве се точни, ама јас сум многу разочарана и според мене оваа е 100 пати подобра серија од TVD и многу ќе ми биде криво ако ја укинат.
Јас исто разбрав дека финалето од ТВД ќе се совпадне со Оригиналите, сега не знам кој каде ке оди битно сите бидат заедно на исто место...
Оригиналните и на мене ми се каде каде подобри од Вампирите, многу се разочарав кога видов дека ми ги нема во календарот со епизоди. Инаку многу ми се допаѓа идејата за последна епизода на ТВД со Оригиналниве, ми фали некоја сцена на Клаус со Керолајн.
КОНЕЧНО, КОНЕЧНО! Спојлер Каков comeback беше ова..си ги имаат најдобрите премиери дефинитивно. Хејли,badass, најјака немам коментар, како ги среди сите во 2 потега. Се стопив на сцената со Елајџа, е така се доловува емоција кога не се виделе 5 години, а не ко Дејмон и Елена. Марсел, одвратен, убаво му кажа Клаус дека он без него е ништо, само еден обичен кукавица, што не знае сам да си ја реши ситуацијата и одма иде на помош кај него. Па уште како си ги зема заслугите Ја чекам епизодата кога Клаус ќе ја види Хоуп и се надевам поскоро ќе биде, Хоуп е срце, многу е слатка. Ама имам чувство сезонава ќе биде нешто со вештеркиве, прво малово детенце, после симболот што го црташе и Хоуп, ама со помош на Фреја, која btw е исто така многу моќна сезонава ќе биде возбудливо. Одличен старт, одличен !!!
Не сте фер па, сама си коментирам Ептен емотивна ми беше епизодава, сите конечно заедно и добро е после толку време да се видат и Ребека и Кол.. жал ми е што оваа сезона се наведени само како guest stars и што ќе ги има во малку епизоди, најинтересно е кога се цела фамилија на окупу. Конечно и Клаус го спасија и конечно reunited со Хоуп. Како му се насолзија очите на крај кога ја виде, едвај ја чекам наредната епизода кога Хоуп ќе го види. Душа бе, душа
Сакам епизодиве од новава сезона да траат по уште 40-тина минути, ептен ми се добри епизодиве. Посебно вторава. Многу си ги сакам кога ќе се соберат сите вака, омилени ми се сцените со сите Мајклсон членови. Клаус каков е, маченце, колку само сакав да има reunition со Хоуп во епизодава, ама ништо. Одвај чекам нова епизода, баш ме копка односот меѓу Клаус и Хоуп каков ќе биде, а и тоа со знакот на вештерките. И најјаката сцена од денешнава епизода:
Новата сезона ми е препрепресрцкаста, со душа ја чекам следната епизода. И конечно пресреќна бев што сите сите се конечно заедно и се надевам дека така и ќе види во следните епизоди. Кол ми е љубов, значи љубов и се надевам дека и ќе остани во следните епизоди. Интересно ќе биди осеќам Добар comeback како и да е
"Nothing is going to harm my little girl" Оф срцево ми се стопи. Мислам дека 30 пати ја премотав сцената
Освен сцените на Клаус и Хоуп, што беа adorable, другото не ми беше по ќеиф, епизодата ме разочара. Можеби и јас си имав големи очекувања, посебно по тоа трејлерот што го имаше со првата средба на Хоуп со оригиналниве. Не ми беше интересно скоро ништо, ме нервира тој вештерот, одбивна ми е самата негова појава, а мислам повеќе него го имаше отколку #Klope. И не е фер што пак си отидоa Кол и Ребека, посебно ми е криво за Кол, многу го сакам и ликот и актерот. Ми треба една цела епизода со сите оригинални, без никој друг. Да им се изнагледам како што е редот. И по можност Керолајн конечно да се појави, да имаме уште една сцена во шумата. Единствено добро, како што кажав, беше тоа што го видовме каков е Клаус како татко и се надевам дека ќе има уште многу такви сцени.
Сезонава ќе биде врвна, Клaус и Хоуп ми се преслатки. Сакам да ја гледам Хоуп како расте и станува моќна со текот на годините. Ова може да се спои со училиштето на Керолајн и Аларик. Многу би ми биле badass близначките и Хоуп. И секако Klaroline