Спојлер Новиве волци се прекраснотии! Се надевам дека почесто ќе ги покажуваат, по можност во разголено издание Клаус и покрај се` ми останува омилен. Баш ми беше жал кога го прободеа.. И аман со паузиве! Го претеруваат.
Новиве епизоди апсолутно лудилоо Дека ги изгледав последниве 3 во еден ден, буквално ноктиве си ги грицкав од нервоза. Искрено тоа што му го кажа Ребека на Илајџа за Хејли, до негде е во право. А и убаво се виде дека прво побрза неа да и помогне од колку на семејството, а нели секогаш викаше дека тие му се најбитни. Али ајде до негде и го сфаќам ипак Хејли е бремена и треба да го заштити бебето али тоа што се врати и тој волкот да го спаси, за тоа време Ребека ќе ја најдеше. Клаус ми е најголемо гревче, навистина.. колку се труди пак сите му го вртат грбот ко пола од вампириве , кај го спаси оној Тиери уште овој па му се спротиставува, глупчо! Требаше тука на лице место да го убие па да види дали после некој ќе се осуди да си оди. А за Ребека немам коментар, попатетично створење нема!! Не ми е јасно до кога вака ќе врти планови позади грб, според промово за наредната гледам ќе ја побудалат малку, ваљда и треба да се освести убаво и да одлучи веќе еднаш на која страна е. Ааа, и гледав на страната на CW, официјално е потврдено дека ќе има и втора сезона.. така да ќе има тешка битка меѓу Клаус и Селесте, осеќам
Спојлер Леле,епизодава.Ребека стварно кучка испаднала и доста себична.Малку не фер е што Клаус на сите им ги мери злоделата,а он колку пати ја повредил и неа и брат му.Ама сепак ептен ми падна жал за него,колку беше гревче кога дозна за Ребека,а кога и Елајџа го прободе пуштив солза..Стварно го повредија овој пат,нејкам ни да замислам како ќе им се одмазди..
Спојлер Жаааалче е Клаус бе па Во последно време нема среќа, сите на него нешто му прават. Којзнае како ќе им се одмазди.
Спојлер Јас мислам дека Клаус нема ништо да им направи ниту на Ребека, ниту на Марсел. Баш затоа што е многу сменет, не е веќе оној Клаус што го гледавме во ТВД. Барем јас така го имам тука разбрано и толку многу се поврза и со Ребека и со Елајџа, па дури и со Хејли што мислам дека само ќе ги напраи пепел вештеркиве што му го направија ова. А за Ребека и Марсел стварно немам коментар. Од една страна ја разбирам дека била гневна ама толку ладнокрвно да постапи и да го предаде својот брат не можам да разберам. И како после да не ја чува Клаус во ковчег забодена!! Јас пак истото би и го направила затоа што очигледно не и доаѓа памет и постојано прави исти грешки.
Спојлер Мене искрено ми е жал за Клаус што сето тоа нему му се случува.Не велам дека е светец,ама ни Ребека не е .Јас сепак мислам дека ќе ги бара неа и Марсел за да им се одмазди а тука и Елајжа може да настрада покрај нив.Многу ме интересира што ќе се случува.
Серијава си ја гледам, ама мислам дека не требаше да ги одделат од The Vampire Diaries. Иако ми се исполни желбата Клаус да ја легне Керолајн Ги гледам и двете, ама не ми се интересни како што ми беа Дневниците додека и Првобитниве беа во нив.
Спојлер Мило ми е што конечно раскажаа се како што било и од гледна точка на Клаус.Значи заради Ребека он си станал таков и си ја исклучил хуманоста .Сепак мислам дека нема да ја убие,или Камил ќе се појави и ќе го убеди,или тројцата ќе се договорат,секако не може во тој тек да оди серијата. И ајде нека се смират веќе,не се интересни нивните меѓусебни битки, треба нешто различно да се види. Серијава е милион пати подобра од Дневниците ,така да продолжи
Спојлер Сакам плавушана веќе да ја убијат. Досадна стана. Ама ќе го спречат Клаус од тоа. Или вештерка некоја ќе се појави или Камил.
Клаус нема што да и се лути на Ребека што така го предала. Сака се да е под негова контрола, не им дава да дишат што се вика, и кој е тој да и забранува на Ребека со кој ќе се гледа и што ќе прави. Мило ми е што повремено се појавува една добра страна кај него, дека сепак има чувства. Омилен лик ми е. Елајџа или самиот глумец што глуми многу ме нервира на начинот на кој се однесува и збори незнам зошто али океј, Елајџа е оној добриот. Којзнае како ќе заврши серијава, се изнаслучија многу работи.
^Оти да нема право? Он не е светец,ама после епизодава сфатив дека поради неа си ја исклучил човечноста,фактички се што направил после таа вечер било поради Ребека.Па нормално дека му дошло шок кога најдобриот другар и сестра му биле заедно,посебно пошто знаел какви аферички си имала Ребека,а не сакал да го изгуби Марсел.И како му било на него кога татко му го понижувал и бркал со векови,а он поразличен од другиве,хибрид...Башка Елајџа и Ребека секогаш биле поблиски и секогаш го оставале него настрана.Многу ми е мило што конечно се разреши зошто станал таков како што е и сега тврдам дека нема да ја убие сестра му,ниту па да ја повреди.
Клаус е една незаменлива срцка. Ми се допаѓа карактерот, кој соработува со него се ќе направи за него а кој е против него треба да бега вечно Како и да е, сакав само да искоментирам дека не верувам дека ќе ја утепа Ребека затоа што видов дека Спојлер Ребека ќе биде како таа вештерката споена со телата со Хејли нели ако нешто се случи на Ребека истото ќе се случи и на Хејли, а најмалку што сака Клаус е да му наштети на детето.
Спојлер Ребека ми е нависта глупа, лекоумна жена после ова што се случи со Клаус. После 1000 години зарем не научила дека Елајџа и Клаус и се единственото семејство, па штом решила за љубов да го предаде Клаус на Микаел. Демек не знае каков ефект има он врз Клаус, па баш него морала да го најде. А и Марсел, по се што направи Клаус за него, он така му враќа. Којзнае колку пати му го има спасено животот, па и заради него станал вампир и си има вечен живот. И Марсел испаѓа паметниот што решава дека Клаус треба да умре. Живи глупости. Сакам сега Клаус сите да ги испоубие, ама нема, серијата е баш за нив тројцата, не може туку-така да ја убие Ребека. Ако играат на таа карта што Speechless ја кажа, глупаво ќе биде. Уште тоа фали да го направат Ребека и Марсел, да го уништат и последното нешто што му значи. Доста за епизодиве последни, еве нешто смешно што најдов на тамблр, па уште пишале и коментар: "Не знам како ќе можам да го гледам Клаус со истите очи од сега.." https://www.youtube.com/watch?v=6BsdX3MjAK4
Спојлер Абе нема Клаус да ја убие Ребека,сега таков е зашто е бесен после ќе се смири.Овој Марсел ептен е затреска во Давина или што?Многу ми е глупаво некако ова со Хејли и Елајџа иако многу си одговараат ама па оваа го носи бебето на брат му.
Спојлер Ох леле душата си ја изгубив во епизодава Цело време напнато беше,знаев дека нема да ја убие Ребека,ама очекував нешто друго.Оној момент кога зборуваа колку се ментално оштетени,се дупнав плачејќи...Мислам дека полека полека Клаус ќе си ја врати човечноста,а Ребека и Марсел добија многу повеќе отколку што заслужија.
Спојлер Епизодава ми беше преемотивна, значи си испуштив неколку солзи. ЗНАЕВ, ЗНАЕВ дека Клаус нема ништо да и направи на Ребека ама некако потајно си се надевав дека она нема да замине или дека Клаус ќе ја спречи на крајот Лигушка, предавничка ама ќе ми фалат тие моменти, сплетки со Ребека. Се надевам дека нема да исчезне од серијава. Инаку малку глупо ми падна тоа што она всушност сето тоа го направила да биде со Марсел, а сега Марсел не заминува со неа. Едит - Сега прочитав дека дефинитивно Ребека односно Claire Holt ја напуштила серијата и веќе нема да се појави. Стварно многу глупаво направија!!!