Пред некој ден и мене ме убедуваа дека треба да и ја скратам косата на мојата малечка за да и се згусти повеќе. Ама мене баш не ми се сака, и онака има малку коса а и ако и ја скратиме сега ќе биде збогување со локните кои ептен слатко и стојат. Инаку и ја собирам во малечко локнаво опавче и многу ми е убава така. Ме потсетува на ликот Сара Кеј Првото потстрижување го одлагаме за понатака!
Прв пат го потстрижавме синко на година и пол, пошто дотогаш и немаше коса за стрижење. Со новата фризура веќе заличи на момче. Првиот пат ич не плачеше, ама после тоа одвај го потстрижувавме, со молење или во спиење. Така теравме до кој три и пол години, до скоро кај нас берберот дома ни доаѓаше. Сега го потстрижуваме на секои 4 месеци, летово и почесто, оти не сака со машинка, само со ножици. А има џбун коса, права, ама густа, дај Боже таква да му остане!
Моево го шишавме на годинка . Имаше многу коса , локнички убави ама многу се потеше гревното цело испотено . Кога го ишишавмме бев во Скопје , такво плачење не сум видела после секој пат кога ќе поминевме од кај берберот ќе мму текнеше каде е и се утепуваше од плачење. Сега го шишавме пак два пати , бабаму е фризерка . Срце се фаќа за коса Ама сега си личи на право мало маже . Првиот пат беше страшно за мене , си плачев јас за неговата косичка
Da se cuva ako go krstevate pred sisanjeto neli pramenot koj go vadi popot vi go dava ako ne go krstevate togas zacuvaj si ako sakas na prvoto sisanje
Имам косичка од крштевката ама тоа е малку и капнато е со восок од свеќа и изгледа како мрсно и потемно косиче... Јас сакам да зачувам поголем дел и баш како што е оригинал.
Ја барав темава специјално за да се пофалам! Си имаме нова фризура. Поточно имаме нови шишки . Денес и ги скратив шишките на мојата малечка оти веќе и беа предолги а ,,алергична,, е на шноли па единствено решение беше ножичката. Инаку локните останаа и не ги закачаме уште некое време. Значи на 17 месеци го имавме првото потсрижување. Фризерот бев јас
Син ми прв пат го шишавме на околу 17 месеци и вистина од бебе во дете се претвори бевме со маж ми тој да се шиша и јас како на зафрканција му реков на флизерот ај малку фати го додека го држам од страните , дека имаше плава виткана косичка ( често мислеа и дека е девојче) и за чудо седеше мирен па оспадна баш убаво прво шишање. Понатаму го шишавме на три месеци и кога како беше, некогаш седеше некогаш се бунеше. А ќерка ми не сум ја шишала и искрено немам намера. Има плава долга косичка на ситни локни, пуцвалче ја викаат, а не ни знам што значи тој збор. Се во свое време.
Малава се роди со многу косичка. Во меѓувреме почна да и паѓа делумно и сега е со кул фризура и антени на сите страни. НАпред и е целосно попаѓана одамна и новата е потерана, странично штотуку попаѓа и нема коса а одпозади не се дава уште и си расте и понатаму почетната коса. Баш кај темето каде што е преодот и штрчи коса од 4 прста и дирекѕ продолжува напред пократката од еден прст. И јас викам да ги крцнам со ножичката. Мама ме искара дека до година не се стрижело дете. Ај на страна бабини деветини, туку си викам има и причина зошто викаат за главчето првата година да помине и оставив. Ќе падне и тој дел кај да е. Најверојатно стрижење ќе биде после првиот родеден.
Нашето прво шишање (само шишки) беше на 6 месеци. Од тогаш шишките и ги кратев секој месец бидејќи во очи и паѓаа. Некогаш ќе скратев повеќе па ме караа дека сум ја направила како Лојд во "Глуп и поглуп" Кога почна да се наближува роденденот решивме веќе да не ја шишаме туку да и ставаме шнола за да биде девојчица И така до ден денес сме со шноли и ластичиња, врзуваме "палми" и кикици па изгледа како кученце Се роди со доста косичка, а косичката на темето и беше најдолга и за чудо не се смени туку продолжи да расте. Сеуште делот на темето и е најдолг, доаѓа до под вратот
Ќерка ми има доста виткана коса, и нема никаква форма. Пробувам чешлам цело време, и ја врзувам ставам шнолки ама сето тоа е џабе. Ќе ја поноси некое време и пак по старо. Сите ми велат дека треба да ја шишам. Јас сакав само шишки, онака сакам да и ја чувам, бидејќи и да ја шишам пак ќе дојде време кога ќе и потпорасне и пак истото. Мм па вика ни шишки да не сум и шишала. Сама ми е страв да пробам, а да ја носам некаде нема шанси да дозволи Кога ги шишавте вие малите?
Првото на година и пол првпат го шишавме, не ни имаше многу коса до година, после почна ептен да му расте. Немаше проблем со првото шишање, кај берберот на татко ми го однесовме. Е секое следно шишање до пред две години беше хорор, со плачки и трескање од земја. За среќа помина. Малово треба барем шишките да му ги скратам, ама се плашам, нема да стои, а се мислев да пробам додека спие. Ама Марфи, баш тогаш мислам ќе ми се разбуди. Ќе пробам викендов, па ќе видиме дали ќе успеам.
Ние мака мачиме со шишање. Се роди со коса и само му растеше, не знам ни дали му падна таа од раѓање или само му осветли. Проблемот е што не сака воопшто некој да го чепне по глава. На миење коса вришти а на бербер игра со берберот се до моментот кога ќе види рака во коса и ножици. Затоа од сега два пати сами го шишаме. Има виткана коса барем сега за сега па не се познава многу дека е криво право шишан. Го шишавме еднаш летоска што заради топло што заради тоа што шишките му беа до нос а позади до плешка косата. Сега пак го шишавме и овој пат малку повеќе се познава дека е така шишан без ред ама нема друго чаре. Инаку го шишаме под туш со мокра коса. Секако вришти што сме му е водена косата.
Мисија успешна, вчера. Со дедо му отишол, си седнал, ама од машинката се расплакал, па берберот го среди со ножици. Не е баш исто секаде, ама према тоа каков беше, арно е. Барем шишките не му одат во очи. И личи на момче...дека досега сите што ќе го видеа, го мислеа девојче.
сакам да прашам се надевам дека некој што знае ќе ми одговори моето бебенце сеуште не екрстено има подолга косичка па сакам да го потсрижам малце е сега ме интересира дали смејам да го потсрижам ако не е сеуште крстено зошто знам кога се крсти дете му се потсекуваат прамени на детето од косичката ајде кој знае нека ми одговори поззз
И син ми не е крстен уште, па два пати е шишан. Што менува тоа. Зар жива вода да се прави дур спие, го потеше, во очи му идеше. Знам дека викаат не треба, ама тоа дал сум шишала дете или не не ме прави лош верник. Кешки сите да беа шишани, а лугето да се држеа до начелата на верата.