и моето е исто така и сега незнам што да правам мене никој не ми кажал дека не треба мене самата мислами дојде во глава и си викам чекај да прашам некоја мајка ке ми одговори и во право си тоа што го кажа
А пишува во Библија дека не треба да се шишаат дури не се крстат? Пошто Исус е крстен на 30год. ако не се лажам. Не се замарајте со вакви "правила" што ги нема во Библија, ако веќе се држите до православието.
Браќата мои имаат 20тина години и уште не се крстени. Моето дека женско го шишав пред крштевката само кај што му беше стуткана косата топчиња од спиење. @kuklickata1
незнам јас дали може јас до сега не сум прашала никој и се мислам што да правам сега се плашам да не направам некој грев па да ме гризе совест а па и вака детето да си го гледам со порасната коса се поти му иде во очи, се гледа дека му смета прочитав погоре беше споменато дека не смее па сега стварно незнам што да правам
Ако слушаш старинските муабети гарант грешна ќе си. Јас син ми го шишав пред крштевка, која патем ја правевме на прв роденден. Свекрва ми ми рече "абе жениве зборат не се шишало пред крштевка". Демек не е од неа муабетов. И уште еднаш рече абе ај почекај. Првиот пат ја изигрнорирав а вториов пат јасно и кажав дека мене тоа не ме занима.
Мене уште не ми е јасно како може да биде грев потшишување? Што е грешното во тоа? Секој ден сме со грешни мисли, па и постапки, и наместо за такви работи да си ставиме прст на чело, ние за шишање пред крштевка дискутираме дали е грев или не е.
И на мене не ми е јасно зошто детето не се шиша пред годинка. А да прашаш поп ќе ти рече дека нема врска тоа. Останало од старите. И уште нешто битно - Ако еден од родителите на детето има починат родител, не смее да го шиша детето. Која глупост.
Го имав тој проблем со свекривата, ама си доби следовање. Она ќе ми кажува дали да си го шишам детето или не. Големиот го шишнавме пред годинка (имаше многу коса), а малиот на крштевката.
А кој тоа кажува дека не смее да се шиша детето пред годинка? Некоја бабетина? До кога со тие суеверија
А зошто ние младите да не ги искорениме овие суеверија? Како што можеле да времето да измислуваат вакви глупости така сега и ние можеме да ги бришеме полека. Шишање не пред крштевка. Добиено ако има кумата не смеело да крштева. Гладни да биле кумовите. Е овие се тие ја што ги знам. Попот нас ни рече, само да е крстен кумот, а крстен е чим ве венчал.
Првото стрижење евер и беше на 2 и нешто години, обавено од моја страна. Драстично и ја скратив косата ама почна да негодува на секое капење, и стануваше потопло па се бунеше и на фен.. и реков ајде да се проба. Си задржав праменче од косата за спомен.
Мaјки, ни дoјде редoт дa се истрижиме и ние, тoплo е се пoти, утoп се прaи, пa сaкaме дa јa oднесеме кaј берберoт oд мм, тaму тoј имa кoњче пa вaљдa ке јa излaжеме некaкo дa стoи мирнa
На страна глупостите, има ли некоја медицинска причина да не се шиша бебе? Моево е 3+, се роди со многу голема коса, а сега му е уште поголема. Секако со ножици ќе го шишам ама жал ми е кога го гледам така малечко и страв ми е да не има некоја реална причина за нешишање. Тешко ми е да му ја измијам косата, а есен е, зима иде, треба со фен да му ја сушам. Ако нема реални причини тогаш давајте ми храброст да го шишам. Големава на две години имаше олкава коса,
Јас не се сеќавам кога првпат му ја скратив косата ама беше многу мал. Целата му падна освен горе и шишките во очи му идеа. Немам слушнато никаква причина да не се шиша освен деветините дека кум мора да му исече прамен на крштевката. Моето не е крстено така да...
Нема реални причини, шишај детето, не го мачи. Патем, не знаев дека имаш уште едно Здраво и живо да е
Нема На синко му падна околу 2 месеци и почна нова да му расте. До година му ги кратев шишките само бидејќи беше пре пре сладок со локни. Ама густа му беше и го потеше па го шишавме. По трауматично ке му е да го дуваш со фен отколку да го шишаш.