Пробај со нешто што му е омилено за јадење. Мојот е 2ипол,многу сака бонбони,му купив ќеса харибо и го седнавме на стол. Му кажав дека му се од берберот и му ставав во уста како жетончиња во меѓувреме објаснував дека не е страшно,не боли. Следниот пат немавме мака. Ама на годинка не очекувај дека брзо ќе се навикне.
Син ми до 3г вриштеше и бегаше било кај и да го однесевме. Избега и од мали ѕвезди дури, кога таа ги извади ножиците фати да плаче, бега, хаос... џабе и коли и играчки и се Од таму дури мислам и најишкрабан си отиде. После 3г еден ден татко му го зема и го однесе на фризер сам и се вратија дури со гел на глава и фризура Сам седнал и без А да рече го ишишале. Малава не е шишана до сега на фризер, од бебе сама ја шишам. Прво беше со 300 занимации пред неа, а јас кружев и по цел саат ја шишав. Сега веќе е големка, 4ипол год и ми седи мирна
Ние вчера прв пат гo шишавме баткo, па какo гo чешла детевo затвара oчи oд штo му е убавo. Глас не пушти. Гoдинка има.
Синко за некој месец 4год ќе полни на фризер не е носен од проста причина што секој мој обид да го потстрижам е како хорор филм, вришти пишти да се мрдне човек До сега едвај два пати го стрижев, и тоа до помош на сопругот.Стојам во кабина додека синко ме гушка и ми урла на уво а маж ми кастри коса а тек што му расте брзо и густа … не знам кога ќе помине оваа фаза
Упорно носи го на фризер или прво нека седне таткото да се шиша нека го гледа малиот и после тој нека седне
Синко е година и 4месеци , првпат пред годинка го постриживме малце закенка , вториот пат глас не пушти , е третиот мислам дека фризерското студио во вис го крена мене ме најади со коса што леташе на сите страни да го додржам , и затоа последно сега пред нецел месец чичко му со машинка на тараса го среди за 5мин Глас не пушти и најубаво до сега пострижен , пред тоа беше како седалка у главата , и нерамномерно ошишан
Некоја што има искуство со Мали ѕвезди и со Jungle да сподели од каде е позадоволна. Се мислам каде да го носам на шишање, големи се шансите дека ќе плаче
Јас ја однесов во Jungle, мислев ќе вришти ќе го крене цел салон, ама не, малку на почетокот после супер беше се заигра со количките и играчките , на 1 год и 5 месеци прв пат.
Кога за прв пат ги носевте девојчињата за шишање? 14м е а дури сега пична да и расте косичка позади увциња, инаку е кратка секаде како машко . И бабава одма, ....ќереее мама ќе ми те однесе кај нејзината фризерка да ми те фати позади увцето, да не ти смета косичката.....ова неколку пати го кажува и сега и вратив....ма какво шишање јас едцај чекав да и пркне малку косичката.... У право сум?
Не ја шишај, пушти коси ветар да ги носи. Мојата е 10м а има повеќе коса од мене, па не ми текнува да ја шишам. И врзувам фонтана, многу е cute. Сум добила коментари, скрати и ги шишките да не и сметаат, но ги игнорирам. Колку се нервирам кога си ги гледам сликите како мала, со Чак Норис фризура.
Немам намера, хахахха ме насмеа. Шо е најинтерснонема ни што да се шиша. Има некое влакно подолго само позди ушиња. Ама коментариве боли глава... мама нека те однесе
Да не биде на крај работава баба да ја однесе На познаничка мајка и без нејзино знаење и дозвола ја однесе малата на фризер и и стави обетчиња на ушите.
Моето го носев на 5ипол месеци во мали ѕвезди и ништо посебно машинките им се огромни,брчат,вибрират и возрасен ќе се исплапи. Сега има 7м и дома го ишишавме глас не пушти пола саат умен беше
Синко е една годинка до сега 3 пати бил на шишање, со многу коса се роди па летото потеше и морав да го шишам. Првите два пати супер поминавме на 5 месеци на 7 месеци со смеење, сега кога го однесов се истури од плачење. А во раце го држиме и со ножичка го шишаше. Ама го среди. Кај ушињата кога го шишаше плачеше.