https://hairshop.mk/product/equave-kids-hypoallergenic-detangling-conditioner-200ml/ Eve go,ima i roze ama nemaa vo momentot koga kupuvav
Здраво, од каде имате добри искуства за шишање дете (3 год)? Седи мирно и за шишање со ножички и за со машинка, до сега одевме во Мали ѕвезди, втор пат го исекоа, претходно на врат со машинка, сега увото со ножички да не може да се сопре крварење уште си продолжуваат да си работат и на крај наплаќаат за услуга, тешка срамота се веќе не сакам да стапнам таму и сега не знам каде да пробаме...
Ама како да не работи веќе.Неколку пати со кола поминувам од таму без инвентар ми се гледа внатре. А супер си е фризерката ако сум грешка со неработењево препорака и од мене.
Работи, но сега се преместени по скалите надолу, горе каде што беше фризерницата ќе го правеле со играчки.
Првото така, со ножичка јас го стрижев до кај 3 год, после дозволи на фризер со ножичка исто, тек лани на 4 и пол години дозволи со машинка ама јас да го стрижам и така еве уште јас го стрижам сега ќе прави 6 год
И јас веќе нема да ги носам тука. Претходно имаше друга фризерка и подобро беше.Од неа бев задоволна. Последните 2 пати различни жени и како да не знаат што прават.
Ама Jungle не работи веќе. Скроз е затворен дуќанот. Последно јас мојава ја однесов на фризер и баш се потруди дечкото.
Денеска имавме прво шишање во Мали звезди, преубаво искуство, 15 месеци сме. Соња го шишаше имавме прегуста,предолга коса со локни. Го ишиша крстко со степен, прво ножички па со машинка, глас не пушти дури се смееше и интересно му беше. Таму ќе си одиме. Сега имам нов батко голем
Синко е 6години и е сензорно преосетлив.Јас му ја средувам косата со тример ама тоа е вриштење и пиштење,инску седи мирен. И кога ќе завршиме (јас со стрижење тој со вриштење) се перчи и огледува пред огледало колку е убав.Секундарно од вриштење преминува во среќно расположение. а јас како да сум истрчала маратон...летово пак ќе пробуваме кај фризер ама со ножички.
Изгледа скроз е затворено. И страницата им е избришана. Повели бројче, прашај па пиши најново инфо. 070365278
Моето од годинка се шиша кај на татко му берберот. На секои два месеци оди. И со машинка и со ножички го стрижат. Само првиот пат плачеше, после тоа со сет мерак оди . А ништо посебно не прави берберот наш,само му ја дава прскалката во раце и мојот седи мирно како возрасен човек Фала богу што бар за шишање не прави драми