1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првото самостојно патување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од DevojkataO, 10 декември 2017.

  1. DevojkataO

    DevojkataO Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    31
    Луѓенца имам 19 години и сакам да одпатувам до Хрватска сега по новогодишните празници..сама бидејќи немам со кој,а таму имам братучедка која ме чека со раширени раце..Веќе се договорив со неа, но на моите не им кажав сеуште ништо..Страв ми е од нивната реакција, но јас сум спремна само уште да тргнам. Страв ми е и да одпатувам сама иако ќе одам со автобус од Скопје дирекно до Загреб. Прв пат треба да патувам сама во странство а многу сакам и имам шанса да прошетам токму сега, но се плашам од манијаци...Па ако некоја девојка патувала сама нека пише искуство или нека каже некој совет..Благодарам однапред :)
     
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.418
    Пол:
    Женски
    јас на 17 год патував сама до Германија,значи мн подалеку од тебе а и помала бев :)
    незнам од што се плашиш.Си вадиш карта,добиваш седиште и уживај во патувањето.Напорно е ама тоа е
     
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    27.673
    Пол:
    Женски
    Јас на 15 години патував сама до УСА. Сменив неколку аеродроми, чекав по неколку саати на секој и ништо не ми беше.
    Две години подоцна пак летав со преспивање во Лондон и од жал со мене завлечкав луѓе од Балкан што не знаат англиски да им помагам во снаоѓање низ аеродром и при пополнување формулаи и слично.
    Само корист можеш да имаш од одење сама зијан ич.

    Не знам од какви манијаци се плашиш ама автобусот ќе биде полн со луѓе кои ќе патуваат со тебе.
    Убаво да си поминеш.
     
  4. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Првото мое самостојно патување беше некаде во петто одделение со автобус од Ск. за Бт. Ми беше некако чудно, ама и досадно дека сама. Кога стигнавме во Битола, требаше да ме чекаат наши пријатели, кај кои уствари бев на гости, ама баш кога стигна автобусот, а доцнеше многу, луѓето ги немаше на автобуската, чекале и не знаеле шо е работата, па отишле до Ат пазар, да проверат да не случајно таму застанал автобусот, а мене во моментов коа видов дека никој не ме чека, ептен ми стана шубе. Почекав малку на автобуска, тука беа и возачите, причекаа додека да дојат луѓето, за среќа брзо дојдоа и се среди работата.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. snegulce5

    snegulce5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите
    Ми треба искуство и совет од лиге што имаат патувано..
    Сега треба да патувам за УСА но прв пат ми е и одам сама кажете ми искуство дали е страшно? Што се дешава бидејќи имам и прекачување од еден на друг авион дали кога ќе слезам од еднио куферите тие сами ги префрлуваат или треба да ги земам прво нив па да одам да се чекирам за наредниот лет ??? Ви Благодарам од напред
     
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.573
    Допаѓања:
    171.536
    Пол:
    Женски
    Не е страшно. Со која компанија леташ?
    Ако ти се конектирани летовите во СК го оставаш багажот а на крајната дестинација го земаш.
    Рачниот багаж си го носиш со себе нормално