кај секоја жена е различна бременоста, но гадењето и повраќањето е присутно скоро кај сите идни мамички. јас овие симптоми ги имав во првото тромесечие и траеја некаде до 3 месец и недела дена и потоа престанаа. дотогаш воопшто немав апетит а сега ми се враќа апетитот по малку. имај лесна бременост
женски во првото тромесечие кои се испитувања треба да се направат ? јас наредната недела сум на гин во 10гн па се немам конслултирано сеуште со него а и немам направено некои испитувања па сакам да знам што се имате вие направено досега ? позз до сите идни мамички и нека ние лесна бременоста
Zdravo sakam da ve prasam za mislenje jas sum bremena vo 4 nedela zasega bese se vo red no sabajle koga stanav i otidov vo wc na toaletot zabelezav bledo rozeva boja a navecer stavam vaginaleti progesteron pa me interesira dali I na nekoja od vas I se ima toa sluceno molam za odgovor mamicki zosto mnogu sum zagrizena
Розевото може да биде од вагиналетките, јас немам ставано такви, но имам слушнато дека се случувало. Само немој да паничиш, најдобро прашај си гинеколог побрзо за да не се грижиш и да се опуштиш. Имај лесна бременост
Доколку е само бледо розеникаво не е страшно, обично е резултат на вгнездувањето на плодот во матката, но треба да го пратиш да не трае предолго, односно да не е постојано исцедокот со таа розеникава нијанса. Консултирај се со гинеколог за да бидеш сигурна, иако по мене немаш причина за паника. Поздрав и со лесно!
bebce1411 како што рече Rusi тоа знае да биде честа појава на вгнездување, НО убаво е и паметно да се чуеш со гинекологот, и ако не се лажам ама он најубаво ќе ти каже ако се сеќавам ќе ти рече магнезиум да пиеш.
Здраво, бев на првото ехо и докторот ми закажа контрола по две недели за срцева реакција, па ме интересира каков ќе биде прегледот со обично или вагинално ехо? Исто така сакав да ве прашам во врска со депилација, мене ми е прва бременост, до сега редовно се депилирам само сега ми е страв не знам дали е дозволено, плус дека сум ИВФ дали е ризично ???
Вака, за ехото за срцева реакција мене вагинално ме гледаше докторот матичен а во Систина на 8 недели со обично ехо (исто за срцева реакција) во првите месеци докај 11, 12 недела повеќето доктори практикуваат вагинално ехо бидејќи подобро се гледа, многу е малечко. Сепак тоа не е ништо страшно и болно (ако не си била до сега на вагинално) За депилирањето јас не можам да ти одговорам бидејќи не ја користам таа метода на вадење влакна, на брич сум и немам никаков проблем Поздравче и со среќа на прегледите што ти следуваат во бременоста
И мене во 8ма недела ме гледаа на ехо, на обичното (ниту еднаш откако сум бремена не ме гледале на вагинално). Во оваа рана фаза не би правела интимна депилација, за друго секако можеш.
Darcy, и ти си со ивф во систина, имав другарка со нормална бременост ја гледале цело време вагинално, и затоа јас мислев сите ги гледаат така, инаку логично е да не те гледа вагинално штом препорачува без односи, инаку да се надоврзам до кога трае забраната, цели први три месеци ?
Да, кај Лазаревски сум. За односи секако првите три ми рече да избегнувам, сега последниот пат (скоро 13та недела) ми рече матичната да ми земе брисеви, па после тоа евентуално да продолжиме со односи. Баш и не знам дали ќе се решам веднаш, страв ми е и не се осеќам пријатно при помислата
Darcy, и ти си со ивф во систина, имав другарка со нормална бременост ја гледале цело време вагинално, и затоа јас мислев сите ги гледаат така, инаку логично е да не те гледа вагинално штом препорачува без односи, инаку да се надоврзам до кога трае забраната, цели први три месеци ? [/quote] Да, кај Лазаревски сум. За односи секако првите три ми рече да избегнувам, сега последниот пат (скоро 13та недела) ми рече матичната да ми земе брисеви, па после тоа евентуално да продолжиме со односи. Баш и не знам дали ќе се решам веднаш, страв ми е и не се осеќам пријатно при помислата [/quote] И јас сум кај Лазаревски епа супер имам кого да прашувам штом сме кај истиот доктор, знам и мене би ми било страв после толку време, нормално е тоа , ајде само да помине добро се па се се издржува, мене сега малку ме плаши додека да се слушне реакцијата на срцето и да поминат критичните моменти, да се опуштам малку. Darcy, тиодиш на работа, јас тргнувам наредната недела и како си со одмарање, работиш нешто, јас се повеќе сум на одмарање уште ми е страв да се опуштам, нормално не нешто тешко...
Јас на работа тргнав дента после трансферот - докторот само ми рече се полека да правам, а бидејќи за работа не ми нагласи, некако ми дојде подобро да доаѓам и малку да сменам, одошто да мислам само на резултатите (дури има некои нови истражувања дека мирувањето денови после ивф не влијае на исходот, ама секако секој треба да го слуша докторот). Мојата работа и онака е седечка, па и немав некој физички замор, а дома кога ќе се вратев воглавно лежев. После 5-6 недели и нема проблем од движење, ама па тогаш толку многу ми се спиеше и немав енергија што и да сакав нешто да правам, не можев Убаво (и чудно!) е чувството кога ќе го слушнеш срцето Јас бев толку успаничена пред прегледот што првото прашање ми беше: Дали е сигурно срцето на бебето а не моето? После тоа се е полесно, и и самиот доктор кажа дека влегуваме во побезбедната фаза, па следниот преглед дури за месец дена покасно ќе ти го закаже.
Девојки што туку открив дека сум бремена 4 недели. Симптоми освен подуени и осетливи гради други немам. Но ме интересира дали е е нормално од време на време, 2-3 пати во денот,ми се појавуваат како грчеви во стомакот кои што траат многу кратко. Исто така, вчера заприметив кафеав исцедок, страшно ли е ? Инаку бев на гинеколог и ми рече да пијам само фолна кислеина и по 2 недели да појдам за срцева реакција. Поздрав
За исцедокот кажа ли на лекар?ако не си што побргу извести го докторот можеби ке ти даде нешто како утрогестан или дабростон .
Девојки, имам чудна и тапа болка на едно место на стомакот од левата страна близу до папокот, ме боли и кога се допирам и движам, дали е страшно, се испаничив многу ми е страв да не дојде до спонтан а сега сум 6 недела , сте имале ли такво искуство?
Не се секирај мацо... Јас имам такво лошо искуство, ама не ме болеше ништо а сепак дојде... Генеколошки преглед секогаш е препорачлив. Најбитно е психата да ти е во ред. Биди смирена и опуштена... Пиј со бедоксинче... Не само што не е штетно туку и се препорачува за трудници!!! Со лесно!
Трудна сум 5 недела али и настината сум. Докторката ми препорача да не пијам никаков антибиотик само прополис и септолете но денес ужасно се чувствувам, се ме боли. Па сакав да ве прашам што мислите дали фервексот е штетен? Може ли лошо да му влијаее на плодот? Позз
teddygirl, ако не се лажам, имаше нели афера пред некое време дека Фервекс е штетен воопшто за сите? Поправете ме ако грешам Знам како ти е, јас имав кашлица скоро месец дена ме мачеше, со грло болење, малаксаност.....се' по ред. Пробај колку можеш со супи, чаеви, течности, витамини да се излечиш. Слушај го докторот што ти кажал, штетно е било што да пиеш во текот на првите три месеци. Ќе издржиш, ќе помине Јас дури ни Септолете не пиев, само Прополис, мед и многу лимони, и ми помина некако.