Здраво девојки. Го напишав истово прашање во "Труднички муабети", сега гледам дека има посебна тема за "прво тромесечие". Кога е нормално за прв пат да се направи крвна анализа во бременоста? Кога ве испратија? Во вторник ќе имам 10 полни недели, матичниот се уште вели рано е нема потреба. Имав потреба да се јавам на дежурен доктор на одделение, тамо прво што ме прашаа е дали имаш крвни анализи? Кога прашав дали е задоцнето, не ми дадоа конкретен одговор. Деновиве разговарав со претставници од лаборатории за пренаталните генетски тестирања, сите ме прашаа да не случајно примаш клексани, пак викам немам досега правено анализи. Ве молам за ваши искуства.
Jas sum so IVF se javiv kaj maticnata edvaj gi dobivam so denovi ,kazav deka mi e utvrdena bremenost i da mi kaze sto dolzonost imam sto ponataka da me upati, vika vo 12 nedela ke dojdes na pap i brisevi a velam nekoi ispituvanja mislwv na krvna slika i sl.me otkaci vika teraj so tamu demek vo Sistina
Со трепкање имам мака многу време пред бременоста. Обавезно примај магнезиум за ова. Благи масажи по лицето, без да стегаш, масажи на врат, нежно растегнување за подобра циркулација, многу помага.
Јас правев пред некој ден, 11та сум, матичната ми рече еднаш месечно. Ама јас се разболев во 8ма па тогаш исто правев крвна слика. А за клексани мора да има анализа за мутации
Некако тоа и ме замисли, односно внатрешниот уплашен глас, што ако нешто не е во ред, има мутации или сл., а јас не сум испратена на анализи.
Може ли да ми кажете од која до која недела се прави прв скрининг? Имам закажано термин крај на 14 та ама касно да не е тогаш си викам.
11-14та недела. Веројатно и многу различно ке кажат. Консултирај се со матичен, ама мислам дека е ок.
Како се справувате со настинка во бременост? 5нед и 4дена сум, и ме фати мешто, носов како река, очиве ми солзат. давајте чаре неможам да гледам веќе за болна не дум сигурно, ден пред да ме фати ова со носов правев крвна слика, супер се резултатите, железо 29 итн ...
Крвна слика сега прв пат направив негде 10 недела, а претходната бременост 20 и некоја бев, дали две крвни слики направив тогаш. Реално и нема потреба толку рано, убаво ти рекол матичнио, бидејќи од крвна слика најмногу се следи дали имаш анемија која може да се јави во бременост, ама покасно, мада е убаво да имаш некој стартен хемоглобин и железо да знаеш после со што располагаш. За клексани се прават други испитувања на трансфузија, по индикација.
Здраво девојко. Јас сум 9+3 до сега имам направено 2 крвни анализи (ќе правам 3та за 10тина дена) но почнавме бидејќи имав покачен крвен притисок и направивме детална анализа со д димери, крвна група, хормони и тн. Испадна дека железото ми е покачено, примив 10 клексани и се среди и притисокот и железото. Сигурно ќе ти дадат да испиташ за 1-2 недели за на прв скрининг.
Како сте девојки? Кој до кај стигна? Со симптоми како сте? Јас сум уште на најјакопуштена, едвај чекам да пројдат уште две недели со надеж да се издишам малку ,Јас заокружувам 11та утре, се мислев за брисеви кога се прават? Бев на преглед пред некој ден ништо не ми спомна докторот.
јас утре 10 недела ја почнувам со симптоми гадењето се намали ама апетит пак слабо, запек сакаш ли на контрола тек др петок. сакам да ве прашам дали првиот скрининг го правите кај матичен и дали се наплаќа тој? посекако планирам и на приватно да отидам кога ќе дојде време и дали секој матичен дава упут за приска, дали е задолжителна и која недела се прави?
Јас не планирам кај матичната скрининг, ќе одам за брисеви и пап само. Јас направив пренатален неделава, за приска не се ни распрашав што е како е.
Јас првиот скрининг го направив во Ремедика а матичната ми даде упут за на Гак за приска. Ми се погодија во ист ден па за приската ги дадов мерките од Ремедика