Јас не ни знаев дека ми направија, бев на гак на скрининг и вика сегс влези тука крв да ти земат за прееклампсија за аспиринот. Океј викам и после ми вика матичниов супер е приската се зачудив викам јас не правев вика како не еве.
Хаха. Па не знам ни како ја прават. Јас во Ремедика правев скрининг и таму ми кажаа дека нема потреба од приска штом имам пренатален.
Здраво јас сум 5 недела со ивф. После трансферот требаше да мирувам еден ден после да се вратам на нормални активности без кревање тешко и без напрегање . Е сега зашто е прва бременот после многу години обидување јас еве и во 5 недела се плашам да станам да се свртам во кревет да се наведнам и тоа ми го отежнува секојдневието. Дали треба до волку да се пазам или да се опуштам. Не знам како да се понашам, никогаш не сум била трудна. А и дека сум со ивф...поголема паника. Еве сега враќајки се од тоалет поспана се мавнав во касата од врата и не можам да заспијам Колку повеќе пазам толку повеќе глупости изгледа...
Да си се опуштиш скроз и да си уживаш. И јас бев ивф пациент со неколку трансфери, сум лежела сум пазела максимално и ништо не помогнало тоа. За жал на почеток ако тргне лошото да биде не може да се спречи и не можеме да си помогнеме нешто многу. Јас после сите ивф останав природно, најнормално си функционирам од почеток и се си е ок до сега. Нормално кревање тешко потешка физичка активност се избегнува. А за некоја недела кога ќе почне да ти се лоши природно ќе ти иде да спиеш повеќе и одмараш. Честитки и да си уживаш максимално
Да се опуштиш скроз и да си уживаш,и јас сум со инвитро и сум веќе 11 недела и јас се грчев,чинам не дишев на моменти од страв од све,и наеднаш си реков господ како рекол така ќе биде што и да правиме,се разбира внимавај си да не се напрегаш многу физички да не дигаш тешко другото све на нормала. Ќе си биде се како што треба
Леле женче ти за тепање си,прошетај и на кратка релација,со кола ако треба провози се малку па не е убаво така ќе си мислиш само на бременоста,смени нешто на кратко ако треба викни си некоја пријателка ако не ти се излегува од дома,како се чуствуваш ти така прави ако ти е убаво дома да си седиш,седи но нема потреба да се плашиш толку многу можеш да си функционираш.
Душо немој да се мачиш, чувај си го и менталното здравје, разумот го губиме со тоа лежењето дома. Како би им се вратила на тие што ми велеа до тест боледување и ќе одмараш, и паметот го губиш во процесот, анксиозност до плафон. Функционирај си нормално, движењето е добро и за циркулација подобра што и те како е важно за матката. Те сфаќам прво ивф ти е и како се осеќаш, и јас бев иста ама ако можеш малку да земеш од други искуства ќе си помогнеш многу.
Јас го правев во Ферти по препорака од Систина, мислам дека и Систина може, а слушнав и Ремедика дека боцкаат. Најди на нет Геномикс ќе ти кажат точно. Инаку да знаеш дека вторници ги праќаат примероците за САД, сега после празниците не знам како ќе биде.
Ти посакувам да си имаш лесна бременост и да си се опуштиш. Јас сум со ивф, предходно неуспешни, инсеминации, операции што уште не. Си функционирам нормално, не кревам тешко, не се оптоварувам со многу обврски туку секој ден по нешто си завршувам низ дома. Фала му на Бога се е во ред бебе си напредува, влегов во 6ти месец, си излегувам на кафе, пешачење. Треба да мируваш ако имаш некаков проблем но ако нема индикации подобро е да движиш. Биди опуштена, гледај да се релаксираш колку што можеш. Инаку се дури не си ги земиме во раце нема да бидеме скроз опуштени но гледај колку што можеш повеќе позитивно и опуштено
мислам дека неколку дена праќаат, јас во петок се боцнав и на резултатот пишуваше дека понеделникот е крвта ставена на машина за испитување… освен ако нешто не менуваат на самите резултати