Јас 10 недела од денес, од ништо не ми се гади не ми се повраќа за машала апетит си имам И со првата бременост немав такви работи еднаш или два пати само повратив во прво тромесечие,а сега ич ич ништо. Кафе си пијам едно на ден од тие 3во1 и доволно ми е. Чај пијам брусница по препорака на докторот заради бактерија во урина. Дуеи ми рече и увин чај да пијам ама не пијам тоа. Вода пијам како дупната Лежам и се боцкам Пролутекс заради две крварења во 5 и 6 недела. Утре да се чујам со Гинекаликс да ми кажат кога да одам да ми земат крв за Нифти. Вака така док трепнеш многу брзо поминува прво тромесечие
Јас од се повраќам, кафе неможам да мириснам а не пак да пијам, дури ни вода не можам да пијам и вода што ќе се напијам ми доаѓа нагон на гадење, манџи исто така не можам да смислам, само на сува храна сум, ама и тоа повраќам Викам на маж ми само трошок правам јадам џабе јадам
Вие што го знаете полот ме интересира дали има некоја женско што носи а што нема мачнини и повраќање?
И јас - никакво лошење ни повраќање. Никакви симптоми и прелесен прв триместар. Носам 2 девојчиња. Сега веќе (28+) имам киселини, ама тоа е од што ме притискаат на желудник.
Што правиш за киселините, изумрев вчера и денес немам дома сода со кока кола пробувам по неооја голтка
Од природни работи - ладно млеко, кисела вода, зелено јаболко без лушпа, мастики, течност за испирање уста (гаргара). Кога е неиздржливо и ми се чини дека фрлам оган, пијам сода, а во краен случај пијам едни гелчиња од аптека што ги земав, се викааат Рефлустат. Се пијат, а после тоа не треба ништо - ни вода ни ништо - пошто прават како слој/капаче и не дозволуваат да се креваат нагоре киселини. Ми ги препорача и матичен гинеколог и општ матичен и супер се
Девојки морам да прашам можеби некој веќе прашал сте кажале искуство ама немам налетано... Дали имате искуство со кафеав исцедок (крварење) дали некоја имала како парталчиња низ исцедокот многу страшно ми изгледа ова плус баш овие 2-3 дена кога никој не работи...не знам како да издржам психички до утре многу страшно. Инаку нема болка др симп и земам навечер утрогестан
Јас имав два пати такво крварење излезе хематом дека имам ми дадоа инекции да боцкам во стомак Пролутекс 21ден и утрогестан од 200 сабајле и навечер и нормално лежење мирување и без дигање тешко. Еве терам 10 недела,се си е ок. Како и да е кај сите може да е од различна причина така да најубаво отиди си на дежурен. Која недела си?
6нед Бев на дежурен Никаде немаше ампули да си купам Па ставив само ваг утрогестан Ќе видиме утре на преглед Не ми се верува каде живееме само толку ќе кажам за вечерва и дај боже да ја преживеам И со лесно кај сите Благодарам за одговорите
Не сум имала секс од оплодување Гак е клиника? Таму буквално ништо не ми кажаа и не ми дадоја ни совет ни боцкање ми рекоа утре на преглед иначе пристојни беа ама ништо посебно не направив само што ми кажаа дека не е такво крварење и да мирувам Изгледа ти е избришан коментарот
Јас на ГАК кога отидов на дежурен кога крварев ми се погоди изгледа специјализантка и ми вика не гледам бебе воопшто,има сакус ама празен,од таму директ во Систина одма видоа и бебе и срцева акција.. немам позитивно искуство од таму. Нити ми даде нешто нити ништо,рече оди кај матичната нека следи.. Не паничи отиди си утре на преглед,скоро секоја втора трудница има некакви крварења во бременост што не значат нешто лошо. А докторот од Систина што ме води кога му пишав дека имам крварење такво и такво ми рече одма два утрогестани од еднаш и ако се зголеми одма на болница. Моето крварење повеке беше сукрвица кафеаво со некој стари ко грутчиња. Мирувај и пиши утре што ке направиш.
Јас сум со девојче исто така, само 2 пати повратив во првите месеци. Сега веќе 5ти месец, фала му на Бога, исто ко да не сум бремена. Никакви тешкотии, освен повремено некои слаби киселнини.
Ноќеска ме спаси со листеринот направив гаргара пред да легнам и се смирија денес пак сабајлево на работа, сега ќе одам да земам сода
И јас 6+4 имав крварење (кафеаво) беше исто така викенд ми дадоа Вагиналети и одма следниот ден прекина. Потоа во Понеделникот ме боцкаа Rh имуноглобулин бидејќи сум нулта негатив.
Да се опуштиш и да гледаш позитивно на работите. Се ти е супер, стравот е нормален ама немаш зашто да се плашиш. Ќе си јадеш се умерено. Ќе си се напиеш и кафе една чаша слободно. Опушти се и само позитивно. Од ширење на матката е, скроз е нормално. Ќе ти се среди со утрогестанот. Многу честа појава е. Имав јас и во 11 та и во 12та недела. Примав утрогестан вагинално, се среди.