Еве јас Пред секоја контрола паника што ќе видам на ехото, а и едвај чекав да дојде следна контрола за да ги видам. Само си викав да почнат да мрдаат да знам дека е се ок. Сега не застануваат, едната посебно и многу сум пораат Еве 29та сум и се уште во поголемиот дел од времето ми е топ, заборавам на моменти дека сум трудна, само јаки киселини што ми се појавуваат чат пат.
идни мајки како стоите со желба за испаѓање, да шетате дали по продавници кафе ресторани дали само мене не ми се испаѓа на времево ни па нешто ми се прави сакам само да бидам дома во комоција.
Исто Не само што ми се седи дома туку и со никој некако не сакам да комуницирам Освен евентуално тука на форумов А на почетокот сум скроз и прво искуство Не сум знаела дека олку стравови и милиони мисли може да се појават Еден ден го осеќам како недела ... Ајде само здравје Плус ко што е ладно тмурно и загадено буквално не сакам ни чекор надвор
Иста сум и јас од почеток, мрзоволна, без енергија и желба за надвор или било каде, се зезам два месеци како во зимски сон сум
Никако иста сум и јас и едвај чекам да дојде таа 14та недела. Одмор повеќе, јас си наоѓав некоја фетус позиција во која као малку подобро ми беше, ама генерално дури не пројде бранот не помага нешто многу. Едно време пиев чај од свеж ѓумбир после и тоа престана да делува. И се помирив дека тоа е и ќе помине. Гледај полесна храна, бананите мислам дека добро делуваат, и спиј си повеќе. Со лесно
Ти си супер покасно ти почнало, дури трепнеш ке пројде јас сум 11+6 денес е веќе осеќам неколку денови дека е полесно малку во смисла не е цел ден ќе пројде, за убаво е
Кај некои не помага крај на 1 тромесечие односно 13 или 14 недела. Еве јас сум 17 и 1 ден па пак ми се гади одвреме навреме. Еден ден сум супер- чистам, јадам нормално а нареден ден ми се гади и едвај јадам али добро е не повраќам барем.
Оо ти со двечки Фала ти што сподели, читав наназад во темава неколку страни сите со симптоми се некакви, баш ми требаше да чујам дека не сум единствена вака а да е со во ред. Со лесно да си го поминеш остатокот од бременоста.
Добредојде во клубот. Од 6 недела лошење,гадење лудило секој ден па потоа до кај 10 недела малку се стабилизира ама има денови кога пак се враќа истото еве веќе полна 12 та недела
Фала ти, со лесно и тебе Мене и првата бременост ми беше прилично лесна и без симптоми и се си беше ок. Наместо да се радуваме и да уживаме што немаме мака, се праиме Миле Паника Ама мајка - од моментот кога решаваш дека сакаш дете почнуваат грижи и страв и стресови и до крај на живот не завршуваат
Zenicki pomoss mnogu se plasam doktorot mi veli deka nemalo ni embrionalna struktura ni srce za bebeto a jas moze sum nekade 6 nedela i 6-7 dena i veli moze si pokasno ostanala trudna a pred 2 meseca imav biohemiska bremenost i se plasam
Женички бев на доктор вели дека има сакус но дека немма ембрионална структура и чукање на срце се плашам јас сум по менст.циклус 6недела и 6дена но вели да не си останала трудна покасно се плашам бидејќи пред 2 месеци имав биохемиска.бр
Јас поминав контрола денес има глава,рачиња полека расте се качило погоре во матка но да продолжам со утрогестанот треба за две недели да ми прави скрининг и после приска на ГАК, нормално ми ги предложи пренаталните тестови како нифти и Qualified ако сакам да си направам, сепак мислам дека ќе ги чекам резултатите од приската и да отидам на второ мислење на пример во систина за скринингот па не дај боже нешто ако има да направам пренатален тест еден од овие.Вие другите како сте? како напредувате ќе правите ли пренатални ? @Meri.P почекај уште недела две кај некои покасно се покажува, можеш и второ мислење тогаш да си побараш без нервози опушти се
Јас минатата недела правев, скрининг и наизменично ми зедоа крв и за пренатален тест. Јас живеам во Германија и тука нема да бираш кој тест сакаш да го правиш, мислам дека се водат по еден систем. Скринингот беше супер, бебуш расте здраво и нормално, тука го исклучија сомневањето за постоење на трисомија 13 и 19, а со тестот незнам точно што се е опфатено но најмногу го прават за даунов. Резултати здравје следната недела очекувам. Мој совет ти е направи си и скрининг и пренатален и мирна глава. Мислам дека во МК малку се скапи пренаталните, но за мир мислам дека се ќе дадеме. Со среќа и убави вести очекуваме
Јас носам женско ниту мачнини ниту гадење посебно во прво тромесечје, е од ко влегов во второ тромесечие почнаа по малку киселини кога повеќе кога помалку.
Како што носам близначиња, се уште не ми се познава или јас не гледам зошто цело време ми е подуен имам проблем со нередовна столица тоа мн ме мачи. Кај тебе се познава ?
И ти си со близначиња? И јас сум исто, многу подуена на моменти да ми е тешко да дишам. Докторот ми вика што да не си подуена, две се, се е дупло пробај насабајле лимон и топла вода или лимонада со чиа за столицата.
Супер со дупла среќа си..не нема ништо од познавање само надуеност навечер.Исто и јас со столица одвреме навреме..Кога ти е термин