Да прашаш на Др дали смееш електролити да се напиеш и секако многу вода Или нешто солено да каснеше течности лимон витамини веќе си пиеш
Јас дојдов за да си се пожалам, 8+4 денес, ужасно се осеќам, овие две три недели киселини ме утепаа, повраќање константно, одбивност кон секоја храна.... и ако не јадам ништо лошо е, тогаш уште повеќе киселини имам и ако јадам малце пак повраќам, значи што и да ставам во уста исто е... рупурут пробав да џвакам за киселините и од нив повраќам... предходната бременост ми помагаше кока кола вака за мачнини, сега и од тоа повраќам... дајте некој совет како ова да се издржи, мислам дека ќе побудалам, се ми мириса ... фрижидерот, машината за садови, ѓубрето не можам да го соберам да го фрлам, само лежам како овената, нигде не ми се оди, сега па празници храна, јадење, јас уста не можам да отворам.... и мината бременост повраќав, ама ова е претерано сега
Не знам како да те утешам пошто ниеднаш немам повратено ама мене сега во 5ти месец ми се активираа киселиниве и умирам буквално веќе цела недела дење ноќе. Земав и ја рупарут ништо посебно не ме смири, непечен бадем исто, кока кола можда и полошо ми праи … едино сода во водичка измешана некој саат ме смирува па после јово на ново буквално од се живо што ќе каснам имам киселина - ако некој нашол лек нека споделува
Здраво на сите Ме интересира дали во текот на бременоста матичниот треба да ве вика на прегледи и контроли кога е потребно или самите треба да се јавуваме?
Јас па се обратно од тебе сум, ни ми се гади ни повраќам баш ништо, и ете ме утепа паника зошто немам симптоми и едвај чекам нешто да ме снајде за да сум по раат ако имам зошто имам, ако немам зошто немам, луда женска психа. 9+3 сум и фала богу се е добро за сега. Не знам дали си пробала со антиметил, бадеми, зелено јаболко.. овие работи ми помагаа највеќе во првата бременост кога се осеќав баш исто како ти што опиша сега. Уште некоја недела и се надевам ќе поминат "потешките симптоми".
За прва контрола закажав по телефон, па за следна се договоривме во текот на прегледот. Ма да секогаш се јавувам некој ден претходно за да си потврдам термин.
Никој не те вика обично одиш кај матичен да заведе бременост прв пат и после самиот ти кажува на 4-5 недели отприлика закажува нареден преглед
Оф оф ако чекаш да те викнат ќе се породиш Мала шала ама поголемиот дел од матичните гинеколози не се замарат со нас. Јас барав за микробиолошки он ми вика нема потреба, барав за торч да испитам ми вика изгледа имаш вишок пари и што кога ќе испиташ ми вика, еднаш ми нема кажено еве ти упат за една крвна слика да направаш. Се сама си барам, ако оставам на него од ништо нема потреба а на крај се налути зошто сум била на друго место за скрининг. Најдобронамерен совет барај си ти се што треба
@Ani93 блазе си ти, иначе антиметил пиев минатата бременост и не ми помагаа, сега не ја ни имам прашано докторкава затоа што претпоставувам пак ќе ми ги предложи... зелено јаболко малце ми помага само... и јас се тешам дека ќе поминат овие тешкиве недели па од второ тримесечие ќе кренам глава некако @Baby warrior да не те плашам, ама киселините во 8 ми и 9 ти се веќе некст левел, ова е сега само загревање со сода оваа бременост неам пробано ќе пробам и тоа сега... иначе ќе речев убедена сум дека и сега е женско, ама еве глеам дека и твојава е девојчица па ти не повраќаш...значи искача дека нема врска
Мене првото ми беше машко, второво е девојче ниеднаш не повратив бабини деветеини тоа мајка ми ми вика, убава на баба со косичка ќе биде затоа имаш киселини…. Ја погледнав вака … викам ова старечкиве муабети не ти држат пошто моево бебе секако ќе е со коса и јас и маж ми црни луѓе влакнести глеј ти јас да се спасам од киселиниве ова за 8ми и 9тимесец сега што ми кажуваш ме израдува не се живее ептен ми е гадно а во живот киселини во овие 34 години мн ретко сум имала
јас и ти ептен со иста судбина.. и мене првото ми беше машко, ама па тогаш не се сеќавам како ми беше ...толку тој период ми е во магла... иначе нема врска тоа ја имав многу киселини со ќерка ми, а она се роди скроз келава. и јас сум црна и маж ми е темен, а она е смеѓа и светла, бог знае шо ген има повлечено, иако и маж ми ко дете бил посмег сеа е потемнет, дефинитивно од кај нив нешо влече, пошо ние сите сме црни а за киселините и јас вака во нормални услови никогаш не сум имала, само во бременост, ама ти викам тие во 9ти месец се страшни сум станувала навечер само киселини да повраќам, горев
Кога ќе ми текне што истргав со првото сега се ќе истрпам ама ај да се пожалам малце инаку ќутам и трпам … за детево хаха пресмешно ќе биде ако се роди светло нашето зошто и двајцата сме гламја црни со темни очи плус од ова лето пресончани
и ја тоа си викам, не треба да се жалам, ама мора по малце така иначе ние имаме поише случаи во околина така со темни родители, светли деца, не знам дали имате во фамилија, ама чудно шетаат гени
дали имавте вртоглавица ? денес приметив на два-три пати на станување од кревет, фотеља да ми се сврти знам дека пред скоро месец правев крвна анализа резултатите беа добри за железето. иначе сум 11+2
Една смешка е дека кога останав бремена уште не знаевме пол и го сонував маж ми како држи девојченце со плава косичка и розево ранче за рака е баш ќе го памптам муабетов па здравје во јуни ќе ти пишам што се десило со косичето
Ау иста бев, реков се умира. Не се рачунав трудна, болна мислев сум и ослабев 4 кила. Јас и со хроничен гастрит бев од претходно. Фамосан само одобрено од мн доктори и пиев ептен кога беше кризно по два три пати ако повратев. Можев само кифличе суво корката да ја јадам тоа и ориз така варен со мн малку сол. Ќе помине утепува на психа... Ваја рефлукс и гастрогард исто ги земав некогаш да ублажат нешто. Антиметил џабе пари фрлени.
ептен утепува на психа, овие две три недели се осеќам како месеци да поминале... кога ти поминаа мачнините? ич не памтам од минатата бременост, знам дека ми помина негде во вториот триместар ама не знам која недела, а и мислам дека не ми беше до толку лошо тогаш.... обавезно
Дали ви се случило да ставите утрогестан и да искочи на бришење стопена? Ставам по две, лежев 30 мин, станав, бев во тоалет и на бришење цела стопена. Што да правам или не е страшно?