Да се случува,гледај да ги ставаш рано додека уште си во кревет за да не стануваш подолго време или пред спиење кога си легнуваш.Се случува испаѓаат растопени,остатокот истекува
Ставам 2 х 2 и навечер пред спиење и насабајле. Навечер не станувам, ама за од сабајле минимум 20 мин ми рекоа да лежам па да станам , јас лежев 30 и морав да станам ми се одеше во вц. И искочи. Иначе поише полежувам зашто сум дома, саат минимум па станувам и тогаш излегуваат ама постепено на одење во тоалет, а сега една цела стопена излезе сигурно ...
Нормално е, вишокот истекува. Битно е 20 мин да лежаш додека да се ресорбора активната супстанца на лекот
Пробај мастика да џвакаш. Мене тоа ми помагаше. Иначе на инфузии завршив од повраќање. Радувај се чим немаш никакви мачнини. Јас умирав три месеци секој ден по малку, дур да поминат. Да, многу често. Лежи си по саат време. И гледај повнатре да го ставиш.
20 минути мислам дека е малку Мене ми кажаа 1 час да лежам после апликација А нормално е да истече после тоа нешто
Секако си покриена со терапија доволно, а нормално е да се случи да излезе растопена. Мене ми се случуваше тоа и нема проблем, телото ќе си апсорбира колку што му е потребно. Без грижи и уживај во бременост
Негде средина 12та недела, и сега еве 19+ 3 живеам нормално 7 недели хаха и качив вкупно 3 кг за тие 7 недели што јадам нормално. Ќе биде подобро.
Девојки дали му се случило на некој да му престане лошење ден два и пак да продолжи после? 12+4 сум денес, пред три дена скроз престана да ми се лоши и реков толку е, од вчера поручек пак ама толку интензивно да ме омалакса. Болна сум и пијам тамифлу, единствено тоа видов во несакани дејства гадење дека може ама од почеток на терапија, јас вчера втор ден веќе пиев. Многу ми е чудно не можам да си објаснам што се случи.
Нормално е веќе овој период да прекинува да ти се лоши. Мене во 13та како со ножички наеднаш прекина. А во 12та почна вака како тебе, и во 13та скроз.
Тука сме Колку пати ми се случи три четири дена мирна сум,ни гадење ни ништо и си кажеш ете престанаа и опп ете ги јово наново И не само сабајлечки како беа сега и преку цел ден и навечер..не се знае кога ќе не остават,исто и јас денес 12+4 Туку и јас имам едно прашање,ноќеска малата спие со мене и несакајки во сон превртувајќи се ме клоцна во стомакот,јас спиев на грб а она со ноџето ме тресна од горее,не беше многу силно ама премисла ми дојде вајда нема да му биде нешто?
Девојки може ли да ми споделите нешто... Дали каде што спиете или каде што сте подолго време во просторија имате прочистувач на воздух? кој апарат го имате? Со оглед на тоа дека сум веќе една недела на бед рест се мислам дека ми треба под итно еден таков апарат ( требало до сега да имаме земено ама ете) а во Скопје гледам многу ги нема на залиха Не знам дали некој конкретен е подобар за трудници? Или нема врска
Нема врска, прочистувач е прочистувач. Ние на Xiaomi имаме, околу 16000 го плативме, периодов не го пуштам бидејќи не е загадено. Ама кога е загадено, секој ден е пуштен и апла покажува високо, и го прочистува воздухот.
Колку што знам јас, прочистувачот не треба да испушта озон. Ние користиме на Xiaomi, веќе трета година и задоволни сме, не стои во спалната, најчесто е в дневна ама вратите ни се сегде отворени и циркулира воздухот. По потреба сме го преместувале.
Девојки лошењево неделава дефинитивно од Тамифлу. Ги прекинав и ми стана подобро. Да имате инфо ако не дај боже се разболите и ви дадат да пиете.
Devojki molam za mislenje! Na 21jan treba da dobijam, denes imav rozov iscedok, dali e rano za implantacisko krvarenje? Nekoj so slicno iskustvo?
Јас пак со моите прашања, скрос сум на почеток а јас не можам да се наведнам нокти на нозе да си средам. Се наведнав и одма болкаа од десна страна. Како функционирате? Како се наведнувате? Се виткате? Сеа легнав и се плашам да не направив беља знам дека е многу мало ама пак сум на мисла зошто ме заболе? Нит спијам на стомак, на се пазам, ептен укочена сум. Високо ризична бременост сум заведена. И секој потег ми е на мисла како ќе станам, како да легнам, како да се облечам , како да се наведнам....ужасно чувство на мачење вина...оффф