Вака си правиш само огромен стрес безпотребно. Не може ништо да биде, однесувај се најнормално како претходно, неможеш да наштетиш на плодот ништо. Битно ти е да не креваш тешко и да не се оптеретуваш многу физички, останато најнормално
По што проценија дека имаш високо ризична бременост? Однесувај се најнормално. Опуштено и пробај да уживаш во бременоста.
Не можеш да му направиш ништо дека се имаш наведнато, како што ќе расте стомакот и да сакаш нема да можеш да се наведнеш. И мислам дека сите што сме со ивф се водиме под високо ризична бременост, мене ме водаат и под заканувачки абортус поради тромбофилија. Сепак функционирам најнормално. Веќе имам поголемо стомаче па за многу работи ми помага мм. И ќе се случува да те заболува на различни места, менструални болки поради ширење на матката, мене ме боли некогаш кога се врти во некоја положба па осеќам како да ме сечи во тој дел. Премногу стрес си правиш, биди поопуштена
Јас дека така почна со крварење со мирување... Само до вц станував. И кога ќе дојдеа блиски вујна ми или нез некој и демек не се виткај немој вака немој така... Јас се осеќав мн лошо некако здраствено, дека повраќање, главоболка , вртоглавица, болка во желудникот и сакав само да се свиткам и да легнам. И искрено вака медицински пошо сум во струкава знам дека е невозможно.. Дете е како семка и вишна и не така физички можеш нешто да направиш кога ќе се свиткаш или станеш или идеш во вц па се напнеш за да извршиш функција. Значи функционирај најнормално.. Ако те заболи сврти се најди друга позиција. Некогаш и да не си трудна па ќе те заболи нешто ако се свиткаш. Рачунај сега слабо си физички активна па и мускулите се опуштени. Јас еве 5ти месец при крај ама уште сама средувам, ќе исечам еден па исправи се па друг... Пример ако ми се моча па идам од раб и му викам на мм ај чизмиве одврзувај идам во вц и тогаш мислам ако се наведнам ќе пукнам хахах... Немој од старт да се стресираш и знај дека секоја ситуација што ја создаваш се пренесува на плодот. Истото ми рече докторката вика ти си порелакс, плодот под релакс... Ти во паника дете во паника.. И кога ќе се роди исто све осеќа. Да можеш да си имаш убава бременост опушти се и уживај. Поздрав
Ви благодарам на сите, не знаете колку значи што ми вративте. Високоризична сиг дека сум 39г. И имам миом .... Не спомна ништо само така напишал во извештајот. После мноогу години прва бременост. Па не знам како да се понашам
Очигледно сите што сме на почеток сме со истите прашања и мисли И ја сум скоро 39 и високоризична запишана И плус имав крварење Па прекина сега пак има малку Имам и миом 9цм кој не можам да го извадам од мислите Така да претпоставувам до некаде нормално е вакви да сме со стравови и сл ...плус и од хормоните терапијата си го прави своето Ќе си се тешиме вака овде и дај боже сите да стигнеме до пораѓањето што полесно
Јас сум 36 год 3та бременост предходно 2 спонтани .Бед рест од 6та недела со серклаж ставен 17 недела.Ризична бременост на контроли секој 3 недели гинеколог и трансфузиолог.Ама јас не мислам на тоа да имам цел еве првата ја постигнав да стигнам 20 недела сега терам понатака.Кај мене Мм ми помага се погоди периодов да е дома .Мисли си позитивно дрка се ќе биде како што треба.Да ќе те заболува некад десно лево а ма се е нормално,ти само мисли позитивно и биди силна во следниве 9 месеци.
Со ивф сите бремености ги водат како високо ризични, и мене така ме водеа прошлиот пат кога имав спонтан. Сега сум пак поради близначка бременост, исто 38 години. Немој да си ја стегаш душата, опушти се и уживај си во чудото што го носиш во тебе и си го чекала толку долго толку многу сме истрауматизирани ние со инвитрата што кога ќе ни се случи убавото не може мозокот да процесира и да се радува. Ќе биде добро
Немој да мислиш на миомот и јас сум високо ризична 34год, со еден куп тромбофилични мутации, 3 миома и еден предвремен пораѓај во 5ти месец од бременост. Како расте бебето ќе ги поминува димензиите на миомот и понатака во бременоста стануваат незначителни. Оваа бременост се чувствувам мноооооогу подобро од претходната која заврши трагично, мислите се секогаш тука да доаѓаат ама не можеме ништо да направиме освен да пробуваме да следиме интуиција и докторски совет што му веруваме. Анксиозноста решавај ја со активност или планирање за бебето. Партнерот е од круцијално значење, јсс имам прекрасен маж што е тука за било кој момент до мене. Мн си на почеток ништо не можеш да му направиш со свиткување на бебето, некој сантим е сеуште на почеток. Јас сега во 5ти месец веќе си фунционирам нормално одам на работа, си средувам дома, попладне гледам да одмарам повеќе во лежечка позиција и да имам 8h сон, храни се здраво и лесно и прави чести контроли, нема друг клуч верувај ми
Јас и од пред забременување имам проблем со кичма и врат, сега кога прекинав да движам и вежбам како предходно, имам мускулни болки кои мислам се предизвикани од неактивност. Ме фаќаа болки, жежење во половината, главоболка предизвикана од врат или лоша положба, болки во рамена, долен дел на стомак и сл. Правам многу благи истегнувања, благи масажи со натоплени раце од шише со топла вода. За спиење на стомак, исто се грижам, ама се вртам во сон и нема што да правам, веројатно како ќе рссте стомакот ќе прекинеме. За секоја гружа консултирај си се доктор за да ти олесни.
И мене ме водат како високо ризична, имав кафен исцедок и ради тоа. А имам и миом од пред забременување. Ми рекоа дека ич не е опасно. Опушти се.
Женски, едно прашање... колкави ви се мешињата во 8-9та недела? јас се одеќам како лубеница да имам лапнато.... ко 5ти месец А не сум ни 3ти
Исто ми е чувството Тоа е повеќе од отеченост Мислам дека ќе помине Кај мене мислам дека е и од апчињата дека се хормонски
Ист ми е стомакот, надворешно ништо не се забележува, јас си чуствувам при наведнување, свиткување како исполнетост во тој дел, немам подуеност засега.
Јас од старт сум многу подуена, еве почнав 14та денес исто подуена. Јас ставам и вагиналети верувам дека тоа плус придонесува за подуеноста.
Сега сум 5ти месец и има више стомак и од храна се дуе. Тогаш ништо немав само повраќав... Ослабев 4кила
Баш како 5 накај 6ти месец ми е стомакот, освен хеланки ништо немам облечено периодов.. ама и прогестеронскава терапија си го прави своето.
Последна менструација имав на 16ти Декември, правев тест на 9ти јануари и е позитивен. Бев кај матичната на 13ти и само потврди бременост и ми даде дабростон 2х1, утрогестан 1х1, аспирин протект 1х1, магнезиум и фолна. Немам никакви симптоми, освен болка во кичма (што и така си ја имам поради работа со седење) и еве денес како грчеви имав малку во стомакот што може да е пд ширење на матката. Според една апликација сум 5+6 според друга сум 4+6, не знам на која да верувам На следен преглед тек на 27ми Јануари. Со првата бременост уште пред да направам тест веќе имав болка во градите и за кратко време имав осетливост на мирис, гадење, повраќање, сега ова отсуство на симптоми не знам како да го толкувам. Некој да сподели искуства?
Еве јас сум ист пример како ти, никакви симптоми немав со до пред некој ден, а веќе сум 10+2, секој ден се прашувам дали е се' во ред и бројам денови до следно ехо.. секоја бременост си е различна, може покасно да ти се јават симтомите, ти си ептен на почеток, а може и воопшто да ги немаш. Со лесно до крај!