Како успевате да се воздржите од нервоза. Нема теорија во 9 месеци да нема стресна ситуација. Повеќе од времето сум релаксирана ама ете денешнава ситуација ме извади од такт. И многу лошо се чувствувам имам грижа на совест. Работата е какооо да се исконтролирам а да нема штета на плодот. Ова е втор пат во два месеци вака да се исклучам. Некоја финта што ви успева... Пред бременоста исто многу лесно избувнував и најлошо стомакот ми се грчеше, не трпам неправда... и луѓе без осет
Живо суштество си, нормално е да се изнервираш. Не мисли одма лошо и дека смета на плодот. Нормално е да се сретнеш во такви ситуации. Не се замарај и терај си даље.
Јас од кога сум бремена хормоните ваљда збеснале и се нервирам и за глупости а не па нешто да ме извади од такт.Знам да направам драма од ништо и да полудам ама после ми поминува брзо и самата си велам зошто така постапив.А за небитни луѓе ич гајле да не ти е
Да пробаш некако со дишењето подлабоко и да броиш на пр до 10 дишења Можеби има на нет некое и поконкретно дишење Инаку да грдо е кога не фаќаат емоциите ама изгледа е и до хормоните Особено ние што сме на почеток очигледно најтешко е на почеток поради неизвесност и слично и поголема раздразливост се појавува Барем така е кај мене Ама претпоставувам дека не може до толку да има нешто лошо на плодот одма
Јас општо пред бременост бев брза, се напнував лесно, несакам неправди, неработници, тако звано оправав криви дрини... Сега еј ако сака нека се удри со главата у зид, ептен на некој близок што ми значи ќе искоментирам . Друго на игнор, на работа на глупостите си се смеам порано се нервирав и јас фирма оправав. Доста сум се давала. Ма за никој не се нервирам. Дури и со мм ако нешто ми искоментира му викам ај не ми нервирај дете остај ме. И така пробај да се исклучиш да не си правиш стресови. Барем овие 9 месеци.
Полошо е во тебе да собираш ...Отерај се упм и биди опуштена ...Јас не се замарам пошто знаам дека ако е толку ниско да се замери или навреди бремена жена значи не вреди да се замараш со нив ....Мисли на бебушот ако ти смета нешто излези си надвор не слушај само насмеј се верувај дека ќе ти биди поубаво а ако се нервираш ништо нема да смениш бидејќи на некои луѓе толку му е капацитетот како јас што велам проста раја ...
Девојки ако има некоја будна и со искуство Која количина на крварење е алармантно за на дежурен ??? Имам темно кафеава боја на крв ама како на бранови два пати ми се наполнија две секојдневни влошки пред малку во рок од пола саат Дали да чекам утре прегледот 8нед Ме теши тоа што е темна и засега нема болки Ако некоја има искуство плус пишете Фала ви
Да одиш денес и да не чекаш најверојатно ти треба прогестеронска поддршка.Земаш ли утрогестан/циклогест? Мирувај повеќе и појди да те видат П.С. надоле во постовите видов дека си била и дека е од хематом. Не се секирај тогаш
Да да Примам утрогестан Верувам дека ќе ми помине само страшно е додека се случува Фала секако на одговорот
Дали е нормално да се има проѕирен вагинален исцедок? Сега мочав, и на бришење видов. Пред недела дена праев торч и микробиолошки брисеви, резултатите се супер. Дали да појдам утре на контрола?
Мислам дека зголемен вагинален секрет е нормално при бременост се додека не е обоен Ама ако ти е во мисла јави се на матичен Др прашај си
Денес бев на преглед, ми потврди дека сум 6+1, се виде ембрион и имаше срцева акција иако не се слушаше баш нај јасно поради тоа што е уште релтивно рано. Следен преглед за 2 недели.
Здраво, вака последната менструација ми беше 15/11 прв ден, пред две недели бев ксј гинекологот ми ја потврди бременоста и ми кажа дека сум 10та недела. Но нели треба да сум 8ма бидејќи нели првиот фен од менс ми беше на 15/11 и од тогаш се смета.
Таман, 10та недела треба да си. За да ти биде полесно инсталирај на телефон некоја апликација од плејстор како на пример Pregnancy (со зелено знакче со стопалца е), таму секој ден ти пишува која недела и колку денови си.