Се зачудивме до мајка ми отпосле се свестивме, башка стар гинеколог пред пензија.Инаку на ехото беше оформено човече
Дали е лош знак ако во 7ма недела полека почнуваат да попуштаат некои симптоми како на пример помала болка во градите и намалено гадење?
Мислам дека е нормално. Јас пак воопшто и да немам симптоми. Само повремени благи болки, слични на менструални кои доаѓаат и поминуваат. И се така овие 2-3 недели.
Ќе ти се појачаат, и јас така паничев, па еве сега појачано и гадење и осетливи гради. Сабајле ќе повраќав па се напнав зашто се напрегав, викам стомакот се стега ете беља никако да ни се погоди ако имаме зошто имаме ако немаме зошто немаме симптоми
Ама овие симптоми што ги спомнав ми беа појаки и сега некако за нијанса се намалени..имам историја со спомтан и тогаш беше слично можеби некако и затоа ми е страв, а до прв преглед имам уште неколку дена
Кај мене се повлекоа симптомите и јас се прашував дали е во ред, немам ни стомак, заборавам дека сум бремена. Ама од недела во недела се некој нови симптоми се јавуваат главоболка, а сега оваа недела многу често мокрење.
Мене до кај 8-9 недела имав лошење нагони за повраќање апетит на 0 сега сум таман да не се подречам имам по некоја главоболка, често мокрење и болка во гради
Скроз ти го разбирам стравот, иста сум потполно. Од старт немав некои особено изразени симптоми и едвај чекав да се појават за да сум "раат", дури молев бога да повраќам . Некој ден имав симптоми па ќе се десеше следен ден ништо и одма паника ме фаќаше (со неколку спонтани сум). Еве терам 11та недела и сеуште немам изразени симптоми, а градите по спласнати и по меки никад не ми биле. За да смирам психа одам на ехо на 2 недели и фала богу се' е супер. Никаков показател не се симптомите, се што не е јака болка или крварење не треба да ни уклучува "аларм" ама ете.. Ќе биде се' во ред.
Нормално е, некогаш ќе ги имаш, па ќе немаш, во текот на бременоста ќе се појавуваат и губат. Кај секој е различно. Јас немав ниеден симптом освен цела бременост метален вкус во устата кога јадев благо, и претерано чешање на гради и стомак. Тоа ми беа единствените симптоми. Гради ме болат сега во ПМС, ама во бременоста немав никаква болка. Не се паничи, се си е во ред само кај секој е различно телото.
Скоро ич немав симптоми и после 12та скроз исчезнаа, сега веќе на крај на 19та заборавам дека сум бремена освен кога ќе поминам покрај огледало па ќе си го видам мешето не се потресувај беспотребно првите недели се најизразени и најподуени сме после се стабилизира се во втор триместар и на крај пак се одново
Девојки до која недела спиевте на стомак? Мене спиењето ми е само така, секогаш се обидувам да спијам на страна но утрото се будам заспана на стомак Не знам дали е опасно за бебчето, јас сум 9та недела
Па според сѐ што читам до крај на 3мес може било како да спиеш Ама подобро ти е да почнеше некако да се навикнуваш на странична позиција
Пробај со перници околу себе или онаа трудничка перница може нема да ти дозволи да се свртиш на стомак Не знам нека пишат и поискусни И ја сум на старт исто сме Инаку за понатака не е убаво ни на стомак ни на грб
јас заспивам на лева страна па се вртам на десна и на крај заспивам и се будам на грб 12 недела сум уште сега сум здрвена тек почеток е ами до крај ...
Уште некоја недела ќе спиеш така, после и да сакаш не можеш. Иста и јас бев дека навикната на стомак. После само на лева страна спиев се придржував. Кога се породив тоа ми беше едно од олеснувањата пак да спијам на стомак, немаше веќе клоцање во ребро