Јас сум личност што спие цел живот на стомак, така спиев некаде до 8ма недела мислам, после тоа ми беше страв иако р дозволено мислам до крај на трет месец, но подобро е да почнеш да се навикнуваш. Спиењето сега ми е најголем проблем 17та недела сум. Дозволено е да спиеш само на страна, прочитав дека после 16та не се дозволува ниту на грб да спиеш поради тоа што се притискал некој крвен сад па го прекинувал крвотокот, поради тоа се и можни вртоглавици или незнам што. Така да само на страна и се будам цела укочена во колковите
Јас сум 13та недела и јас исто ко тебе…како и да заспијам јас пак се будам на стомак и одма паника мислам дека сама ќе почуствуваш кога веќе не ќе можеш да спиеш на стомак,јас еве веќе не можам,чуствувам нелагодност.
Јас сум 7+2 и навечер сум страшно подуена без разлика што то и да изедам, а не се прејадувам,немам уште јак апетит, ко да сум 5ти месец
Дали на некој се соочил со воспалено непце во 9н. Викенд е, и ништо не смеам во 9 недела така? Дежурен стоматолог? Редовно одев на забар повеќето заби ми се со пломби, има ли тоа врска? Многу ми се осетливи не можам ништо цврсто да јадам одма пломба паѓа.
Ц вит задолжително треба да се пие Д вит ако ти препорачал Др За тоа што ти крвари непце ќе направиш чај од жалфија и ќе испираш и ќе плукнеш тој не се пие Ќе внимаваш како јадеш со помали залчиња и никако тврди работи како лешници и сл тоа ќе си дробиш некако Инаку мислам дека не смееме нешто особено да правиме на забите во прво тримесечје
6+5 сум денес и немам никакви симптоми во споредба со првата бременост, никакво лошење ни осетливи гради. Имам болки во кичмата кои ги имав и претходно така да не би ги препишала исклучиво на бременоста, и поспана сум малку повеќе од вообичаено. Во понеделникот бев на преглед докторкта рече дека се е во ред за неделите, така да решив да не обрнувам многу внимание на симптомите дека секоја бременост е различна, нели. Со лесно
Да си одиш на забар, може треба чистење на забите. Во бременост забите се осетливи и мора да се иде на забар.
7+0 и умирам за јадење последниве 5-6 дена......нормално е волку рано да сум постојано гладна? Се мислам да проверам и шеќер во понеделник.....
Во прв триместар и јас бев нон стоп гладна, шубе ми беше да седам така, си јадев и се здебелив 4 кг. до 12 недела. Од сабајле се тресев ко ќе станев, некогаш и по два пати доручкував и дома и на работа. Шеќерот добар цело време и на гладно и ОГТТ сега направив и то беше океј. Сега во втор триместар ми се подсреди апетитот, си јадам ко претходно. Споредбено првата бременост ич не бев гладна, едно кило дали качив до 20 недела. Различни бебиња, различни барања .
Јас сум некаде 8ма недела од бременоста, од почеток имам некаков крвав исцедок по малку, понекогаш розев, понекогаш кафеав, ама вчера почнаа капки црвена крв да течат. Бев на итна синоќа, има срцева сеуште и сега за сега изгледа дека е ок, иако никој не знае дали така ќе остане, бидејќи не можат да ја видат причината за крварењето. Цела ноќ пак крварев по малку, најголемиот дел е на бришење и осеќам како некоја болка во стомакот, ама не некоја екстеремна. И сум преплашена. Дали некој друг се соочил со вакво нешто?
Мене ми истече на 2-3 пати поголема количина ама кафена крв а цело време на бришење имам некаков исцедок Многу е страшно додека трае Ми кажаа дека имам хематом кај мене Ми препишаа веднаш Дабростон и утрогестан ваг Ц вит магнезиум... Да си побараш второ мислење Можеби треба да примаш нешто Јас бев уште веднаш кога приметив тоа беше на 5-6нед Се повтори пак на 7 и на 8 нед
Во вторник имам термин кај мојот доктор, ми рекоа да видам во вторник со него ако е крварењето со овој интензитет. Ако е појако, да одам пак на итна. Ми дадоа и утрогестан, ама само 4 таблети, да ги пијам по една на ден пред спиење. Ќе прочитам назад во темата сега, фала.
Не, ништо такво. Не живеам во Мк, овде никој не ми спомнал никакви испитувања. Веќе имам едно дете, со него имав ептен лесна бременост, иако знам дека секоја бременост е приказна сама за себе, исто и во таа бременост некаде до 12та недела имав постојано кафеав исцедок и после тоа престана, ама вака никогаш не течело. Сега за сега е смирено, ама на бришење имам сеуште.
Знам ама еве на форумов има мн жени со втора бременост се со терапија и ако првата поминала без проблем. Обично кај хематомите првиот ден е розева и после тече кафена крв. Јас прокрварев два пати до 8ма недела со хематом ама покриена со терапија за мутации, сега дури по два клексани примам. Ако имаш болка и нелагодност иди пак на итна. Незнам каде си ама еве за германија со другарката моја зборевме има биохемиски да испита го има тестот за мутации 80 евра е приватно. Јас би испитала, во 80% од случаевите е ради циркулацијата проблем.
А тоа сите што крварат треба да испитаат? Или само за втора бременост? Никој не ми спомна дека треба да се испита нешто плус кај мене освен што ми кажаа дека е од хематом
Јани мене кога бев првиот пат вика, најчесто мутациите се причина за создавање на хематоми. Самата бременост е тромбогена состојба ама кај тие со одредени мутации прави проблем. Јас имав испитано на своја рака сум зборела овде... Сега на почеток на бременост ако знаеш за нив можеш да си помогнеш кога и да се почне со терапија е добро ќе се заштити бременоста понатака. Дека може да се повторуваат хематомите, да намали циркулација во плацента и плодот или да не расте и напредува. Нема никој доктор да ти каже да испиташ, гледам по мн абортуси тука им даваат да испитаат. Еве пријателка маж и е гиниколог не ја пушта да испита немало потреба... тоа е работење по книга кај нас. Не се следи како днк се менува и све мутира за жал секоја втора има мутации. Мајками имала мн лесни бремености еве јас и сестрами двете со клексани мене па ддмерите во вис и покрај терапија се чудеше Јани.
Да се уфрлам во муабетот, мене докторот пред да почнам со ивф прво што ми рече да испитам беше тромбофилија предходно две неуспешни имав. Излезе дека имам мутации додуша јас кога ќе се вратам наназад имам и индикации ама за предходните ивф не се ни информирав доволно и не ми посочија тогаш да испитам. Иначе да се надоврзам на муабетот баш имав некои статии читано од Др. Јани дека кај нас овде станува тоа со мутациите голем проблем за разлика во некои други земји каде го има многу помалку проблемот. Значи живееме во време каде што буквално се е загадено од воздух, до почва до храна и баш се има влијание. Исто и еднаш кога бев во брза помош по потписи за примени клексани баш беа постари сестри и искоментираа што време ќе беше ова секоја втора трудница е на клексани ние не знаевме што е тоа, па другата и рече во наше време не ни имаше клексани. Ама времињата се менуваат и добро е да се испита тоа што се може, подобро нешто да се спречи кога веќе имаме пристап и можност за некои работи .