избегавам, 15 кила е, кога сме сами морам, ја бањам, па обично тогаш ја подкревам и за во кола да ја ставам во седиште и да ја симнам, или за мочање на шоља да ја качам. онака за да ја држам во раце не ја кревам, голема е веќе и разбира.
Кога сме кај симптомите ќе легнам навечер и ќе си речам никакви симптоми, сабајле станувам со гадење, јадам ама од се ми се гади, повраќав вчера и да ви кажам спијам како мечка во зимски сон...синоќе се собиравме друштвото на поседенка кај едни пријатели, јас 2 саати спиев тие си седеа за жив срам. Ова ај недела во петок сум за срцева акција, се надевам ќе биде се ок. На први во едниот сакус ми видоа жолта ќеса. Дали некоја имала некое искуство жолта ќеса да има А ембрион потоа да не се појави. Се плашам.
Денес на контрола сум треба да видиме хематомот како реагира на утрогестанот . Званично мачнините тропнаа на врата мака ми е како воз да ме прегазил , како болна се осекам .
Имам два различни прегледа и не знам што да мислам веќе. Последен циклус на 19.02 , циклусите ми траат на +31 ден. Бледа црта добив на 21.03 што на ехо би требало да сум сега 6+3/4 . Првиот преглед ми беше на хитна поради малку розе што имав на влошка. Таму ми рекоа дека одговара на 6+2 има плод срцева акција се супер само хематомот тоа беше на 02.04 , вчера на 07.04 одам кај друг доктор и прегледот помина вака уредна гестациска вреќа за 5 недела со уредно жолто кесе. Нема хематом. Докторот кажа, да го немавме извештајот прв ќе кажев уредна бременост, пак на ехо за една недела . Вака вика не знам што гледала таа првата . Исто ми кажа според циклус кога бил и дека имаш на +31 ден вака одговара , ја во прашалници цела. Терапија утрогестан вагинално и ако нема ништо другата недела ќе ме чистеле со апчиња . Таман си се израдував пред некој ден , си се изнаплакав од среќа . Едит: ехото од вчера Spoiler: Ехо
А на вториот преглед, повторно не ли слушнавте срцева акција? Верувај многу дибро знам како се осеќаш, но пробај да бидеш смирена до следниот ехо преглед
Немаше ништо, а на првиот докторката ми покажа како трепери нешто и кажа ова е срцето. Сега на вториот преглед ме праша докторот дали пуштила звук да слушнав кажав не. Останува да чекаме.
Пологично ми е второто мислење од докторот. Кога се проверува срцева акција секогаш пуштаат и звук да се слушне како работи срцето.
Немам , со изговор на докторката тука е хитно само, и не ни дозволуваат сликички да сликаме. На памет ми остана да не престанало да се развива не дај Боже
Нема што да ставаш слики овде, колку што знам нема гинеколог овде на форумот, само ќе се збуниш повеќе. Ако си во можност оди кај некој добар приватен да не ти е на мисла. Имаат подобра апаратура секако.
Вториот преглед ми беше во приватна ординација. Ми останува да си почекам и да се помолам да биде се во ред . Да бев во Мкд многу полесно ќе ми беше, ќе следев преку бета, вака останува да си чекам .
До 8 недела ништо не прави, никакво чистење. Мене докторката ми рече минатиот пат ми пратија жена 8+ за чистење кога ја прегледав имаше уредна бременост со срцева акција А и рекле празен сакус. Штом има жолта ќеса ќе се појави се што треба понатаму, и рано е може покасно била имплантација.
Дали некој поминал стомачен вирус во прво тромесечие? Буквално не знам кај ме фати, ова не е нормално колку болки имам и ме исцеди се надевам нема да има последици…
Иста сум , баш на мајка ми и кажав , не повраќам али ме исцеди. Една недела ме држи вака. Која недела си?
Од денес 7ма според ехо.. 4-5 ден ми е веќе и повраќав два дена и дијареа со денови. Примав инфузија завчера и се си мислам дека и вчера требаше да одам пошто денес уште ми е лошо.. ти која недела си?
Јас некни розе имав два три сати прекина.. Другиот ден исто пак прекина.. Денес од сабајле имам со прекини како жолто ексик веќе.. Морав Битола по инекции да одам можеби изморена не сакам да паничам... Можеби хормони се.. Докторот рече да не паничам покриена сум со терапија.. Не знам веќе што да мислам. Помош
Знам колку е стресно, го минувам и јас истото. Неколку дена ќе е во ред, па пак имам исцедок. Кај мене оди од бледо розево, светло кафено, до потемно кафено... ставам вагиналети редовно. Викаат дека се дури не е крв и немаме големи болки - нормално е, може да е од хормонални промени или промени во самата матка. Кога ќе ти е мисла, ако се осеќаш некако 'поразлично' оди на доктор. Мисли на тоа дека примаш терапија, ако може малку од малку да те смири. И одмарај повеќе Кога имаш следна контрола?
Која недела сте вие? И кај мене така првиот пат розе бебешко... Сат два после бело другиот ден пак малку па прекина денес од 5 утрото темно кафеаво и сега еве намале скроз незнам зошто вака