https://forum.femina.mk/threads/Вашата-приказна-од-пред-зачнувањето-до-раѓањето.35498/#post-7420758 Можеби ке сакате да не дигнете на нозе
8 недела денес Ми се ближи контрола па се покрива доза страв дали е се во ред Од симтоми имам бодежи во стомак , осетливи гради, умор, осетливост на мириси и емотивност. Имав чувство пред некое време како тенк да ме прегазил Немам повратено се уште.
Здраво. Јас сум 12 недела па ме интересира дали по 12 нед. симптомите како болни и тешки гради, гадење ги снемува, се намалува ? Кај мене е уште присутно. Дали по 12 нед папочната врвца ја презима целата контрола или нее правило? И дали некој има пиено тироксин од 25 превентивно до 12 нед ?
За гадењето во првата бременодт ми помина негде околу 14та недела. Исто и градите престаа на ме болати да ми бидат тешки ама ми пораснаа ко силикони да имав вградено. Золва ми имаше гадење повраќање до 9ти месец, цела бременост. Тоа ваљда е индивидуално. Јас сум 9та недела и едвај чекам да помине првиов триместар да ми помине оваа мачнина иначе пукнав
Здраво. Искуство со крварење во 12 недела. На почетокот имав кафеав секрет по многу малку и прекина до 8 недела. Денес приметив розев секрет а потоа и крв црвена малку потемна, но ептен малку еден круг. Веднаш дојдов на итна ме прегледаа и ми кажаа дека е ок има срцева реакција, нема хематом. Од што би можело да е крварењето ? Некои искуства... Толку идиотски се понашаше па кога и реков добро штом е се во ред, ми рече па јас неможам да ти гарантирам дека по 1 саат ќе биде се во ред, како може така да каже... Инаку ставам од почеток прогестерон 2 пати по 200. Дали да одморам ми рече нема потреба. Многу сум исплашена ве молам за искуства.
Исто имав, тој период постелката е блиску до цервикс и знае да направи такви крварења. Не се плаши, не е страшно, покриена си со терапија. Еве да те утешам, 5и пол месеци имам бебе веќе.
Во 11та имав и во 12та. Одмарав две недели дома, и помина со утрогестан 2*200 ставав секој ден. Баш од таа причина што ти пишав, Димчев ми кажа. За неколку дена помина.
Мене 5 пати ми кажаа не гарантираме дека ќе биде добро . Преаска бев по рецепта и една докторка исто се испонаша прво дете дали е живо па потоа рецепт немаат осет никаков
Идиоти со секоја чест на исклучоци. Јас не и барам да ми гарнтира. Никој нормално не знае што може да се случи, може утре и светот ќе го снема ако така збориме. Ама ептен ме погодија зборовите па се кажува ли така.
Дечко ми само вика по мене , ќе му наштетиш на бебе со таа твоја нервоза А ја нервозна нервозна снага ми игра , сирот па само он ме нервира и само по него викам погледне на страна , јас нервозна , каже нешто јас нервозна
7 недела сум од 5та недела па наваму имам толку многу гадење денот не можам да го истерам некогаш само во кревет лежам… не знам како ќе издржам до крајот
И јас сум исто некои денови... мене некогаш ми помага шмукање лимон или ментол бомбона (Фишермен) за малку да се ублажи. Ама некогаш ништо не помага
Притисокот ми е падни стани Налудничаво како времето кога висок кога мн низок Незнам што ќе се прави Во секој случај благодарам многу