Јас почнав премама послем контрола за срцева реакција 6 недела и 2 дена.Самиот док ми ги препиша ,претоа метил фолат и б12.
Ми излезе позитивен тест за бременост, ме фаќаат паники дека не пиев ништо од витамини за подготовка. триста мисли имам додекс појдам на ехо
Најпрво, честитки и со лесно да ти мине цела бременост Нема зашто да те фаќаат паники, многу не сме пиеле ништо за подготовка па пак сѐ било како што треба. Ќе пиеш од сега па натака Јас кога дознав веќе бев 4та недела по пресметките на докторката, а последните три ми беа толку напорни, главев по цели денови на работа без застанување, немав време ни да јадам, измеѓу клиенти земав по неколку шеќерчиња од оние за кафе за да вратам енергија и кога дознав имав малку грижа на совест ама фала му на Господ, бебушки се супер, си слушнавме и срценца па за неколку дена влегувам во 4ти и ќе треба да се преместам во темата за втор триместар Со лесно уште еднаш и само смирено
Девојчиња и женички Малце сум исплашена.Во 4 та недела сум имам светло кафен некогаш и потемен секрет,не е обилен поминувам со секојдневна бев на гинеколог со тешко срце ми даде утрогестан да пиам ,пиам меѓутоа уште имам одвреме навреме таков исцедок дали и се случило на некоја членка?
Кафеавиот исцедок е стара крв, се чисти. Се додека не е свежо црвена крв и не е пропратена со болки во стомах не е страшно. Земај си уторогестан и мирувај повеке, не кревај тешко
Здраво девојки, Дали во овој период е нормална болка во половината која оди кон нозете? Највеќе после долг ден, работно… треба да е загрижувачко или? Правев крвна слика и сите вредности се ОК, HCG е над 5000 (5+5 недела) но уредот немал можност за точно одредување.. само над 5000, а колку не знам.. Сега за сега, освен горе спомнатата болка, киселини, понекогаш гадење и болни гради нема други симптоми, најверојатно се е нормално за овој период?
Да се е нормално од тие симптоми-некои ги имаат, а некои немаат никакви симптоми во рана бременост.Се додека нема крв( поготово црвена во поголема количина), се е во ред. А и бетата ти е супер за 5+5 недела според вредноста плодот цврсто се вгнездил во матката. Поздрав и уживај во бременоста.
Јас 10 недела не сум повратила се уште Болки во половината , грчеви во раце нозе , болни гради не секој ден . Миризба некоја ми смета , меше де тврдо па мекичко и тоа ми се симптомите од самиот почеток. Гали мешко
Си пијам утрогестан по еден дневно ама дека не ми престанува од денес по 2 инаку бетата на 4ти ми беше 26.20 денес ми е 150 веројатно е правилно
Би требало да си денес 17 ден од овулација , за два дена нова бета . Јас ги пиев 3×200 и се смири тој исцедок. Сега ставам вагинално само навечер од 200 .
Почнува носот да ми се затнува, и кога ќе го дувнам крв имам, гледам дека и ноќеска ми течело имам на навлаката и блузата. Дали е нормално или да кревам паника ?
Здраво Бремена сум 11 недела. Денес почнаа да ми се појавува зацрвенување околу устата што потоа потемна. Веќе цел ден е присутно. Дали некоја има слично искуство со флеки во бременост и како сте ги третирале