Мене денес сабајле, во сред пекара ми се слоши припаднав а и со малиот бев среќа во количка беше.. се сеќавам и во првата бременост вака ми се лошеше ама второ тромесечие и пекол лето и тмурно време, одма ми паѓаше притисокот.. секогаш шетав со кока кола и шеќерче треба пак да почнам
Страшно еи, мене со првото вака не ми се лошело еднаш само во пекара исто од топлото и толку ова не знам....
Мене малку подоцна почна, некаде 20-та недела. Не одете никаде без вода и некое благце.Штом осетите слабост напијте се вода и каснете благо, ако има каде да седнете на некоја минута уште подобро. Друго решение нема, не можеме да сме постојано дома, без обврски...
Драги жени: 2 домашни теста позитивни, и висока бета. Рана овулација, рано и тазе све, 4 недели само Градите не ме болат ич! Зашто сите ве болат, мене не?
Прво честитки!! Јас баш тој период дознав и немав никаков симптом ама никаков...и сега еве 11та недела неможам да се помирам зошто немам симптоми многу се плашам и јас (гради стискам болат некогаш многу некогаш малку) ..верувај велат сите дека е ок дека ништо страшно не било... Сега одмарај многу многу верувај и труди се да не мислиш на тоа... Лежи гледај ТВ....кога ќе слушнеш срце во 6-7недела сите велат декс може да се опуштиш и да не се стресираш.. Ти посакувам се најдобро со лесно...
Фала многу Нуни. И јас си викам да престанам да читам и да се споредувам. Долг е патот за да си го комплицираме со мисли. Ама цело време ги чекам градиве, некогаш ќе осетам сензација, блага осетливост, ама ништо што кажуваат другите.
Јас немав никакви симптоми првите недели само ми се спиеше многу....секој бременост различна не се секирај..ако немаш гадења и повраќање супер е тоа. Само позитивно се ќе биде во ред
Не се грижи, има време ќе те болат Само малку да те расположам. Честитки за позитивен тест. Ти посакувам да имаш што е можно полесна бременост. Инаку, сите сме различни. Јас имам многу чуствителни гради, се случуваше половина месец пред да добијам да почнат да ме болат, за разлика од други што ги болат само ден-два пред да добијат. Така и со бременоста. Еве ги читам дека голем дел во неделата во која што сум јас болката им се намалила, поминала, а кај мене се уште трае и е како на почеток. Во првата бременост не траеше волку долго. Секоја бременост и секое тело е своја приказна. Не се грижи, доаѓаат убави денови
Мене не секогаш ме болат, 11 недела сум и немам ни повратено не па гради нон стоп да ме болат. Секоја жена си е различна . Верувај дека ќе почнат да те болат ќе имаш денови кога ќе не можеш да заспиеш од нив со лесно до крај
Здраво, малце сум во прашалници. На 9 мај малце прокрварев и одма отидов на ургентен. Тогаш бев 11 недела и 1 ден.Ме прегледаа вагинално и абдоминално. Го видовме бебче и ми кажаа дека е добро и според големина е 48mm и одговара на 11 недела и 4 дена. Потоа истиот ден бев кај матичниот гинеколог да ми препише терапија и повторно ме провери вагинално. Само наредните 3 дена имав кафеав исцедок. Во понеделникот на 12 мај бев на контрола, ме гледаше матичниот вагинално и ми рече дека бебче е големо 55 мм и одговара за 12 недели. Денеска на 15 мај (12 недела според последно добивање) бев у гак за контрола за патолошка бременост и на абдоминално ехо ми кажаа дека бебче е 66mm и одговара на 13 недели. Имам 3 прашања: 1. Треба да направам пап и микробиолошки брисеви. Кога можам да ги направам и дали има врска тоа што крварев малце? 2. Имам закажано Скрининг на приватно наредна недела. Тогаш ќе бидам 13 недела и 0 дена според последно добивање, а ако рачунаме според раст на плод тогаш би била 14 недела. Да не е многу касно скринингот тогаш? 3. Исто така наредна недела ме праќаат во гак да направам скрининг и Prisca 1. Страв ми е да не е многу тоа зрачење. Затоа што имав повеќе прегледи периодов.
Ti ne racunaj spored posledno dobieno, mozno e da si imala porana ovulavija, treba da se vodis spored doktorite sto ti kazuvaat koja nedela si
Брисеви ќе ти каже матичниот гинеколог дали може Обично на 12 Нед се прават брисеви торч и скрининг Може скрининг до 14 мислам дека беше за даунов тоа што треба да се измери Се смета недела која си не недела на димензиите на плодот
Каде правевте Приска 1? јас наредна недела влегувам 12 нед и ќе правам приска1 во државна. Дали сте задоволни од таму?
Со првото правев приска и скрининг во државна и пак скрининг во ремедика. Ама сеа не планирам да идам во државна не ни планирам преку крв приска да правам. Само скрининг си закажав во Систина
Дали апстинирате првите 12 недели? Мене ме советуваа на апстиненција поради ризик од инфекции/крварење. Ме интересира дали други видови на сексуални дејанија се ок ?
Јас од однос прокрварев во 8 недела со бебе беше се во ред и повеќе не ризикував . Работата е што крвните садови во вагината се малку осетливи и дека крвотокот ни е малку појачан и доаѓа до крварење при однос. За инфекција кондом Мене докторот ми кажа ако прокрвариш само утрогестанот орално ќе го пиеш, ааа не не однос не сакам веќе гаража затворена