И јас сум природно останата прво ми е па мачку паничам, до сњга е во ред не земам никаква терапија фала му на бога се надевам така ќе продолжи.
Инаку ми рекоа плацентата ми е на преден ѕид, ќе почекаме до 17та недела додека да земе целосна позиција.
Извини што упаѓам, и мене ми кажаа плацента на преден ѕид ама не прашав ништо, мислев нормално е, што точно значи тоа, што значи земање целосна позиција?
Мене ми е на преден ѕид баш на скрининг втор ми пишале во извештај. Не ми спомнаа дека нешто не е нормално тоа.
Нормално е, јас го прашав матичниот рече само за нас е "понезгодно" за гледање, а како што читам на тие што им е на преден ѕид покасно ги чувствувале мрдањата на бебето
Ништо лошо не значи, кај мене беше на заден ѕид и порано ја осетив бебка, 18та недела, на преден нешто подоцна се осеќа бебето.
Јас втора бременост во полна 20 недела го осетив, може е касно како за втора, ама сега па го осеќам повеќе отколку првото дете, или па сум заборавила, за него памтам само на крај кога трчаше во стомак
Еве не нас денеска бевме на прво ехо, видовме сакус со ембрионче дури и срцето се гледаше, и жолто тело. Сум била 5+6, не сум требала да рачунам од апликацијата што ја имам на телефон
Девојки дали знаете како оди процедурата за патолошка бременост да направам? И колку се плаќа од плата?
Прво користиш 2 недели боловање од матичен гинеколог,пред истекот на тие 2 недели ти треба извештај од специјалист ,со тој извештај кај матичниот гинеколог .Матичниот гинеколог ти дава предлог .Со извештајот и предлогот одиш на комисија ,каде предходно проверуваш која смена е првата буква од твоето презиме.На комисија не одиш ти, него некој од семејството.Потоа пак кај матичен гонеколог со док од комисија и ти отвора боледување.Документите можеш сама да ги носиш во фонд за побрза исплата, или во фирма па они да ги однесат.Исплатата е 70%од плата.
Здраво девојки, Моментално сум 7-ма недела, прва бременост. Освен пренаталните витамини (Novalec) и Mg директ кесички, не примам друго ништо. Дали дополнително има потреба од фолна киселина? Докторот до сега ништо друго ми нема спомнато дека треба да земам. Пред забременување можеби месец-два пиев Premama Duo, па он после ми смени на Novalec.
Здраво, Фолна киселина мора да се користи до 13 недела. Провери во мултивитамините можно е да ја имаат вклучено, ако ја немаат земи од 400мг.
Здраво, благодарам за одговорот. Имаат во содржината, на сликата подолу. Активна форма. Дали е доволно? Бидејќи за дополнителна фолна плус на овие, ми нема кажано.
Здраво, пред 1 недела добив позитивен тест за бременост и бета хцг 240 на 1 ден доцнење. Имав болки претходните дена и отидов кај матичната, ме прегледа и виде сакус 7мм во матка и некаков излив надвор од матката. За изливот рече дека не е опасен туку дека е течност која настанала поради дигестивни проблеми и ми препорача да се ставам на диета со лесна храна. Дали некоја од вас се има соочено со таков вид на излив? Мене ми е страв бидејќи имам претходна вонматерична бременост со излив (крв) заради кој ми беше отстранета тубата.