Има да, обично и потекуваат нозете. Ама и не мора да значи. Јас немав, ама ко крофна бев отечена повеќе хидрирај се, и одмарај. Сега иде топло, има хормоните да те шекнат. Дознавте ли пол?
Дознавме да, машко е а секогаш си мислев дека првото ќе ми биде женско, ама тоа е, само нека е живо и здраво и да истераме до крај
Јас на втор скрининг имав зголемен отпор во двете артерии, и тоа со помош на чет џпт сфатив, докторката ми рече се е ок. Двата други доплери ( на плацента и нз уште што) ми беа ок. Ме изеде змијата, не примам никаква терапија, испитав ддимери 649 ми беа. Не знам што друго можам да проверам или да превенирам. За 2 недели ќе го прашам баш и матичниот. Првата бременост пиев аспирин секој ден после 2 скрининг поради notch на артерија, сега ништо. Ваљда следат докторите, шо знам веќе..
Да, ваљда знаат што прават, и доколку нема простор за загрижување, не креваат паника.. Мене ми направија и едно испитување, нешто во врска со плодовата вода мислам дека беше, и тоа излезе дека е ок, и ми кажаа само да продолжам со истата терапија, дека нема потреба за аспирин секој ден по 150 мг. А освен ддимерите дали си правела и хемостаза?
Да да, сосе тие времињата. Едно ми беше на долна граница ама сите ми беа во границите. Пак ќе правам за некоја недела па ќе видам што ќе излезе тогаш. Не знам од што друго може тој отпор да се јавува..
Па и мене ми беше чудно, со 2 клексани на ден и со ок ддимери и хемостаза, освен едното време овој пат ми беше на долна граница, а претходниот пат ми беше скратено, и пак го имав тој отпор..
Здраво, на 3 ден доцнење направив тест кој излезе позитивен и betaHcg 975. Закажав преглед но бидејќи немаше веднаш термин, ме копка да прашам тука. Според резултатите би требало да е 5та недела (сега веќе 6та),но јас немам некои изразени симптоми Единствено од време на време ме заболува стомакот како за време на циклус. Дали е тоа нормално?
Нормално е. Нормално е и скоро па цел прв триместар да те боли стомак како за добивање. Нормално е и да немаш никакви симптоми, или подоцна да се појават. Јас до 8ма недела само стомак ме поднаболуваше. Е после тоа почнаа и градите да ме болат, гадење, повраќање итн. Така да уживај си гали меше и чекај терминче да го видиш бебуш
Нормално е, првите недели имаш болки како пред добивање. Јас симптоми скоро и да немав, после 6 недела имав болни гради и гадење до кај 9 недела и после ми ги снема и тие симптоми. Единствено немав воопшто енергија, цело време ми се спиеше, и тоа уште ми трае Со среќа и со лесно
Во кој смисол, негативни чувства или? Јас често се прашувам како некои кажуваат леле тоа ми беа најубавите денови, или ајде со лесно уживај си тоа се највозбудливи моменти. Мене ич не ми е ни убаво ни возбудливо..
Првично дали е добро бебето, дали е живо . Телото се менува , хормонскиве промени ме полудуваат емотивна сум , гладна сум , лута сум . Психички хаос , немав некој изразени симтоми првите три месеци , сега веќе почнува онака мачно да ми е .
Здраво женски. Вчера на 5+5 на вагинално ехо имав сакус 5,1мм без yolk sac. Не е ли тоа многу малку, не треба поголем да е? На контрола сум за 10 дена ќе пукнам од грижа до тогаш.
Секоја бременост е различна, рана бременост е и таман си е . Уживај си во бременоста Толку многу брзо растат што на следна контрола и срценце ќе слушнете
Не се грижи, уште е многу рано. Почекај, што ќе направиш со грижи? Мене па заради ова не ми ни закажуваа преглед пред 7 недела, чекав 3 недели без да знам било што. Ќе летне времето, ќе биде ок.
Фала ви. Знам дека е рано ама обично имам и рана овулација (околу 10ти-11ти ден од циклус) и циклус што трае отприлика 25-26 дена. Знам дека не треба да се споредува ама претходната бременост на 5+3 имав и поголем сакус со жолчно кесе веќе. А по природа сум паничарка и за сѐ нешто мислам Матичниот ми рече рана бременост, рано е да се каже било што.
Затоа и не треба да споредуваш секоја бременост си е приказна за себе. Сите сме паничарки ,кој помалку кој повеќе . Ништо не можеш да направиш ако паничиш, ти останува само да се молиш и да чекаш контрола