Ако е малку светла крв, може да е испукан капилар од нагоните. Мене ми се случуваше периодот кога многу повраќав, на лекар ми кажаа дека е испукан капилар, да не се плашам.
Докторката ми кажа дека е од надразбата, така да, се смирив. Еве да прочита и друга трудница, да не се грижи.
здр девојки , денес 5+4 подуеност левел 100 ,стомакот ми е буквално ко 6-ту месец да сум и на вага ми покажува плус килажа а периодов не ни јадам толку Нормално е да сум ко балонче уште сега
На почеток нормално е подуеност И јас имав така подуен стомак првите недели па после спласна, варираше до трет месец Па после беше порамно па почна да расте како трудничко меше. Само полека и без стресови
и јас бев така ама сега сум 11та и уште сум со голем стомак. И другаркиве ме зезаат да не се две случајно а да не виделе ми викаат и мене и читам дека нормално е надуеност дека ќе се намали ама еве нема абер може за недела две ќе се намали. А исто на вага качив ама си јадам јас повеќе од претходно
Девојки не сум во мк..Пред една недела дознав дека сум бремена но не можам да најдам слободен термин, дури на 30.06. По моја пресметка треба да сум 6-7 недела. Дали е мн касно тогаш или да барам на друго место?
Мислам не е касно, често прв преглед закажуваат баш околу 7/8 недела за да може да се види и срцева акција. Со лесно Во меѓувреме можеш да си земеш пренатални витамини (како фемибион или некои слични). Може веќе и пиеш
Женски во првиот триместар во мк кај матичен гинеколог кога ви зимаат брисеви за што се? Мико, уреоплазма, хламидија и кандида видов дека се. А вака низ европа проверуваат и рубеола,цитомегаловирус, токсоплазма…. Мојата матична не ми спомна ништо за тоа
Крвна слика кога правевте прв пат? Вчера на 6+4 бев на преглед, не ми спомна ништо и заборавив да прашам