Смее Пиев јас еднаш во бременоста Аптекарката ми ги даде тие за деца од Бекутан Прашај си ако мислиш кои ама смее
Здраво, како ги ставате вагиналетите? Дали може да наштетат на плодот ако се стават подлабоко како што пишува во упатството? Прв пат користам и страв ми е
Не верувам дека може да наштети, докторите свесно даваат вагиналети, верувам ќе предупредуваа ако има опасност. Јас користев cyclogest на почетокот од бременоста, и ги ставав најдлабоко што можев, не ни помислив дали може да наштети. Дури мислев и подобро да е повнатре за да се абсорбира повеќе. Тие секако беа и меки како сапунче, дури и во ставање почнуваа да се растопуваат. После ми дадоа 3 вагиналети за лечење на кандида, тие беа цврсти како таблета, со плочеста форма. Во кутијата имаше пластичен додаток за вметнување на вагиналетата и во упатството беше единствено нагласено во бременост тој да не се користи. За ставање отприлика слично ставав, колку што можам повнатре.
До кај можам со прст да бутнам, до таму. Ако ја ставам плитко ми излегува. Нормално лежечки со нозете кренати. Инаку не влегува ич.
Devojki sabajle na brishenje imav malce ko kafenk , sw se mislam od vaginaletki sto stavam da ne se imam povredeno , poshto samo sabajle mi besbe i sega mn malce , pokriena sun so terapija ,inaku sum 8+1 po aplikacija
Здраво, до кога може да се толерира/да се чека при дијагноза празен сакус? Кога најдоцна може да се појави ембрион? Благодарам
Имам светлозелен исцедок, микробиолошките се ок и уринокултурата е ок, што може да е? Не сум сексуално активна
Здраво на сите идни мами Јас денеска после позитивниот тест од пред два дена излегов до приватен гинеколог во местото кај што работам затоа што матичниот сменски работи за да потврдиме. Докторката ми потврди бременост која одговара на 5та недела точно,вагинално ме гледаше сакус има но нема уште развиен ембрион,за две недели контрола. Ми рече да ставам вагиналети, фолна да пијам и фемибион1. Повремено имам грчеви, исцедок бело жолтеникав и како нагон на повраќање наутро. Баш се израдував но сепак е рано и треба да чекам за да видиме дали ќе се формира срценце
Здраво девојки Сега сум 13+1 недела бремена, а уште од 5та недела имам гадење, лошење и повраќам 1-2 пати на ден. Ми кажуваат дека кај повеќето тоа поминува околу 12-13 недела, ама кај мене се уште не стивнува. Дали некоја имала слично искуство и кога ви помина? ❤️
Јас пијам повремено, фармацевтите ми рекоа дека може да пијам, притоа по 1-2 голтки, малку по малку, да не е наеднаш.
Знам колку ти треба утеха, и јас бев иста... мене ми викаа дека негде до 14-15 можело да трае. Се тешев, си броев. Ама мене не ми прекина тогаш, 21 недела и уште повраќам (поретко е сега, еднаш на 2-3 дена). Се надевам кај тебе ќе се смири, знам дека не е ич пријатно... држи се Јас викам како и да е, и до крај да повраќам, ќе се издржи, само да е сè во ред
Со првата бременост цели 9 месеци имав гадење и повраќање бар еднаш во денот. Сега со оваа гадење,повраќање ми помина негде измеѓу 14 и 15та недела.
Здраво на сите Само што излегов од преглед, според последниот циклус 7ма недела денес. Еве го резултатот. Нема сеуште ембрион и срцева акција, сеуште било рано но наодот бил добар. Да продолжам со вагиналетите уште некоја што ми остана па да продолжам со дабростон. Ми рече не му се допаѓало тоа што идам на работа да земам боледување и да останам дома, препорачува цела бременост да не одам. Ме загрижи некако, со првото немав никаков проблем цела бременост патував и работев.
Има време за срценце А што ти кажа, зошто да не работиш? Разбирам сега ради жешково да не се малтретираш, ама зошто така те испаничила, цела бременост да ја тераш така