Од сѐ, најтешко ми паѓа сончањето Океееј феминки, а целосен ли костим носите или дводелен? Мислам, има ли нешто врска? А креми за сончање?
Јас до негде 20та недела носев дводелен ама долниот дел со висок струк. После тоа едноделен, ама тоа јас пошто не ми е убаво да ми се гледа стомакот. Иако е се тоа во ред и нормално, не се осекам удобно ако ми е цел стомак гол. За креми користам со 50ка фактор оние за бебиња што се за од 0+
Зависи што ти е полесно. Дводелен ако носиш ќе можеш долниот дел полесно да го менуваш. А за крема за сончање јас би ти препорачала крема исклучиво со физички филтри. Знам дека некои гинеколози велат дека е во ред да користиш и крема со хемиски филтри, ама повеќето ќе ти кажат дека со физички филтри е побезбедно а и јас сепак сум за посигурната варијанта. Причината зошто го зборувам ова е затоа што физичките филтри ги блокираат УВ зраците а хемиските ги апсорбираат. Плус што имаат штетни состојки кои исто така се апсорбираат во телото и преку тоа може да стигнат до плодот. Уште една причина зошто да ги избегнуваш е поради тоа што си во првото тромесечие кое воедно е и клучно за развој на сите витални органи кај плодот. Инаку малку е потешко да се најде таква крема бидејќи сите комерцијални што ги знаеме (Carroten, Nivea, Garnier, Black-Up итн. се со хемиски филтри и лош состав) и малку потешко се размачкува по телото т.е остава бели траги, ама ќе се справиш со тоа. Јас ја купував на Алверде од ДМ.
Јас имав дводелен и баш со мерак си го шетав стомакот на плажа искрено. Имав коментари од мајка ми и после од баба му на маж ми, као зашто не сум земала целосен, на бабата не и реков ништо, мајка ми баш ја прашав "а зошто, срамота со стомак па да го кријам?". Така да како си се чувствуваш ти најубаво, таков земи си. Крема за сончање 50, не мораш да седиш премногу на сонце. Си бев под сенка јас. Море смееш, езеро и базени не.
Здраво девојки, бремена сум 4 недели и 3 дена немам некои симптоми освен потечени гради кои еднаш ме болат повеќе еднаш помалку, малку грчеви во стомакот, но денес имам како остри болки кои траат неколку секунди во анус како да ме прободува нешто, дали е тоа нормално или не?
Да, нормално е во бременост, така како штрекање наеднаш ќе дојде, баш во анус, ги имав и јас, ама не е често пр. 2-3 во ден.
Луѓе помагајте значи умирам од повраќање Не антиметил, крекери, бисквити значи ништо не помага. Само што ќе отворам очи директ на повраќање, да е само од сабајле ајде ама по цел ден со недели, не се издржува веќе на раб на лудило сум
Јас не знам друго чаре сем ова. Плазма кекси земаш? Ако ништо не помага, чак ни антиметил....знај дека ќе престане за некое време.
Исцрпувачки е малце и колку и да не ти звучи утешително во моментов, поминува. Пробај со мастика, советот ми е од другарка на која и помогнало тоа.
И мене ништо не ми помагаше до 17та недела и влегов во 5ти и ми исчезна се.. многу е измачувачки тој период кој имал симптоми знае
Зависи. Кај секој различно. Јас со првата бременост повраќав до 9ти месец. Не како во првоте 13/4 недели ама по еднаш на ден си дремев над шоља до 9ти. Е оваа бременост ми поминаа мачнини и повраќање негде измеѓу 14 и 15та недела
Девојки а дали е нормално градите еден ден да се многу потечени и да болат следниот помалку па пак повеќе и така секој ден различно?
Здраво девојки. Од утре сум 9та недела, дали е нормално од време на време да имам болка во јајници? Исто сега последните денови во спиење осеќам некогаш како "тргање" долу во пределот на матката, како притисок. Се надевам нормално е. Претходниот понеделник бев на ехо, се беше ок. Ама преплашена сум и буквално паничам за се..
Нормално е. Јас сум 9+3 и исто така осеќам болка во јајниците и во пределот околу папокот, почесто се случува ноќе на спиење и ми е мака, се будам по 100 пати, спијам со мало перниче да ми биде допрено на стомакот. По 100 пати ми се мокри и како да не се испразнувам целосно, ми се гади од скоро све, особено водата никаков вкус ми има, се уморувам брзо, вртоглавици....
Исто, 4 пати обавезно станувам за во вц и буквално од 5 голтки вода ми се оди. Гадење имав до пред 1 недела, сега немам ич . Од симптоми само мокрење и сега болка одвреме навреме, фала му на бога. А паничев/ам и за тоа, дали е нормално да ги немам... Ваљда ќе се "навикнеме", или ќе паничиме цела бременост за нешто
Мене ми е втора бременост после 6 години. Тогаш немав мачнини со храна и вода а сега се е контра од тогаш. Нема правила за ништо, останува да се навикнеме и да биде се во ред тоа е најбитно другото се издржува