Дали ви се сличило да нрмате воопшто апетит во првиот трместар? Немам желба за никаква храна, појадувам на утро и потоа одвај ставам нешто во уста. Мисла ми дали може да влијае на плодот нешто . Инаку витамините си ги пијам редовно. И да 8ма недела сум
Јас црева истурав, на инфузии завршив, ништо во уста не можев да ставам до 13та недела, после одвај по малку нешто каснував до 20та. Ништо нема да му биде на бебето, си се храни тоа.
Ти благодарам, навистина ме загрижуваше оваа. Се трудам барем појадокот да биде здраво нешто и хранливо, зошто потоа ми се губи апетитот. И сите имаат мачнини најчесто наутро, кај мене тоа се случува навечер. wasntme:
Кај мене беше 24/7, јас не ни спиев од што ми се гадеше, сите ми викаат им се спиело, јас зомби од што не спиев од гадење.
Луѓенца, ај помагајте. Вчера дознав дека сум бремена. Имам мака со желудникот, имам воспаление. Ја имав испиено терапијата пред да останам трудна, ама сеа мислам дека подуеноста во желудникот уште повеќе ми е застапена. Искуство и помош ако може?
Zdravo devojki. Bremena sum so ivf 6ta nedela, deneska bevme da slusneme srceva akcija ama nemase. Go vidovme embrionot doktorot rece deka super e razvien za taa nedela. Mi zakaza pak eho za 6 dena. Dali nekoj imal vakvo iskustvo? I dali mislite deka rano mi e zakazano eho?
Не се грижи, и кај мене не се слушна во 6та тек во 8ма недела. По природен пат забременив, но чим си расте супер не се секирај.
Здраво девојки, пред неколку дена имав позитвен тест правев два пати бета беше супер, вчера се осетив настинато, денес катастрофа, кивам, затната скроз, грло и мускули ме болат. Дали е подобро да се напијам парацетамол и да направам инхалација со физиолошки или да стиснам заби и да не зимам ништо 4+0 сум денес
Дали на 5+6 недела е нормално да се види само празна кеса? Имав кафеав исцедок, без болки, но бев на итна и докторката кажа рано е за било што акутно, но се гледа само кеса без ембрион. Загрижена сум..
10 недела и 4 дена ба ехо матичната ми кажа дека бебето има омфалоцела ми закажа преглед за 2 недели…. Преплашена сум не знам што да правам
Закажи и за 2 недели уште еден скрининг ако си во скопје ремедика или систина кај некој од попознатите доктори за скрининг. А за пренатален ти кажа нешто?
Утре сум кај неа на преглед не ми кажа ништо за пренатален … доколку не е во ред предложете подобар доктор во Систина, Ремедика…
Може не те разбрав ја добро, утре си кај матичната? Дека викаш за 2недели си кај матичната на преглед. 12нед тогаш се прави и првиот скрининг. Инаку Ремедика др Котларова Симонида ама како ќе најдеш термини не знам. За систина пребарај во тема скрининг
Најпаметно е веднаш да се јавиш Систина или Ремедика (Димчев или Котларова кај кој најдеш побрзо термин, објасни им дека ти е итно и дека се работи за можна аномалија) и обавезно хорион биопсија да направиш, да не чекаш пренатален. Хорион биопсија во Систина имаш резултати за ден-два. Скроз те разбирам истото ми се случи пред 6 години. Јас правев пренатален и изгубив 1 недела џабе.
Важно е дали имало жолчно кесе, во таа недела некогаш и за ембрион е рано. Жолчното ќесе веќе треба да е видливо
Здраво на сите, се надевам дека некоја од вас ќе може да ми помогне...Јас сум 9+2 и имав хематом околу 2,5цм, кој пред една недела исчезна. 2 недели имав црна крв што беше од празнење на хематомот. Но од пред два дена имам силни болки во јајниците (докторот кажува дека се контракции на матката) и имам црвено крварење веќе 2 дена. Пијам Дабростон и овие 3 дена ќе се боцкам со пролутекс. Бебето е добро но болките и крварењето не прекинува. Лежам цело време не станувам воопшто......Не знаат од што крварам бидејќи хематомот го нема веќе ниту пак има некој нов, ништо нема на ехо...Дали можеби некоја од вас имала слична ситуација а на крајот се да биде добро?
Остатоци од хематомот се најверојатно. Претпоставувам иако црвено не се работи за крварење количински како циклус. Хематомот може и да не се фати на ехо, може за кратко време да се создаде нов и потребно му е повеќе време да се издренира. Само мирување, прогестерон и добра мисла. Примаш ли клексани? Имаш испитувано мутации?
Ми ги прекинаа клексаните заради крварење уште кога ми го видоа хематомот претходно....оваа недела требаше да испитувам мутации ама сега не смеам да станувам од кревет. Крварењето не е пре обилно ама константно тече по малку, 2 влошки дневно...