Здраво девојки, од денес сум 11та недела ама имам некое чудно чуство во стомакот па незнам дали е нормално, Веќе 5,6 пати ми се јавува како удари или силно срцебиење, нема болка и не е во истото место, трае неколку секунди.
Сакам нешто да прашам. Бев на преглед 4недела докторката ме очекуваше ништо да виде,дека е рано но убаво се гледаше плод,и рече дека е поголемо од неделите. Но до него имаше уште едно,се посомнева дека се две,после рече хематом е. Дали треба да крварам ако е хематом или пак можеби сепак се две. За две недели сум на контрола.
Здраво девојки, дали кај некоја се јавила болка во пределот на слабината која се протега до стомакот и што правела во таков случај? 11+2 сум моментално бев на доктор бебуш супер разигран, но болката си стои.
јас имав таква болка (слабина,стомак, и доле кај јајниците како да ми се растегаше нешто) на ехо беше се во ред, наоравив брисеви и ми искочи бактерија. Може немаш ништо но сепак направи си брисеви
Брисеви ќе правам за една недела, моментално чекам резултати од уринокултура, според крвната слика можно е да имам некоја уринарна инфекција.
Здраво, Бремена сјм 5+5. Моментално освен грчеви во долниот дел од стомакот како пред циклус, подуваност и замор други симптоми немам како на пример зголемено чувство на мирис или лошење/ повраќање. Имам закажано преглед следна недела. Ме убива страв дали е сѐ како што треба. Бета се дуплира проверено. Дали мислите во ред е и дека понатаму ќе имам повеќе симптоми или таков организам имам. Фала
Се е во ред не се оптоварувај. Јас имав најлесна бременост без ниедна мачнина, болка освен во 7 месец во половина, никогаш не повратив. Секоја бременост е различна. Уживај и добра мисла
Честитки пред се Може понатаму да се зголемат симптомите на бременост обично почнуваат поинтензивно од 7 или 8 недела па траат најчесто до 13 или 14. Но може и да си среќлија па да немаш никакви мачнини цела бременост.Најбитно во оваа фаза е бетата да се дуплира правилно. Со лесно
Здраво девојки. На 6.1 правев hcg и беше 95908. На 8.1 беше 111576. Трудна сум 6+3. Знам дека после 6та недела успорува дуплирањето но дали е добро вака?
Здраво женски, јас сум 7+5 и овие неколку денаа малце повеќе ме боли стомакот од претходно, не знам далии дека ми достудии па сум преладена нешто илии има некој проблем.. Шо мислите вие??
Здраво женски, денес влегувам во седма недела иако според последен циклус треба да сум 8ма но бебко се мери 1 недела уназад. Срце видовме и на 6+5 бевме 7мм абдоминално гледано. Симпоми немам, буквално најнормално се чуствувам малце успаничено дека е една недела уназад. да напоменам дека сите прегледи ми се приватни поради тоа што неможам да најдам термин кај матичната…дали некој имал ваква ситуација со 1 недела уназад ?
Ехее јас со цели три недели на прв преглед, бидејќи овулацијата ми беше покасно, немам редовни циклуси. Ако од преглед до преглед плодот си расте најнормално нема зошто да се грижиш, докторот не треба да ти брои од последна менструација туку според големината на плодот
И јас сум цели 3 недели и повеќе разлика со датумот од циклус. Ама сум со потполно нередовни циклуси и пцос. Се додека плодот правилно се развива и расте од преглед на преглед не се грижи.